Ваш омилен веб-сајт за филмови?

Вашиот омилен филмски веб-сајт е


  • Вкупно гласачи
    29

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
Чудно е како нема ваква тема, барем јас не можев да најдам нешто слично. Како и да е, сите ние филмаџиите висиме на некои страници на кои бараме информации за филмови, како што се: дата на излегување на филмот, рејтинг, критики, гледаност, заработка, актери, режисери, трејлери и разно-разни статистики, сето тоа поврзано со филмовите и филмската индустрија.

Значи, од ова друштво се исклучени сајтовите за гледање или симнување филмови.

Ќе поставам и анкета на која ќе можете да гласате за вашиот омилен филмски сајт. Изборот е ваш, причините се исто така ваши, но задолжително ќе треба да ги наведете, макар на кратко. Спамирање, постови од еден збор, ќе бидат избришани.

Ако вашиот омилен сајт не е на листата, или ако имате предлог за друг веб-сајт, пишете па ќе надополниме. Оние кои до сега не се врткале по овие страници, можеби ќе си го најдат местото.

Сега краток опис на предложените сајтови:

1. IMDb
Филмската база за податоци (Internet Movie DataBase) е алфа и омега ако сакате да пронајдете информација за било кој филм. Овозможува брзо пребарување на податоци според различни критериуми: име на филм, актер, режисер итн... Кој загубил филм, тука ќе го најде. Покрај тоа, можете да прочитате буквално се околу филмовите, скоро да не постои податок кој е потребен, а го нема. Имаат убава статистика, различни табели во секакви категории, се е гласано од посетителите на сајтот. Критичарите не ги рецкаат многу, се е подредено на обичниот гледач.

Системот на гласање е скала од 1 до 10, при што 10 е за најдобар филм, а 1 за најлош, и може да гласа секој што ќе се регистрира на сајтот.

Мене ми е омилена страница затоа што е направена за обичниот гледач, многу е брза, не е преполна со непотребни работи. Единствено не ми се допаѓа што ги тргнаа трејлерите од страницата (ги имаше кај секој филм), но тоа е веројатно за да добијат на брзина.

2. Rotten Tomatoes
Расипаните Патлиџани се втората голема филмска страница, вечен противник на Базата :) Горе-долу, тука можат да се најдат истите податоци како и на IMDB. Има доста разлики во секој случај: прво, овој сајт им отстапува доста простор на критичарите, кои си имаат посебен дел за рецензии за филмот и оцени според нив, кои се разликуваат од гласањето на гледачите. Системот на гласање е во проценти, од 0 до 100. На сајтот можат да се најдат и трејлери за филмот.

Гледано од графички аспект, овој сајт изгледа поубаво, но цената за тоа е што работи побавно поради разните слики, реклами, видеа итн...

3. Yahoo movies
Делот од yahoo кој е посветен на филмовите исто така претставува богат извор на информации, кој ги следи најновите вести поврзани со филмот. Визуелно е одличен, со оглед на тоа дека е Yahoo па не би требало да си дозволат да се срамат. Системот на оценување е различен и вклучува 13 оцени, и тоа А+, А, А-, B+, B, B-, C+... F. Интересна опција е за оние на кои yahoo им е homepage, или кои имаат маил на yahoo па често налетуваат на оваа страница.

4. Flixter
Една многу интересна страница на која налетав пред некое време. Ми се допаѓа најмногу тоа како ја уредиле страницата, посебно кога ќе отворите некој филм. Веднаш од десната страна имате трејлер кој не се промашува, долу имате галерија на слики од филмот, под трејлерот инфо за актерите... Ги прикажува и оцените од RottenTomatoes а можете да го оцените филмот од 1 до 5 ѕвездички. Многу употреблива ако сакате брзо да добиете основни информации и да погледнете трејлер. Но најдобрата страна и е што има одлична апликација за facebook, од каде дирекно можете да погледнете што се има ново, a и да го споредите вашиот филмски вкус со вашите пријатели. Со сигурност засега најдобра филмска апликација на оваа мрежа.
 
Еј го заборави најдобриот од сите Metacritics. Сајтот е закон. Јас од таму највеќе гледам.

http://www.metacritic.com/
 
Ете го додадов, ама ти пиши нешто за него, јас не сум го отворал.

Не требаше да гласаш тогаш... :)

Нема проблем за гласањето, сајтов во секој случај вреди да се погледне.

Инаку сајтот е закон. Сличен е многу на Rotten Tomatoes со таа разлика што нема реклами и слични глупости и критичарите кои го оценуваат даваат успех од 0 до 100 за филмовите. На крај тие вредности се собираат и се вади просек. Доста е брз и често има критики побрзо и од Rotten Tomatoes а во последно време станува и поппопуларен од него. Освен критичари може и кроисници да гласаат и нивните критики и бодови исто се видливи на страната. Интересно е што освен за филмови се гласа за двд, серии (по сезони), албуми и видео игри. (и само како напомена денес за сите нови филмови ако приметите на википедија прифатеноста на филмот се зема од две страни RottenTomatoes i MetaCritics) така да сајтов не е за потсмев, а и критиките кои ги зема се од најдобрите медиуми (пишани) од УСА.
 
  • themoviedb.org - филмска и тв серии база на податоци исто како IMDB
  • boxofficemojo.com - листа на филмови според заработувачка
  • fanart.tv - постери, логоа и многу друго од филмови, серии, музика за сите колекционери и дизајнери.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom