Родителска наклонетост кон едното дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Потполно се согласувам дека наклонетост постои.
Од она кое јас го имам по дома (јас и брат ми) можам да заклучам дека иако и двајцата не’ сакаат поеднакво, сепак мислам дека на мене како на помал ми се дава каде-каде поголема слобода.
Сепак, интересно е што понекогаш ситуацијата може да биде и обратна, меѓутоа сепак јас останувам оној кон кој се малку повеќе наклонети родителите.
Во некои случаеви, кај некои луѓе, оваа состојба предизвикува раздор помеѓу децата, но за среќа кај мене не е така.
Брат ми знае дека мене ми се даваат многу повеќе работи затоа што сум помал и знае колку сум јас среќен кога го добивам она што го сакам.
А поради тоа што ми има кажано дека он е среќен кога и јас сум среќен, знам дека му е мило што на некој начин мене ми се удоволува малку повеќе.
 
Родителите еднакво си ги сакаат своите деца :wink:
 
Родителите еднакво си ги сакаат своите деца :wink:

Брат, сестра, нешто имаш? :)

Не велиме дека не ги сакаат подеднакво, нормално дека ќе си ги сакаат своите деца, но зборуваме за наклонетост.
 
сакале или не ама секогаш едното дете е миленик
 
Колку и да нејкеме, секогаш постоела и ке постои поголема наклонетост од родителите на едно дете за разлика од наклонетоста кон другото дете..
 
па ова е права глупост како може да му се попушта на едното повеќе отколку на другото дете. двете(трите,четирите...) се деца, твои деца, како може да делиш. јас имам сестра помала и мислам дека еднакво, барем до сега, ни попуштаат, не караат и слични работи. до душа има едни в комшии(луди комшии)мајката повеќе ја сака(очигледно е) помалата ќерка а за постарата не сака да чуе :uvo: помала е повеќе како неа и во однесувањето и на изглед, а постарата..... тешко неа. таквите треба да ги однесат на плоштад и бесилката
 
Ова веројатно зависи од „табиетот“ на детето... Помало најчесто цел живот останува помало и дефинитивно влијае... Од друга страна, ако детето знае да се умилкува многу лесно знае да разнежи родител па другото што е поповлечено автоматски добива поинаква моментална наклоност.
 
Си знам јас убаво како е да си првенец највеќе ќутек си изедов.
 
Според мене не се работи за наклонетост или пак некој повеќе го сакаат од другите, туку се зависи од децата и нивниот карактер. Доколку некое од децата има така да речам терсене карактер, не можиш на крај да излезеш со него родителите побрзо му ги удоволуваат желбите поради избегнување на расправии и конфликти, додека она дете на кое доволно е еднаш да му се каже дека некоја работа моментално не може да ја добие, почесто се случува да се задоцни со удоволувањето на желбите. Друга ситуација е кога родителите проценуваат кое од децата може побрзо да тргне по лоши патишта, односно кое има полабилен карактер и на секој начин гледаат да му удоволат, да не предизвикаат самите револт кај детето и од инает да почни да се упропастува, па така да и самите тие имаат вина за упропасувањето на нивното дете, што според мене е многу лоша услуга за детето.
Претходно кажаното е од ситуации и примери кои сум ги видел, а инаку најдобро ќе знаам кога ќе станам родител, и ќе внимавам да не се пронајдам самиот во некоја од ситуациите кои ги наведов.
 
Родителската љубов е еднаква према сите деца ,само не секогаш се однесуваме еднакво ,тоа зависи од здравјето на децата ,тоа кое е понежно родителите према него покажуваат поголемо внимание или ако е послаб ученик тие повеќе се трудат да му помогнат и најповеќе зависи од карактерот на детето поупорните секогаш добиваат повеќе ,така е и во животот, не велам дека е правилно ама скоро сите постапуваме така.
 
Секогаш има наклонетост кон помалото копиле. Факт. :nesum:
 
Секогаш има наклонетост кон помалото копиле. Факт. :nesum:
колку само си у право...случајов го имам дома....кога станува збор за мене нешо ја морам да почекам дали е за облека или некој мои желби ама коа е мојана помала сестра нема чекање се и се купува и се удоволува
 
Секогаш има наклонетост кон помалото копиле. Факт. :nesum:
Јас пак обратно мислам, Иако не мора да се сфати како правило, но сепак првото раѓање е поголем предизвик, нешто ново во животот, прво искуство...
 
Јас пак обратно мислам, Иако не мора да се сфати како правило, но сепак првото раѓање е поголем предизвик, нешто ново во животот, прво искуство...

Да, но во повеќето случаи второто е последно.
Сепак јас зборам од искуство, незнам за тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom