- Член од
- 6 јуни 2009
- Мислења
- 3.094
- Поени од реакции
- 445
Пред неколку дена имаше една мала дискусија на за оваа работа. Е па ете да отвориме тема.
Современиот компјутер е конструиран Америка, па и првиот софтвер за нив е таму направен. Најнормално тој е правен на англиски јазик. Компјутерот како една од најкористените машини се прошири низ цел свет заедно со англискиот (американска варијанта) софтвер на него. Ова е и една од причините за распространетоста на овој јазик. Во побогатите држави уште совреме почна да се преведува американскиот софтвер. Прво имаше мали проблеми со повеќејазичноста на софтверот, но се направи и UTF стандардот со кој целосно се решија тие проблеми. Па сега ништо не нѐ запира во користење на софтверот на нашиот јазик. Предноста е јасна, мајчиниот јазик најлесно се разбира.
Проблеми кај нас се тоа што не се плаќаат преведувачи од страна на софтвер ските компании (немаат голем профит во оваа држава), а пак кај бесплатниот софтвер не се наоѓаат многу доброволци. Друг (поранешен) проблем за некористење на софтвер на македонски беше што некои преводи беа лоши па потешко се разбираа од англиската верзија. Пример по преводот за Windows XP, на едно место „State“ беше преведено како „држава“, а треба „состојба“. Преведувачката дејност на софтвер во Македонија постои неколку години па ваквите грешки се исправени.
Па еве листа од некои програми на македонски:
Па дополнете ја листава, кажете што мислите за ова...

- Mozilla Firefox - веб прелистувач, веројатно најкористената програма на македонски
- Mozilla Thunderbird - email читач
- Open Office - бесплатна замена за MS Office
- Microsoft Windows Vista - јазичен пакет, се инсталира над англиската верзија
- Microsoft Windows XP - исто
- Microsoft Office 2007 - јазичен пакет, вклучува и проверувач на правопис
- Microsoft Office 2003 - исто