LordDragonII
Dr.Strangelove
Ех ќе се заебава евн со вас кога греалките ви се на 10ка а отворени прозорци и секогаш ви свети сијалицата во шпајзот...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ех ќе се заебава евн со вас кога греалките ви се на 10ка а отворени прозорци и секогаш ви свети сијалицата во шпајзот...
Момак, место воинствено да мафташ со твојот Унимер на форум, фино лепо ќе си отидеш до твојата дистрибуција, ако си во Кисела Вода ќе идеш во Аеродром и ќе си поднесеш барање да дојде екипа и да ти го измери напонот, кога ќе се востанови дека не е во ред, ќе се направи регулација во трафостаницата на која си приклучен, ќе се провери твојот приклучок(лабава 0 и сл.) итн. Ако не се оправи работата нормално ќе тужиш и ќе добиеш!!
Ех ќе се заебава евн со вас кога греалките ви се на 10ка а отворени прозорци и секогаш ви свети сијалицата во шпајзот...
од Ѓорче сум...и напонот не е таков цел ден...може 2-3 саати да ти потрае и после почнува да расте полека(сега напонот си е таман...220V) ама може во секој момент да падне или да се качи...и додека одам јас барања да пишувам па додека дојдат ке си бидне напонот таман...
Како и да е, напонот паѓа во пиковите на потрошњата, нека им се труби на глава и ќе преземат нешто кога тогаш, ако никој не реагира, значи све си е ок и никој нема да дојде дома да те праша каков ти е напонот.
хахаха...зашто мислиш дека они незнаат колкав е напонот кај нас???
значи...како што кажав на почетокот ЦЕЛ СВЕТ е во енергетска криза па и ние како дел од тој свет страдаме од тоа. А за тие што се греат на струја кога ке снема можам само да им препорачам да си земат 2,3 кебиња повеќе одколку што планираат да си земат....
е не иде тоа така бе другар... 2 3 ќебиња не е решение на проблемот... не сум ја докжен да мрзнам зашо некој несака да даде пари да ја поправи инсталацијата пред време наравно за да не се појавуваат проблеми притоа незаборавајки дека тоа им е обвска да го направат...
Затоа што ЕВН го следи напонот во трафостаница
Дошле ли да ти измерат па за да знаат?
не друже, не ти е обврка тебе да мрзнеш, нити па на некој друг, ама па да сменат мрежа не е туку така...оп-троп и готово цела мрежа е сменета додека трепнеш. и нова да е мрежата, пак ке се јавуваат кварови затоа што се се расипува па така и мрежата и таа може да се расипе....
го следат напонот на влез и на излез од трафостаница...
не друже, не ти е обврка тебе да мрзнеш, нити па на некој друг, ама па да сменат мрежа не е туку така...оп-троп и готово цела мрежа е сменета додека трепнеш. и нова да е мрежата, пак ке се јавуваат кварови затоа што се се расипува па така и мрежата и таа може да се расипе....
абе јес да не се разбирам у електрика м ногу и многу ама барем знам дека ако постави подебели кабли номрално има постабилен и поголем проток на струја низ каблите и автоматски шансите за дефекти се уше помали... НЕЛИ.. ја никаде не реков дека се мења инсталација за саат два.. знам дека е потребно може да треба ден два три недела...
Влез во трафостаница е 10кВ, среден напон, така да тоа на потрошач не му значи ништо, на излез од ТС на нисконапонска страна напонот нормално е дека ќе си биде добар, 0,4кВ, падот на напон што се јавува кај тебе, а ти си да речеме на 1км од ТС неможе никој да го знае, освен ако не дојде некој да го измери или апроксимативно да го пресмета.
Уште еднаш место да кукаш тука, јави се и жали се во дистрибуција.
за каблите да, ама па се си доаѓа со цена друже....
НЕ! на излез од централа е толку(a и мислам дека е многу повеќе од 10KV ама не сум сигурен колку многу), и од централа па се до трафостаница има загуби (џулови загуби) затоа што тече голема струја низ каблите а и тие не се совршени па имаат некој одпор. и од трафостаница па се до дома до штекер има загуби...освен ако сега некои не измислиле супер проводник па на нормална температура да има 0 одпорност...
море човек.. ја на пример дома т.е не ја моите.. зимно време не плаќам испод 6000 само за струја.. а верувам има многу такви пошо многумина се греат на струја... сеа после нова година плус 10 посто покачуваат ај кажи ми сеа ти мене демек немале пари да поправат??? според мене парите шо им се ќар вложи ги инвестирај ги.. ем ти задоволен знаеш нема да имаш поплаки жалби тужби и слично ем граѓаните задоволни .. .нема дефекти прекини и слично.. не е така ?
После ова се откажувам, нема разбирачка.
Трафото кое се наоѓа во дистрибутивните трафостаници во Македонија е 10/0,4 kV, што значи од далековод(воздушен или кабловски) на 10kV го трансформира напонот на 0,4 kV(400V, 380V, трифазен систем). Десетте киловолти пак, не се добиени директно од централа туку од некоја друга разводна постројка, рецимо 110/10кВ, 400/110/10кВ, 220/110кв, 110/35кв, 35/10кВ итн.
Високиот напон е потребен заради пренос на електричната енергија на големи далечини - МЕПСО