Најпрво поздрав до VeniVidiVici,
VeniVidiVici, би те замолил да кажеш дали со комбинација на сите тие препарати освен што прекинала да ти паѓа косата почнала и да ти расте нова на места кои си ги "отпишал", да наведеш од каде ги купуваш препаратите, и да ми препорачаш лек за залистоците и генерално предниот дел на главата (Finasteride или некој друг).
Фала однапред
Најнапред благодарам за пофалбите. Морам да те известам дека кога се работи за MPB(Наследна машка ќелавоста) не постои третман кој е докажан дека функционира на залистоците, но тоа не значи дека лековите што ги споменав не делуваат на залистоците и предниот дел на главата туку едноставно не се направени испитувања на тој дел од главата.
Finasteride од 1 мг. лекот го купувам преку интернет од САД, но, можеш да го купиш во било која аптека во Македонија но во форма од 5мг. Многу луѓе во светот го купуваат лекот во облик од 5мг и го кршат апчето на 4 дела со што добиваат приближно иста доза и заштедуваат огромни пари. Мој совет е доколку купуваш од аптека во Македонија да го одребеш лекот Proscar затоа што е докажан. Цената му е околу 2900 денари наспроти другите кои се движат околу 1,000 денари, но со искршени апчиња на 4 дела, 1 пакување ке ти биде доволно за 4 месеци (по 800 денари на месец)
Finasteride е докажано дека делува кај скоро 90 % од пациентите со MPB но е тестиран само на делот на темето и горниот дел на главата, но тоа не значи дека нема да делува и на залистоците. Јас имав мали залистоци и со редовна употреба на лековите кои ги споменав во постот залистоците драстично ми се намалија. Мислам дека тоа е пред се резултат на Rogaine (Minoxidil) и на Propecia (Finasteride).
Мој совет за тебе е доколку си заинтересиран да направиш нешто околу овој "проблем" да започнеш со употреба на Minoxidil (Rogaine) и тоа во форма од 5%, кој што е докажан дека има поголемо дејство во обновување на косата наспроти растворот со 2% Minoxidil.
Minoxidil можеш да набавиш во сите аптеки во Македонија по цена од 450 ден месечно. Но, доколку не сакаш да се чудиш дали Minoxidilot во Македонија навистина е Minoxidil (со оглед на тоа дека Minoxidil-от кој се продава кај нас е направен во Босна и Херцеговина) мој совет е да нарачаш преку интернет од Англија (проверена страница - мој пријател купува од таму)
http://www.pharmacy2u.co.uk/search.aspx
Производот кој тие го нудат се вика REGAINE и е европско пакување на Original Rogaine од САД. Тие имаат многу ефтина понуда - за 3 пакувања цената им изнесува 49 GBP.
1 - GBP = 67 - MKD + 17 GBP за достава до Македонија.Целосната сума за наплата изнесува 3700 ден. за снабдување доволно за 3 месеци.(1,200 ден - месечно) Исто така можеш да нарачаш и 12 пакувања одеднаш, па така трошоците за еден месец ќе ги сведеш на 900 денари.
Значи:
900 денари месечно - Minoxidil
800 денари месечно - Finasteride
----
1700 денари, со кои твојот проблем со косопадот доколку е предизвикан од MPB (Наследна машка ќелавост) во голема мера ќе биде решен.
(НАЈПРВО ТИ СОВЕТУВАМ ДА ГО ПРОЧИТАШ ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ И ДА СЕ ЗАПОЗНАЕШ ТО МОЖНИТЕ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ ОД ЛЕКОТ FINASTERIDE)
Ти посакувам се најдобро. Поздрав.