Дупка на Месечината погодна за колонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите, кога светска сила прва ќе изгради база на Месечината?

  • САД

    Гласови: 39 33,3%
  • Русија

    Гласови: 49 41,9%
  • Кина

    Гласови: 26 22,2%
  • Индија

    Гласови: 3 2,6%

  • Вкупно гласачи
    117
Криво ми е што покасно се вклучив во овие теми (немав време)...ги прочитав и постовите од почетокот на темава и мора да се каже дека имаше и некои малце чудни да не кажам смешни работи. Ќе се носеле 300 работници за да градат база ? :toe: Незнам дали сите кога се мисли за вселенска база подразбираат некоја база како Бондстил или слично ?:)

Тоа ќе оди чекор по чекор да не кажам со по 2-3 астронаути па како ќе напредува градбата ќе се зголемува бројот. Храна и останата опрема ќе се донесе со летала без екипаж. За градба во голема мера ќе се користиат роботи и секакви автоматизирани средства за да се намали потребата од луѓе а секако и од безбедносен аспект. Мислам дека дури и првите основи за базата ќе бидат поставени со роботи кои ќе бидат мисија претходница на првиот екипаж. Базат во брзо време ќе биде способна да произведува храна колку за екипажот. Таква технологија уште сега е предмет на истражувања бидејќи доколку сакаме да одиме на Марс тоа ќе ни биде потребно. Се ќе оди чекор по чекор. Незнам за другите ама за мене и 10 астронаути во неколку објекти на Месечината можат да се наречат база.
Да, точно, ќе почнат со по 2-3 астронаути, нешто како и МВС.
Примарна цел најверојатно ќе им биде обезбедување на живеалиште и заштита од тамошните сурови услови за астронаутите, а за тоа може да послужат модулите со кои дошле, или со модули кои ќе ги закопаат под површината на Месечината или да ги покријаат со земја, како еден од најефтините начини за заштита од радијацијата и метеорите.
Потоа полека ќе преминат на зголемување на капацитетите, па градење научни станици, сончеви панели, телескопи, па потоа можеби писти, а и мини населби. Секако за ова второво ќе треба повеќе време.
 
Е сега прашање е со кој лансирни ракети ќе се оди дали со Ares за кој што има шпекулации дека и можеби ќе се откаже проектот, а како концепт во развој кој што би ги заменил Ares се Falkon. Се ова се однесува за НАСА. Што се однесува за Русите мислам дека најверојатно може да биде со Angara A5 или со Rus 1. Но најверојатно русите би изглегле со некој нов концепт бидејќи во овој однос Американските проекти се понапредни. Кој знае можеби Русите ќе направат модерни N1 ракети се надевам со посреќна судбина од тие на времето. :)

Оф топик: Мислам дека би било добро доколку би имало некој подфорум каде што ќе се дискутира за моментални проекти, мисии, теоретски концепти и слично поврзано со вселената.
 
Русија заедно со ЕВА (ESA), развиваат ново вселенско летало кое би го заменило Сојуз.
Додека Русите и сами развиваат нови поефтини, поекономични и подобри ракети, кои ќе носат астронаути до МВС, Месечината...
Со денешните буџети неопходна е соработка меѓу вселенските агенции.

Сепак иднината (блиска) на вселенското патување се scramjet моторите, кои ќе обезбедат огромна заштита на гориво, а со тоа летовите ќе бидат многу поефтини.

ПС, има тема Астрономија во подфорум Мистерии. :)
 
Астрономија во Мистерии....хм се мислам дека тука е поприкладно :) Русите го имаат Сојуз ама немаат ракета доволно моќна за да испрати екипаж на месечината. Дури и во трката со САД, Русите имаа четири неуспешни лансирања на N1. Значи тука како да заостануваат во однос на ракети/носачи/ Сојуз е модул или вселеснко летало.
 
Ах што немам време... ;)

Русите ќе успееа со Н1.... но немаа финансии. Имаа, но не одделуваше доволно полит-бирото за вселенските програми.... па мораа да работат со тоа што го имаат.

ПС, Ај, да се префрлиме во Астрономија, гледам овде почнуваме оф топик... :)
 
Да немаа пари ама како и да е неуспеаа и од кога веќе Америте успеаа не им беше од интерес. Може и тие 5 годишни планови имаа лошо влијание. Како и да е моментално само Америте колку што знам развиваат доволно носиви ракети можеби и русите ама нема ништо објавено на светло. :)

Може цела посебна тема за ова :)
 
Несомнено ако Русите слетаа на Месечината веднаш по Американците вселенската трка ќе продолжеше и историјата ќе имаше поинаков тек.

А ракети моментално развиваат и Русите и Американците. Помоќни, поефтини, побезбедни. И тоа сите со можност да лет до Месечината, па и до Марс.

ПС, пишува во Астрономија за ова... :)
 
Месечината, идеанло место за изградба на база и колонија на астрономите за нивно понатамшно набљудување
 
Русија по 2015 година планира да изгради база за слетување на автоматски вселенски бродови на Месечината, изјави денеска генералниот конструктор на научно-производствениот институт „Лавочкин“, Виктор Хартов.
Рускиот проект „Луна Ресурс/2“ предвидува да се формира унифицирана платформа за слетување, вселенско возило со голем радиус на активности, ракетен носач кој ќе слета на Месечината и средства за испорака на месечева почва на Земјата. За подобро слетување, предвидено е тоа да се изведува со помош на уред за наведување кој ќе се наоѓа на Месечината, изјави Хартов.
Проектот ја претставува третата фаза од вселенската програма на Русија и ќе опфаќа две експедиции. Првата ќе го испорача на Месечината тешкото истражувачко вселенско возило, а со втората ќе пристигне ракетниот носач со кој ќе бидат испратени на Земјата примероци од месечевата почва.
Русија ќе започне со своето „враќање“ на Месечината уште во 2013 година кога се очекува кон природниот сателит на Земјата да биде лансиран апаратот „Луна-Глоб“. За време на првата фаза ќе бидат направени истражувања на Месечината од орбитата и експерименти на најзината површина.
Втората фаза предвидува спроведување на руско-индискиот проект „Луна-Ресурс/1“, кој во Индија се нарекува „Чандрајан-2“. Индија ќе развие вселенски апарат и мини вселенско возило, ќе обезбеди и ракета носач за лансирање на вселенскиот брод, а Русија ќе конструира модул кој ќе слета на Месечината заедно со индиското вселенско возило и останатата научна опрема, нагласи рускиот конструктор.

Извор
 
ПС, има тема Астрономија во подфорум Мистерии. :)

А мислам треба тука да биде.

Патем Русите нема да ја градат сами базата ќе Има амери јапонци французи....и истата ќе служи како станица каде бродојте ќе можат да се дополнат гориво ил кислород.
 
Шо се мачат Русите , нек се јават во Америка, Американците имаат праќано куп астронаути, испитано, истражено исликано.... ако ги интересира ќе има кажат Америте се... Месечината не е во мода уше од средина на 70десетите.... исто како и Boni M
 
Прва станица е скајлаб америчка и таа го мапираше сонцето...али неквалитетно бе-не траеше.

МИР беше она вистинското и Америте се молеа да пуштат некој космонаут внатре!
 
А мислам треба тука да биде.

Патем Русите нема да ја градат сами базата ќе Има амери јапонци французи....и истата ќе служи како станица каде бродојте ќе можат да се дополнат гориво ил кислород.

А бе треба ама не е...

Инаку, денес сите мора да соработуваат ако сакаат помали трошоци...
Ама пак, за база на Месечината би оделе сами... придобивките за таа земја би биле огромни.

--- надополнето ---

Шо се мачат Русите , нек се јават во Америка, Американците имаат праќано куп астронаути, испитано, истражено исликано.... ако ги интересира ќе има кажат Америте се... Месечината не е во мода уше од средина на 70десетите.... исто како и Boni M
Е па тогаш зошто и Американците сакаат да се вратат таму?

НАСА го обелодени планот за населување на Марс

Научната фантастика наскоро би можела да стане реалност – луѓе би можеле да бидат испратени на Марс, “со билет во еден правец“, според амбициозниот план кој го подготвува американската вселенска агенција НАСА, со цел трајна колонизација на други планети, пишува денеска “Телеграф“, пренесува Нетпрес.

Официјални лица од НАСА потврдиле дека во тек се тестирања за да се утврди дали космонаутите би можеле да бидат трајно испратени на црвената планета, или пка на нејзините месечини, каде би основале човечки колонии. Мисијата вредна повеќе милијарди фунти, наречена “Стогодишен вселенски брод“, е иницијатива на еден од главните истражувачки центри на НАСА-“Ејмс“, базиран во Мофет филд во Калифорнија. Агенцијата за напредни одбрамбени истражувачки проекти (ДАРПА) во Пентагон, исто така е вмешана во овој проект за колонизација. Портпаролот на ДАРПА изјавил дека на половината на 2011 година ќе бидат изнесени многу повеќе детали за мисијата. Првичните проценки покажале дека оваа мисија, која всушност само што почнала, ќе чини повеќе од седум милијарди фунти, а целта би можела да биде постигната во 2030 година. Научниците од владите добиле 600.000 фунти, вклучувајќи и 100.000 фунти од НАСА, да почнат со истражување на идејата, наведуваат американските медиуми. Пит Ворден, директор на “Ејмс“, ги потврдил плановите на НАСА на конференција во Сан Франциско.

mars1.jpg

“Човечката вселенска програма сега е навистина насочена кон населување на други светови. Во рок од неколку години ќе го видиме првиот прав прототип на вселенски брод, кој ќе не превезува меѓу световите“, рекол Ворден.

За едно такво всвеленско патување на доброволците ќе им бидат потребни околу девет месеци за да тргнат на мисија, од која никогаш нема да се вратат на Земјата. Ова е така бидејќи трошоците за враќање на космонаутите на матичната планета би го направиле проектот неверојатно скап. Ворден признава дека всушност во стварност не знае како мисијата би се одвивала.

“Како се живее на друг свет? Немам поим“, рекол тој.

“Ако сте конзервативни, ќе се грижите дали тоа ќе не убие, ако сте либерални, ќе се грижите дали ќе го убиеме тоа. Мислам дека работите како синтетичката биологија, имаат потенцијал за такво нешто. Подобро е отколку да правиме на МАрс околина според онаа на Земјата, бидејќи не би можеле да го модификуваме животот, вклучувајќи го и човечкиот ген, за да биде подобро прилагоден на Марс?“, прашал Ворден во својот говор.

Милијардерите да ја помогнат мисијата на Марс

Од светски милијардери, меѓу кои е и Лари Пејџ, еден од основачите на “Гугл“, побарано е да помогнат во финансирање на проектот.

“Слушнавте. Се надеваме дека ќе придобиеме некои од милијардерите да основаат фонд за Стогодишниот вселенски брод“, рекол Ворден.

Тој потенцирал дека Пејџ е мноу заинтересиран за проектотт.

“Лари ме праша пред две недели, колку би чинело да се испратат луѓе во еден правец на Марс, а јас му реко околу 10 милијарди долари. Тој праша “Може ли тоа да биде сторени за една или две милијарди долари?“, раскажал Ворден.

Извор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom