- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
ЕУ ве гледа, а не знаете
Унијата создава голема полициска и разузнавачка машинерија што ќе има постојана контрола врз граѓаните
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска
Брисел - ЕУ ве гледа, а не знаете, е реакцијата со која евроскептиците го дочекаа фактот дека отсега ресорот правда и внатрешни работи станува дел од заедничката политика на Брисел, бидејки тоа е предвидено со Лисабонскиот договор. Практично, најсуптилната област во Унијата, што ја опфаќа политиката кон имиграцијата, заштитата на приватните податоци, пристапот до доверливи информации, а со тоа и личните слободи, веќе нема да биде предмет на вето на земјите-членки, а мерките ќе бидат хармонизирани.
За критичарите тоа ќе значи создавање полициска, безбедносна и разузнавачка машинерија на ниво на Европската унија, која нема да биде подложена на демократска контрола на граѓаните, бидејќи функционерите во ЕУ не се потврдени на избори.
Од наш аспект, како земја што не е членка и штотуку доби безвизен режим, добро е да се знае што ќе се случува во шенгенската тврдина, која и без шенгенската рампа се' уште трае, бидејќи не сме дел од безграничната зона. Краткиот заклучок е дека без оглед дали сме внатре, во ЕУ или, пак, надвор, ние ќе мора да ги прифатиме новите политики и мерки на Брисел во оваа сфера, а кои критичарите во Европа ги оценуваат како подем на империјата за набљудување. Тие мерки ќе не' заштитат и нас од бранот на имиграција кога Македонија еден ден ќе стане дел од Унијата, но ќе отворат и многу прашања што за нас моментно се научна фантастика, а се број еден за граѓаните на Унијата.
Мерките се резултат на работата на т.н. Футуристичка група на експерти селектирани од одредени држави во 2007 година и треба да и' помогнат на ЕУ подобро да се справи со имиграцијата и со безбедноста, но одат толку далеку и толку се комплексни што практично ќе го разголат секој граѓанин на Унијата и надвор од неа. Со интегрираниот систем што ќе се создава наредните години секоја земја-членка ќе може да ја има вашата адреса, да ви ја знае бојата на очите, да ги има отпечатоците на прстите, да ви ги знае болестите, да ви ги чита мејловите, да знае кои содржини ве интересираат на Интернет, да ви ги следи банкарските салда, која е вашата религиска определба, па и политичко убедување.
Првата директива во тој правец веќе почна да се применува од 2007 година и е опишана како лабораторија за прекугранична размена на информации, односно за размена на ДНК податоци меѓу државите, отпечатоци од прсти и податоци за возилата. Со неа треба да се запрат шверцот, организираниот криминал и тероризмот, главно, преку увид во документите што ќе олесни да се открие кои од нив се фалсификувани и кои се сопствениците. Токму затоа ЕУ толку инсистираше на биометриските пасоши како услов за безвизен режим, бидејќи со нив добива лична карта не само за своите граѓани, туку и за сите што влегуваат во Унијата. Според друга директива, што почна да се применува од годинава, сите телефонски оператори и Интернет-провајдери мора да ги складираат податоците за секој телефонски разговор, порака, е-пошта и веб-страниците што ги отворале корисниците за да им бидат на располагање на властите, доколку има потреба за тоа. Иако тоа не вклучување, слушање на разговорите или читање на пораките, за што има други процедури, ќе обезбеди контрола околу комуникацијата на граѓаните. Само во Велика Британија годинава биле регистрирани половина милион вакви барања.
ЕУ, исто така, подготвува нови технологии што од критичарите беа наречени орвеловски, пред се', т.н. Индект проект што подразбира набљудување различни групи луѓе и детектирање на абнормално однесување и опасни ситуации. Проектот, кој треба да ја засили борбата против тероризмот, има цел преку мрежа на камери и на сензори да предупредува од можни напади, но на нивниот дострел секако ќе се најдат и обичните граѓани. Друг проект е насочен кон детектирање на необично однесување во толпи. Тој треба да ги анализира тоновите во гласовите, начинот на кој поединци го движат телото и да ги издвојува од толпата.
Многу реакции во Шведска предизвика директивата на ЕУ наречена Инспирација, која треба да стартува од 2019 година, а предвидува обврска на властите да обезбедат информации на други земји-членки за здравјето на поединци, што ќе значи голем упад во правото на приватноста, што досега беше загарантирано во оваа сфера. Најконтроверзна, сепак, е одлуката на ЕУ да им овозможи на американските власти да побараат и да добијат податоци за банкарските трансфери заведени преку „свифт“ и покрај отпорите на домашните експерти. Најкуриозитетна, од друга страна, е директивата за размена на податоци за патниците во авион, бројот на билетите, дестинациите, возраста, домашниот број, адреса, па и чувствителни нешта, како што се расното или етничкото потекло, политичкото определување, религиозните или филозофските верувања, членството во синдикати, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација, нешта за кои САД веќе имаат спогодба со ЕУ да ги користат.
Цел е таквите информации да се складираат и да се разменуваат во иднина и за тие што ќе патуваат со воз и со брод, а патувањето по земја и така е подложено на контроли. ЕУ ќе има и свои „сајбер-патроли“, што ќе бркаат криминалци и терористи преку Интернет, исто така, се отвора врата и за создавање на европска ЦИА, или т.н. заеднички центар за ситуации каде што ќе се разменуваат разузнавачки информации, а кој освен пред земјите-членки, ќе биде надвор од граѓанска или од парламентарна контрола.
ЕУ со Лисабонскиот договор ќе има и заштитна клаузула како член пет на НАТО, што се нарекува солидарна клаузула, а претставува обврска на секоја земја-членка да и' помогне на друга при терористички напад или природна катастрофа. Исто така, ќе стане невозможно земја-членка да одбие екстрадиција на нејзин граѓанин на друга земја-членка, макар и тогаш кога тоа дело не е казниво во неговата земја.
Европејците веќе не ќе можат и кога ќе се разведат со префрлање во друга држава да не плаќаат алиментација, а ќе се хармонизираат и правилата за поделба на имот, наследства и слични нешта, што со намерата за заедничко признавање на судските одлуки, критичарите го оценуваат како создавање системско едноумие, односно унитарна унија.
Сите овие системи на контрола и на разузнавање од некои во ЕУ беа оценети како дигитално цунами, со предупредување дека е добро ако тие помогнат да се зголеми безбедноста на Унијата, но ќе биде страшно ако податоците дојдат во погрешни раце, бидејќи со поголем пристап до нив се поголеми и можностите за злоупотреба. Сите оние што од Македонија заминуваат во странство треба да знаат, исто така, дека во рамките на Шенгенскиот информативен систем ЕУ има податоци за 70 милиони лица, главно, оние што се обидувале лажно да добијат виза или фалсификувале пасош, за кои има одлука за апсење, кои се на црна листа, барале азил, веќе биле предмет на екстрадирање и слични нешта, а моментно тоа е најголема база на отпечатоци во светот.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70033F4A5074B5459B4E4CBCDEF11FAB