Дупка на Месечината погодна за колонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите, кога светска сила прва ќе изгради база на Месечината?

  • САД

    Гласови: 39 33,3%
  • Русија

    Гласови: 49 41,9%
  • Кина

    Гласови: 26 22,2%
  • Индија

    Гласови: 3 2,6%

  • Вкупно гласачи
    117

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.544
Поени од реакции
5.220
Месечината, можеби, не е издупчена како швајцарско сирење, но астрономите открија дека на неа има барем една длабнатина што може да служи како идеална локација за изградба на лунарна база за астронаутите што во иднина ќе престојуваат таму. Неодамна научниците открија вертикална дупка на Месечината, која може да послужи токму за таа намена бидејќи ја обезбедува потребната заштита од радијација и од удари на метеори неопходна за подолг престој.
Длабоката јама, која се наоѓа на лицето на Месечината што е свртено кон Земјата, зафаќа површина колку еден градски блок, а во длабочина навлегува колку височината на еден просечен облакодер. Се верува дека таа настанала пред неколку милијарди години, кога Месечината била потопла и вулкански активна. Самата Месечина е стара повеќе од четири милијарди години.
Најважното кај вертикалната новооткриена дупка е што со тенок слој од лава е заштитена од суровите температурни услови на Месечината и од удари од метеори.
- Лунарните „цевки од лавина“ се потенцијално многу важна локација за месечева база, која би била подигната во иднината, без разлика дали станува збор за база од која ќе се врши локално истражување или која ќе служи како појдовна точка за истражни мисии насочени кон други тела во нашиот Сончев систем - објасни меѓународниот тим што работи на проектот за подигнување база на Месечината.
Научниците истакнаа и дека една таква длабнатина ќе ги штити астронаутите од штетната ултравиолетова радијација и од енергетски честички што удираат на површината од Месечината.
На Месечината и претходно биле откриени длабнатини од лавина, но новата дупка, која засега е единствената што е посочена како евентуална локација за лунарна база, се истакнува со заштитниот „штит“ од лава, но и поради тоа што се чини дека е доволно цврста за да не колабира.
Дупките од лавина постојат и на Земјата, а беа пронајдени и на Марс. Се смета дека цилиндричните вертикални јами се формирале при течењето врела лава, при вулкански ерупции, сеизмичка активност или при уривање на почвата - како резултат од удари на метеори.

Откритие со помош на фотографии

За откривање на новата длабнатина од лавина, која претставува одлична локација за подигнување лунарна база, научниците ги користеа фотографиите со висока резолуција од јапонското лунарно летало во орбитата „Селена“. Наодите беа објавени во ноември минатата година, но, дефинитивно, го привлекоа вниманието на јавноста кон крајот од минатата година.

Безбеден престој?


Неодамнешното откривање на вода во течна и во замрзната состојба на Месечината ги подгореа надежите дека астронаутите ќе се вратат на тоа небеско тело и дека ќе може да престојуваат и подолг период. Се размислува и за етаблирање лунарни колонии. Меѓутоа, најголемата пречка во тој план претставува соодветно засолниште што ќе ги штити колонистите од радијацијата и од ударите од метеори на Месечината, која нема заштитна атмосфера и магнетосфера. Решение за тој проблем претставуваат дупките од лавина, кои овозможуваат токму таква заштита.


Извор
 
Па според мене Русите се најопасни тие ќе изградат!!!:violent1:

Инаку темата е интересна браво Human супер тема!!!:helou::smir:
 
Пред да некој почне да гради најпрво да одговориме на прашањето.....за што ќе му е таа база?


Па еве на пример, на почетокот за научни истражувања, исто и нешто како поддршка за мисија со луѓе до Марс...
Понатаму, би се граделе големи телескопи бидејќи таму нема атмосфера, сликите што би се добивале би биле 1000 пати подобри од сега...
Понатаму, би служеле за вадење руда....итн.

Инаку темата е интересна браво Human супер тема!!!:helou::smir:

Well, thanks! :):):)
 
Ех, да беше толку лесно и логично како на Ogame. Прво, предлогот за рударење е смешен, поевтино ќе ни се фати да ја прекопаме целава земја. За големи телескопи исто треба неарно финансирање и логистика, што би ни дало нешто малку подалечно ѕиркање во вселената и минатото. Повеќе би сакале тие пари да ги потрошиме на вооружување, нели. :wink: Поддршка за мисија со луѓе на Марс? Рано е.
 
Прво, предлогот за рударење е смешен, поевтино ќе ни се фати да ја прекопаме целава земја.

Прво никој не рече за рудата што ќе се вади да биде донесена на Земјата....таа ќе си остани таму и таму ќе се користи (на Месечината). Сигурно нема да носиме од Земјата, кога таму би се изградила базата до одреден степен. :)

За големи телескопи исто треба неарно финансирање и логистика.

Точно, но тоа не е за сега, туку за по 20, 30 години, откако ќе се изгради потребна инфраструктура.

Поддршка за мисија со луѓе на Марс? Рано е.

Ех, да траеше Студената војна уште, досега ќе бевме слетани на Марс...:):)
Мое мислење е дека не е рано за мисија со луѓе на Марс...само малку вложуваат.....можеш слободно да направиш споредба на буџетот на НАСА сега и за време на Аполо мисиите...разликата е огромна.
 
База на месечината, би била од многу голема корист, за истражување, и колонизирање, па може и вселенски туризам,
за лансирање праќање, тела на другите планети или сателити, нели помала гравитација помал отпор, имам гледано емисии за овие планови, и чудно први кој теоретски направиле детален план за колонизирање не само на месечината туку и марс, се јапонците:helou:
 
Планот како би изгледала базата во вселената е веќе оддамна направена само се бараше погодна локација ова изгледа како многу погодна ситуација, но ова ќе се случи за некои 40,50 години и можеби повеќе, Америка нема да биде прва, тоа сум сигурен,како што напредуваат државите или Кина или Русија, ќе бидат следните на месечина, така да оставаме да покаже времето колку локацијата е идеална.
 
Првата база ќе биде направена за истражување, подоцна туризам и на крај индустријализација, сепак рударењето на месечината е уште многу далеку, она штои сакаат да направат е од лунарната почва (прашина). да ги извадат сите елементи кои се корисни (кислород, хелиум 3, водород, метали), баш гледав вчера на discovery, полесно е да се вади злато од морето одколку хелиум 3 од месечината. А за квизов, единствено САД имаат доволно планови за да го направат тоа. русите не ни биле на месечината и немаат ресурси во моментот, доколку тоа се промени би можеле, Индија и Кина се уште надвор од игра
 
Индија и Кина се уште надвор од игра

Индија и Кина прво не сме ни свесни шо можат и до каде се ...
надвор од игра? ... хех ... :tapp:

затоа шо многу гледаме холивуд филмови и тоа колку се американците „супериорни“ во се незначи дека другите се надвор од игра :toe:

btw. Американците коклу им беа борчлии на Кина? не ми текнуе у моментов?
 
Па еве на пример, на почетокот за научни истражувања, исто и нешто како поддршка за мисија со луѓе до Марс...
Понатаму, би се граделе големи телескопи бидејќи таму нема атмосфера, сликите што би се добивале би биле 1000 пати подобри од сега...

Понатаму, би служеле за вадење руда....итн.



Well, thanks! :):):)
1.И онака таму нема да има доволно простор да се смести голем персонал доволен за изградба на ракети а и нема ресурси така да пологично е да се подржува таа мисија од Земјата отколку од Месечината.
2.Па и вселената (каде што сега се наоѓа Хабл) нема воопшто ништо (вакум) па подобро е да има телескопи во веселената отколку на Месечината.А и нели тврдеше самиот дека на Месечината има мала атмосфера?
 
Русиве некако многу ми чутат, можеби и имаат веќе нешто нивно на месечина :smee:
 
Се додека не најдат ефикасен и ефтин начин да одеднаш кренат 1000 тони корисен товар во вселената ништо од работата.

Така се правело колонија, пљукни залепи..:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom