Видови мажи

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
1. Големо бебе

Овој маж не прави ништо конструктивно, освен што си игра со своите гаџети, слуша музика, игра видео игри...

Во меѓувреме, очекува вие да водите сметка за сите негови потреби и желби. Најчесто очекува да добие жена-домаќинка и е готован во буквлана смисла.

Доколку не сте спремни да имате улога на дадилка, бегајте од него по секоја цена.

2. Човекот од Атлантида

Тој исчезнува! На празници, на вашиот роденден, во текот на викендот. Понекогаш се појавува, но и тогаш случајно. Не признава дека постои часовник и календар.

Личност на која не можете да се потпрете и дефинитвно треба да ја избришете од животот.

3. Кавгаџија

Неговата емотивна температура е секогаш на критична точка.

Сака да се расправа, а една од најчестите реченици му е „ОК, зошто би сакал сега јас и ти да разговараме?“, со што се спрема за својот напад.

Поводот и не е толку битен. Направете си себе си услуга, оставете го и уживајте во тишината.

4. Момчето кое не е во врска

Тој инсистира дека вашата врска е без никакви обврски, па макар таа траела и пет години.

Одбива подобро да ги запознае вашите роднини или пријатели и да ви прави друштво на какво било поголемо излегување. Премногу му е забавно вака за сега тука да се обврзува и да признае дека е зрел, возрасен човек.

5. Шармер


Комплиментите и знаците на внимание се само замка сè до моментот кога ќе сфати дека ве освоил.

Бидејќи флертот му е вроден, немојте да се чудите ако почне да го практикува на некоја од вашите пријателки.

6. Его воин

Најсебичното суштество на планетата. Неговите приоритети се јасно дефинирани: тој, тој и само тој.

Во борбата за тој да биде потполно во центаротг на вниманието, сите му се противници, дури и пријателите, децата, па и вие.

---------------

Ова е генерализација, но сепак нели има некои шо нема да се пронајдат во некое од овие или ќе се најдат во неколку.
Ама сепак, да признаеме ние жените дека сме налетале на минимум две од поделбиве на мажи.:)
 
Mи го зема зборот од тастатура. Фузија од сите сум.
Као, буквално.
Не ги попунуваш критериумите, значи ти не си маж.! (I)

Се шалам....иначе и јас сум “немаж“.
 
Toa значи...тешко жените со кои сте.
муахахахха

А wot, за тебе као не важи 4ката, м?:)
 
Toa значи...тешко жените со кои сте.
муахахахха
Тешко вас ако сте со вакви мажи. Му хи хе.

Безвезна поделба до фкрај. Ми изгледат ко составена на досаден кафе-муабет.
 
А wot, за тебе као не важи 4ката, м?:)

Не буквално, баш..

дбива подобро да ги запознае вашите роднини или пријатели и да ви прави друштво на какво било поголемо излегување. Премногу му е забавно вака за сега тука да признае дека е зрел, возрасен човек.

(Y)
 
^^^
:pos: :pos: :pos:
Имам познаници од сите видови, не можете да речете дека не постојат, иако постојат пермутации, варијации, комбинации со и без повторување.
Најпознати ми се овие првиве, седат цело време пред .. [Оу, еден ваков дојде на мсн].. компјутер, си ја испробуваат новата веб камера, [eве уште еден] ништо друго не ги интересира.
Наравоучение: не ги дудлајте, ќе ви почнат муабет за се освен темата на која целите.
 
хмм, мене овоа ми звучи дека е пишувано од некоја фригидна релативно просечна типка со ниска самодовeрба која била "повредена" "многу" пати па сега пишува глупости.
Интересниот дел е тоа што тие генерализации се донекаде наместо, смешниот дел е дека според типката што го пишувала нема дечко со добри квалитети, и вели дека ако сакаш врска треба да си одбереш еден од погорните типови да трпиш.
 
Сметам дека постојат само два вида на мажи, како и два вида на луѓе воопшто: оние со кои човек сака да биде и оние со кои човек не сака да биде.

А сите критериуми според кои некои луѓе се во едната или другата категорија се целосно индивидуални и секој одлучува за себе. Затоа, сите овие категоризации се бесполезни. Ако жените не сакаат да живеат со мажи, не им треба причина ниту правдање - доволно е само да посакаат да живеат сами. И да се носат со тоа. Баш како и мажите што прават.

Зашто, секој маж кој вели дека му е подобро без жена се лаже себеси и другите. И затоа, кој ќе поверува на овие класификации, посебно што секоја од нив вели дека таквиот-и-таквиот маж е најдобро да се остави, се замајува.
 
Ајде бе ... Секој маж ставен во врска порано или покасно ке ги исполни сите овие ... Со исклучок на двојката можда ... а Првото ... Па то е маж кога нема кој да го замара и има слободно време .
 
Ни едно од наведените... и што сега, ќе се формира посебна подгрупа за останатите како мене? Сериозно, се трудам да се видам себеси со очите на другите и навистина неможам да се сместам во ниедна од групите погоре, колку и да изгледа слична некоја со тоа кое што сум постои некоја значајна работа поради која неможам да се сместам во истата.
 
Се гледам во категоријата Добар Шармер :pos: :pos:
 
Не сме толку плитки , како што е поделбата плитка :)

дополни 7 ка - маж кој ги содржи 6/6 или 5/6 горенаведените видови.

и 8-ка - маж кој не спаѓа во ниту еден вид оф горе наведените , односно тоа е принц на бел коњ за секоја жена :)
 
И јас мислам дека премногу е плитка поделбава и знам многу момци што не припаѓаат во ниедна од поделбиве. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom