Мистичен
Човек
Скопските "Градски аптеки" ќе се продаваат во целост и на берза, односно според моделот по кој се продадоа аптеките и во другите градови во земјава, изјави вчера министерот за здравство Владо Димов.
Тој нагласи дека аптеките што се во состав на здравствените домови ќе останат државни и ќе одат под концесија. Ќе се продаваат 22 аптеки, а 16 ќе се издаваат под закуп.
- Објектите што се неоспорни и за кои има тапија дека се сопственост на "Градски аптеки" ќе се продаваат како објекти. Тие што немаат регулирана сопственост на објектот ќе одат под концесија - додаде Димов.
Постапката за продавањето на аптеките на берза ќе почне откако Владата наскоро ќе усвои документ за тоа.
- Покрај скопските аптеки, најверојатно, ќе се продаваат уште неколку аптеки од другите градови, кои досега од различни причини не се продадени. Причина за тоа најчесто било тоа што немале фармацевт или зашто ги барале приватници кои, исто така, не ги исполнувале условите - рече Димов.
Дневник