Дупка на Месечината погодна за колонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите, кога светска сила прва ќе изгради база на Месечината?

  • САД

    Гласови: 39 33,3%
  • Русија

    Гласови: 49 41,9%
  • Кина

    Гласови: 26 22,2%
  • Индија

    Гласови: 3 2,6%

  • Вкупно гласачи
    117
Малку ми е смешно, ама во изборн ја има и Индија?!

Индијците пред скоро време пратија сонда на месечината, планираат и човек да пратат во орбита, не се за фрлање али не се ни за први.
 
Индијците пред скоро време пратија сонда на месечината, планираат и човек да пратат во орбита, не се за фрлање али не се ни за први.

Озбилно прв пат слушам за ова. :toe: Ја се си мислев уште живеат со глувци :vozbud:
а за кинезите.... страшни се.... 2020 беше мислам ќе биди готов градот на месечината изграден од кинезиве
 
Озбилно прв пат слушам за ова. :toe: Ја се си мислев уште живеат со глувци :vozbud:
а за кинезите.... страшни се.... 2020 беше мислам ќе биди готов градот на месечината изграден од кинезиве

Индијците ко глувци?
индијците ќе претркаат се со технологија ...
има запоставени и сиромашни предели да ... но технолошки не се за потценување .... интернетов е преплавен од индиски програмери ... ама ич не се за потценување ...
 
еј. немој да ме тепаш. не реков ништо. само не бев запознаен со фактот дека Индија толку многу напреднала. А и редно беше. Една шесттина од светот се...
 
Индијците пред скоро време пратија сонда на месечината, планираат и човек да пратат во орбита, не се за фрлање али не се ни за први.
И што ако пратиле сонда. Човек планираат да пратат дури после 2015, а за подалеку не ни размислуваат. Не се во игра...
 
Индија за брзо време технолошки напредна многу, не е ништо смешно.

Сепак неможи да се мери со Русија, Кина и Америка. Тие веќе имаат испратено луѓе на месечината, а Индија има во план да испрати човек во вселената.... едноставно не е веројатно дека можат да ги стасаат
 
Јас би рекол не може да се мери со Русија и САД, а со Кина се тука некаде, на исто ниво....
 
Жал ми е што ова ќе го кажам но и тоа ќе се уништи ќе стане пренаселено и човекот ќе го загади тоа место и пак ќе бараме друга алтернатива...додека не се смениме ни нема спас...
 
Жал ми е што ова ќе го кажам но и тоа ќе се уништи ќе стане пренаселено и човекот ќе го загади тоа место и пак ќе бараме друга алтернатива...додека не се смениме ни нема спас...

Хех, да, каде што ќе појди човекот остава пустош...ама друго ќе биде тогаш, научни станици, напредна технологија...
 
Полесни се, посилни и им требаат помалку ресурси за одржување па би можеле да патуваат во далеку помали летала лансирани во постојните ракети.
nasa-455_0.jpg

Проектот М до вчера беше тајна на вселенскиот центар Џонсон во Хјустон. Очигледно е дека е пуштен да „излезе“ во јавност како џокер во ракавот на НАСА откако беше објавено намалување на буџетот за програмот Констелејшан со кој Американците би се вратиле на Месечината. М е ознака за Месечината, но и римската бројка 1.000 што зборува за амбициите програмот да се реализира во наредните илјада дена.
Наместо астронаути, на Месечината би се спуштиле робонаути, хуманоидни роботи кои се полесни и посилни од луѓето. Планот е секое нивно движење да биде контролирано од Земјата, но поради оддалеченоста на Месечината радиосигналот во секој правец доцни по отприлика 2,7 секунди па робонаутите за одредени одлуки мора да располагаат и со малку вештачка интелигенција, колку да се заштитат самите себеси доколку наидат на некоја неочекувана опасност.
НАСА заедно со Џенерал Моторс веќе успешно го разви роботското торзо во програмите Робонаут 1 и 2, а останува само да се развијат нозете и системот за одржување рамнотежа, нешто за што е можно помош да биде побарана од Јапонија и Кореја.
Освен што се полесни и посилни од нас, робонаутите не мора да носат храна, пијалаци и кислород на Месечината, а вселенските бродови не би морало да бидат заштитени од студ, топлина и зрачење - како што би бил случајот доколку екипажот има пулс.

Мое мислење е дека луѓето треба да бидат тие што ќе истражуваат, патуваат, откриваат...
 
До делот со патувањето имаме уште време, можеби кога ќе се открие арката на деда Ное, дотогаш не, али ќе биде и тоа.Дотогаш мислам дека ова и не им е баш лоша идеја, но сепак мислам дека ќе мора да имаат луѓе на Месечината, колку и да е овој робот добар сепак мислам дека не сме стигнати до тоа ниво со технологијата да можеме да развиваме роботи кои ќе функционираат сами и тоа во средина како што е Месечината на пример.

.....но поради оддалеченоста на Месечината радиосигналот во секој правец доцни по отприлика 2,7 секунди па робонаутите за одредени одлуки мора да располагаат и со малку вештачка интелигенција, колку да се заштитат самите себеси доколку наидат на некоја неочекувана опасност.....

Како на пример, некоја активност на Сонцето која ќе испрати соларни ветрови накај Земјата?!Е да.......А и времето е важно, секоја секунда е важна кога си во таква средина, без атмосфера буквално без никаква заштита, да се разбереме и конзервиве се ранливи на сонцето.Затоа мислам дека ќе има луѓе на Месечината, луѓе кои ќе ги контролираат роботите од таму и ќе ги насочуваат што да прават и како да го прават тоа...
 
До делот со патувањето имаме уште време, можеби кога ќе се открие арката на деда Ное, дотогаш не, али ќе биде и тоа.Дотогаш мислам дека ова и не им е баш лоша идеја, но сепак мислам дека ќе мора да имаат луѓе на Месечината, колку и да е овој робот добар сепак мислам дека не сме стигнати до тоа ниво со технологијата да можеме да развиваме роботи кои ќе функционираат сами и тоа во средина како што е Месечината на пример.

Како на пример, некоја активност на Сонцето која ќе испрати соларни ветрови накај Земјата?!Е да.......А и времето е важно, секоја секунда е важна кога си во таква средина, без атмосфера буквално без никаква заштита, да се разбереме и конзервиве се ранливи на сонцето.Затоа мислам дека ќе има луѓе на Месечината, луѓе кои ќе ги контролираат роботите од таму и ќе ги насочуваат што да прават и како да го прават тоа...
Точно, барем засега роботската технологија е далеку од тоа што може да го прави човекот.
А и каде е убавината тука ако роботи место луѓе одат да истражуваат?!
 
Индија на Марс до 2030 година

Индиската вселенска агенција (ИСРО) најавува праќање на својата прва мисија со луѓе на Месечината во 2016 година. Двајца астронаути веќе се подготвуваат за големиот зафат, а во изградба е и модул кој би ги однел астронаутите до најблискиот сателит на Земјата. По лошиот почеток на првата индиска вселенска мисија на Месечината, „Чандрајан-1“, кој мораше да се повлече поради проблеми со комуникацискиот систем, втората мисија се подготвува за првата половина на 2013 година кога модулот „Чандрајан-2“ ќе летне во нова мисија на Месечината. Иако „Чандрајан-1“ беше повлечен, индиските научници неговата мисија ја сметаат за успешна бидејќи до повлекувањето завршил 95 проценти од предвидените задачи. Но, Индија не застанува тука. Претседателот на ИСРО, К. Радакришнан, најавува уште поамбициозна мисија на Марс, која ја планира до 2030 година. Индија ќе се придружи на уште некои земји, посебно на САД, чијашто мисија на Марс, барем на хартија и со идеи, веќе почна. Задоволна од досегашниот развој на настаните, Индиската вселенска агенција подготвува уште една фаза од својата вселенска програма, а тоа е истражување на нашиот внатрешен Сончев Систем и испитување на можностите што ќе и отворат врата во подлабоката вселена и нејзините сончеви системи. Истражувањето на подлабоката вселена ќе продолжи со „Чандрајан-2“ во состав на веќе постојната соработка со другите земји, во рамките на парламентарниот комитет „Меѓународна соработка во мирно користење на подлабоката вселена“. Да потсетиме, индискиот прв вселенски брод „Чандрајан-1“ имаше задача да го истражува најблискиот сателит на Земјата, користејќи 11 научни инструменти произведени во Индија и во пет други земји. Таа мисија, покрај некои проблеми, постигна полн погодок. Со подготовката за изработката на тридимензионалниот атлас на Месечината, поточно на нејзината површина, хемискиот состав и минерологијата Индија заедно со партнерите имаа намера сериозно да тргнат и во понатамошни истражувања на површината на Месечината. Сондата, исто така, забележала распространетост на хемиски елементи, посебно минералите кои содржат хелиум-3, кој е можен извор за енергија за идните бази на Месечината. Пред неколку години, кога Индиската вселенска агенција објави план за праќање на роботизиран вселенски брод, многу експерти беа скептични во врска со тоа дали Индија воопшто може да тргне на пат кон вселената, со оглед на домашните проблеми со пренаселеноста и големата сиромаштија. Денес, состојбата е целосно поинаква. Вселенскиот брод „Чандрајан-1“ беше успешно конструиран во соработка со Русија, Европа и со САД. Досега успешни месечеви мисии имаа Русија, САД, Европа, Јапонија и Кина. Круна на успехот на Индија се индиската наука и резултатот на големите индиски инвестиции во науката, образованието и развојот на новите технологии во изминатите 20 години. Индиската вселенска програма, всушност, почна во 1974 година кога Индија за првпат детонира нуклеарен уред. САД и Европа и наметнаа санкции за да го спречат нејзиниот пристап до технологиите кои би и помогнале во производство на нуклеарни проектили. Тоа ја спречи Индија во развојот на ракетната програма, па ја принуди агенцијата ИСРО сама да изуми технологии кои веќе не можеше да ги купува. Во долгорочна смисла тоа на Индија и даде предност во напорите за приближување кон вселената во однос на другите земји. Нејзината вселенска програма веќе е подготвена и целта е наскоро да стане целосно независна од странска помош и веќе да носи приходи, тврдат нејзините експерти. На пример, ИСРО продава инфрацрвени фотографии од своите сателити на другите земји, вклучувајќи ги и САД, кои ги користат за изработка на мапи.

Вселенски систем за одбрана

Индија најави производство на систем на одбрана против можни напади од вселената. Системот би бил сличен на НОРАД, систем кој го користат САД и Канада, а кој открива и може да уништи објекти во вселената кои се произведени од човекот. Системот ќе биде наменет за заштита на животите на граѓаните и нивните интереси.
Индијците имаат намера да ја искористат вселената, а за тоа им треба технологија. Тие веќе почнаа да тренираат луѓе кои ќе го водат системот за одбрана од проектили од вселената.

Главен играч во вселенската трка

Индија така ќе стане еден од главните, ако не и главен, играчи на големиот вселенски пазар, вреден неколку милијарди долари. Во октомври минатата година Индијците лансираа седум сателити во единствената мисија до Месечината откако нивниот главен „играч“, „Чандрајан“, не се покажа успешен и неговите понатамошни мисии до Месечината не се остварија.
Мисијата ќе чини околу 124 милијарди рупии, што е околу две милијарди и 700.000 американски долари. Агенцијата има свој комплетно опремен полигон за вселенско вежбање во Бангалор, каде што астронаутите ќе тренираат за својот прв лет до Месечината.

Извор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom