ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ЈСП е крвотокот на главниот град, тогаш главниот град доживува инфаркт.

On topic: Удирањето на мојата глава од новите пластични држачи, е константен процес што предизвикува да ми се расчешла тапираната коса и - нервира. Што се однесува до седењето во автобус, не го практикувам од принцип. Немам потреба од тоа на мои дваесет години, кога автобусите се полни со геријатрија на која место за седење им е попотребно.

Би било убаво исто така, контролорите да не се однесуваат како да се обезбедување на Бил Гејтс.
И јас секој ден ја оставам главата на тие проклети држачи:vozbud:
После ми смета контролата, не затоа што си ја вршат работата туку затоа што не се подеднакво строги кон сите националности( се разбираме на што алудирам:wink:). Потоа недоветниве шофери шибаат уво не ги боли, од бит пазар до Пржино лапаме по 100 тротоари....
Некогаш ме нервираат кога си застануваат на некои буски за да си купат цигари од трафикиве:tapp:
Следно, ме нервираат постари граѓани кои во празен автобус се залетуваат и седат позади, а нели предноите седишта се за нив, па мајко му стара што се лутат после кога некој ќе им ги зафати:toe:
И да не набројувам има уште многу работи, пред се некултурата на дечишта кои ќе се накачат од школо и урлаат како волови, а и старците кои се дерњачат како едниот да е на артикот а другиот на антарктикот:tapp:
 
Има дечурлана некои , пискат вриштат loL
 
XaXaXa ima jaki postovi iskreno si gi nemam ovi problemi i fala bogu inace vo skopje voopsto i Makedonija sto sakaat neka kupat pak isto ke bide kultura = 0 a plus JSP nisto ne prezema protiv vandalite tuka vo Paris ka kje go vidis obezbeduvajneto na RATP strav da te fati se nekoi batki 2 metra 90 kila se vo muskuli so pendraci i anti dog spreavi pa oj sarni skrsi ili urlaj da te vidam ako smees a koga ima kontrola uctivo dobar den vasata karta ve molam blagodaram prijaten den, a ako nemas karte otidoa 40 evrotinki vo voda . :salut:
 
Мразам луѓе што се качуваат за само станица-две. Најчесто маџари или автокоманда, некако се погаѓаат на станици кај што автобусот само за нив застанува да се качат и замо за нив застанува да се симнат. Само ми го продолжуваат возењето кое ми трае над 40 минути во просек.

:nerv: Пред недела-две се качувам во Автокоманда. Во живот немам видено толку пун автобус. Буквално еден врз друг беа. Во авто команда па уште 20 души се натрупаа и јас последен на врата. Вратана пола затворена ме стисна, не се диши, лактови летаат... Застанува наредна станица се качува една теткица и ми вика "Ајде ајде има место за сите, напрај ми да се качам!“ (ах, тој прекорлив поглед... :helou:) и јас со цел памет гурнав некако да се качи. Застанува следна станица ја гледам се симиња. Аииии :nerv: ми се идеше да се симнам и да ја вратам у автобус...
Највеќе ме нервира тоа, автобусон фул до врв и ти се качува некој и упорен е со тоа „Има место!“.
Иначе тие работи, нечистотија, раскантаност :helou:.... тоа е секојдневие не се жалам. На сите им е исто

ПиЕс. Забораив да додадам, кога некој у таа гужва пробува да качи нешто што... хмм... не е логично да се носи со автобус? :D Пред некој ден еден сакаше со прч (или коза) да се качи у автобус (фаааала богу шоферов не го пушти)
 
ПиЕс. Забораив да додадам, кога некој у таа гужва пробува да качи нешто што... хмм... не е логично да се носи со автобус? :D Пред некој ден еден сакаше со прч (или коза) да се качи у автобус (фаааала богу шоферов не го пушти)

:pos2::pos2::pos2: Аааааа ова уште немам видено.:tapp: Имам видено точаци, душеци, федери, огромни вреќи... ама ова не.
А треба карта посебна за прчот?:pos2::pos2::pos2:
 
Ахам вчера беше тој позади мене нарокан со лук,па зема и кикирики да грицка.Си реков подобро кикирика него кромид.
 
Милион случки со контролори кога сум се возел без карта.
 
Милион случки со контролори кога сум се возел без карта.
Па да не сакаш да те наградат?
Јас неам пари ама ете плаќам.Во случај да не би плаќал и да се решам на шверц варијанта сигурно не би очекувал контролата да ми рече "Ок е дечко те разбираме брејјј"
За што ондак они зимаат плата?
 
Со оглед на тоа дека речиси секој ден се возам со автобус имам случки еден куп...
Се имам заглавено на вратите од автобусот во неколку наврати:nerv:
Секоја втора недела автобусот во кој се возам се расипува!
Внатре смрди на катран!
Прозорите се заглавени и не се отвараат!
Не е реткост возачот да си запали цигара во преполн автобус!
Еднаш во 5ка кај станицата карши Бисер се кажи една постара жена коа имаше залепена картица.. шоферот примети и стана од седиштето, се сврте кон преполниот автобус и почна да се дере на цел глас КАКО НЕ ТИ Е СРАМ ЗА ГОДИНИТЕ!!! СТАРА ЖЕНА ВАКА ДА ПРАВИ! ВИДЕТЕ НАРОДЕ ВИДЕТЕ ЈА ЖЕНАВА..... и слично! жал ме фати за жената
Порано коа бев помала и ја праев така и не само за мене туку и за другарите! Али никад не ме фатија, уствари ме фатија 2 пати ама ништо не ми рекоа то ест еднаш шоферот ми рече-Добро бе девојче ти фабрика имаш отворено за фалсификување картици или дома ги правиш? и ја па уште му викам Не не..дома си ги праам:pos2::pos2: многу бев по откачена коа бев помала и многу храбра!
Има уште многу случки и чуда што ми се десиле ама ме мрзи сеа да пишувам:salut:
 
Хаха, ова со картициве ме потсети на татко ми. Слушнал тој дека може така да се прави, и си вика, ај и јас еднаш. И влетал во 5ка или нешто слично, бутнал така картиците, и шоферот го погледнал со чудење. Контролорите кои биле веднаш позади исто така. И му рекле, добро, господине, па пред нас вака.....
 
Старците кои се вадат дека не ја чекирале картата бидејќи биле стари. Шверцери прва класа.
 
Ја иам "фобија" кога се затвора врата а јас сум на излегување.
Како помал ме има така фатено на средна и заглавив фатен на врата а возачот почна да вози, татко ми почна да мава по автобусон и овој застана..Пензионери имаше во близина, што пцуење падна..

Исто пред некоја година, се враќам од школо и ми се качува контрола а мене слободна ми беше испрана па малку сликата не ми се познаваше, сосем малку, а картицата ми беше добра и застанува мангупот до мене, јас му ја покажувам ја глеа некоја секунда и ми ја зеде од рака и си излезе, јас останав со зината уста, па копиљ се исплашив дури, па да тргнам абе каде каде, тој веќе заминал..
Утредента се јави татко ми во јсп, му кажаа да дојде и да ми ја земе слободната..
Хепи енд! :)
 
ме нервира тоа што коа ќе чекам некој број што ми треба конкретно скапувам од чекање а сите останати идат еден по друг, а коа ми требаат тие другите никаде ги нема.
ме нервираат старци коа ќе се качат со милион ќеси и ќе застанат над мене за да им станам.(ко демек ја неам газ за седење и не ме болат нозе)
ме нервира коа има гужва и кога не се дише, до мене ќе има некој што јаде кикирики и корне се околу.
и ме нервира шо коа се брзам некаде шоферот вози најбавно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom