Вашите омилени детски игри?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Игравме една игра, се игра во круг :pos2:

Он... па скоро сите наведени од погоре,највеќе флипери,граница(2 километри територија - од тогаш неам трчано толку асално :pos2:) џамлии :vozbud: уште чувам од коскените дома :baeh:

денешниве генерации :toe: , замислете шо ќе биде во иднина
 
Еднаш допри.Така си ја викавме мојата омилена игра.Со фудбал се игра има секој гол(клупа голема:pos2:), почнуваш со 6 гола па надоле.:toe:
 
Најмногу ми недостига времето коа играв фудбал, како мал бев настоичаво дете и постојано бев со топка во раце па ги убедував децата да играат и по снег и по дожд,:vozbud:
флиперите,
маалските игри, :toe:
 
Па игри кој што сум ги играл, но повеќе не (а тешко да ги играм у иднина) ги има едно 10-20 сигурно и стварно коа ќе си го вратам филмот неколку години наназад и ќе се присетам на нив ми фалат..Еве неколку од нив:

10-9
Мижумач (жмурка)
Крадци и полицајци
Четка
Лебче
Газози
Штркот бара боја
Конзули
Слепа кокошка
Сакате ли војна, или така нешто беше..
Плочка :)
Иде мачка покрај тебе
...

Шо знам, не ми текнуват други, но сигурно има уште некоја :)

Иначе фудбал,серва,глава гол,скопска (вие ја викате викторија оваа:)),баскет,тенис уште играм..


Како и да е, ми фалат летата кога со децата од маалото игравме безброј игри.. Се беревме преку 15 души, што се не игравме.. Сеа....сеа само карти и монопол шо играме и тоа едно 4-5 души се на се...:toe: (зборам за децата од маалото)
 
Жив
Комити и џандари
Вистина и предизвик

Тоа не се знаеше колку деца сме... а сега жива душа нема
 
жмурка! само ...псссссст ...уште се кријам
--- надополнето: Jun 14, 2011 10:07 AM ---
Жив
Комити и џандари
Вистина и предизвик

Тоа не се знаеше колку деца сме... а сега жива душа нема

е ај сеа ...ко ти викам мажисе ...ти се жалиш сверквата не ти чинела :p
--- надополнето: Jun 14, 2011 10:09 AM ---
него да не му се играше на некој џамлии (ама на ќар) :LOL:
 
Кршење комшиски џамови , ехее таа играа се кладам никој од вас ја нема играно :)
а сеа озбилни игри ,не дека таа горе не беше озбилна ама многу ќотеќ на таа игра јадевме :D
Жмурка
Дајте царе војска
Плочка
Четка
Зуски ( Газози )
Камај - камај
Каубојци - индијанци
Серва
Граница
Баскет
Фудбал
Пучи газ , Пупенка
Викторија
и уше многу многу игри сеа не ми текнува ... :)
 
гумена лопта и штркот бара боја дефинитивно ! :)
 
Си ја викавме играва Брканица во зграда. Зашто живеам во 15-катница доста интересна беше. Нема посебно правило 2 на 2, 3 на 3 колку и да се соберевме деца. Прво бркаат едниве и да речеме во рок од 20 мин треба да ги фатат сите ако не ги фатат губат партија. И обратно. Интересни моменти додека се возиш со лифот и тој ненадејно застанува на некој кат и мава адреналин дали се тие што не бркаат или некој обичен станар :D

Иначе секако жмурката е класика, граница исто така. Фудбал и сервис и ден денес играме :)

едит: Ахх ми фалат овие денови :)
 
Да жал ми е за децата што седат дома и ми фали тоа време мои омилени игри беа штркот бара боја,жмурка и дама
 
Жив, пупенка, комити и турци (оваа во село), зуски... Во зградата кај шо растев има 84 стана и замислете шо беше тоа... Сега кога одам кај мајка ми и татко ми пред таа иста зграда никој нема, тек тук две три деца на скалите седат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom