Во Словенија без визи од 19. декември

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Словенија ги укинува визите за Македонија. Наместо од 1-ви јануари 2010, визите за македонските српските и црногорските граѓани ќе бидат укинати на 19 декември оваа година.
Како што соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи, Србија и Црна Гора ќе мора да го почекаат извештајот на експертската група за исполнување на критериумите за визна либерализација.
Со овој предлог на тие држави им се ветува убав божиќен поклон, бидејќи граѓаните за време на новогодишните празници ќе можат да патуваат во Шенген државите без виза, се вели во соопштението на словенечкото МНР.


A1
 
Ај да го видиме и тоа чудо. Да не се предомислат по 7-ми декември??:tapp:
 
Нашиот Божиќ и онака паѓа во 2010, а тие очигледно сакаат да заработат некое евро плус за нивниот Божиќ :tv:

Иначе фин потег од Словенија, спасиба!
 
a be ubavo sve, ama me faka depresija okolu aktivnostive za imevo taka da nisto mi nema sjaj
 
Во дежелата нивна не одам дури и да ми платат!
ММЕ им педерско!

Ова е првото бомбонче од ЕУ....како стимуланс кон проблемот со името!
 
Браво за словенците :) Само да не се предомислад 5 до 12...
 
Добро.

Значи сега со колата можам да стигнам до Шентиљ и Јесенице. За понатака, здравје?
 
Македонците ќе можат без визи во Словенија од 19 декември

Словенија на вчерашниот состанок на Работната група за визи на Советот предложи дека визниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора да почне од 19 Декември 2009 година, а не од 1 Јануари 2010 година, како што првично беше планирано, се вели во соопштението од словенечкото Министерствот за надворешни работи.
Србија и Црна Гора, според одлуката на работната група за визи, ќе мораат да ја почекаат одлуката на експертската група по вториот извештај условено од тоа дали ги исполнуваат критериумите за визна либерализација, но сепак не се очекуваат проблеми.
Предлогот за визна либерализација за овие три земји набрзо ќе биде разгледан од Европскиот парламент, Советот очекува дека одлуката ќе биде донесена кон средината на ноември.
“На барање на и со поддршка на Словенија, се очекува трите земји да добијат убав Божиќен подарок, граѓаните на тие земји во времето на овогодинешниот Божиќ и новогодишените празници да можат да патуваат во шенген земји без визи“, се вели во соопштението на словенечкото МНР.
http://www.time.mk/read/fd1f436cff/b8fad63f5b/index.html


Сепак е само предлог.
 
Е што ти е македонско новинарство...

Словенија само предложила до ЕУ визите да се укинат од 19.12, наместо од 01.01, за да можат граѓаните на Србија, Црна Гора и Македонија да шетаат за новогодишните празници (одеднаш би се слеале пари, колку толку, од овие земји во ЕУ).

Значи, "Во Словенија без визи од 19. декември"
-e новинарска конструкција, т.е. лага.

Прво и основно лага е затоа што:
Нема граница меѓу Словенија и ЕУ
 
Кога ке појдам венециа на кафе без виза ... тогаш ке вервам дека ги тргнале визите ...
 
Е што ти е македонско новинарство...

Словенија само предложила до ЕУ визите да се укинат од 19.12, наместо од 01.01, за да можат граѓаните на Србија, Црна Гора и Македонија да шетаат за новогодишните празници (одеднаш би се слеале пари, колку толку, од овие земји во ЕУ).

Значи, "Во Словенија без визи од 19. декември"
-e новинарска конструкција, т.е. лага.

Прво и основно лага е затоа што:
Нема граница меѓу Словенија и ЕУ

ЕУ треба демек да одлучи за десетина дена.

Ама ја исцедија со темава за визиве, веќе на многумина не им е битно дали има визи или нема. Дури почнува да биде баш контрапродуктивно.
 
Словенечкиот амбасадор изјави дека наместо досегашното вообичаено чекање за визи, сега е доволно само на граница Македонските граѓани да ги поднесат со себе следниве документи за влез во Словенија за да се избегнат евентуалните непријатности на граница.

-Платиниумска кредитна картица и најмалку 2 златни
-Имотен лист од најмалку 234 квадрати имот со потврда преведена на нотар дека не е даден во хипотека или деловен простор од најмалку 45 квадрати со соодветна документација.
- Да покажат 400 евра за секој ден што планираат да го поминат во Словенија
-Ролекс часовник
-Автомобил не постар од 2006-та на ваше име и не помал од 1800 кубика
-Валидна виза за САД
-Членска книшка од Ротари Клуб
-ваша слика во Хилтон Хотел

Гони ги бе у.п.м ебаму тоа лигавите
 
Да не се предомислат до 7-ми декември???
 
Со цената која треба да ја платиме за нашите членства во ЕУ и НАТО и ОН и не знам каде се, подобро би ми било да си останам затворен во Македонија , вечно да си ја шетам неа и тешко заработените пари да си ги трошам само во Македонија. Ова е невидено и неслушнато и незнам како и зошто го поденсуваме ова!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom