LordDragonII
Dr.Strangelove
Како што е тргнала работата очекувам и политичка емисија водена од Коста Бургов.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Жаре_берберБИОГРАФИЈА НА ЖАРЕ БЕРБЕР Роден од мајка на 06.08.1969 год., градска болница, Скопје. Со завршено основно и средно училиште со други зборови "писмен". Има отслужено воена обврска, женет, со едно малолетно женско дете (се надева дека е негово), сам чоек - толку може.
Од 1986 работи како женски фризер во елитен скопски фризерски салон и плашејќи се женските манири да не му станат составен дел од неговиот живот, од 1996 год., кога се жени и си потврдува на самиот себе си дека е вистинско машко, отвара сопствен дуќан за уредување на машки глави (Барбер Шоп Лион) каде се поистоветува со својот лик и хороскопски знак (притоа не ги заборава жените како физички објекти).
За сите кои што не можат да проценат по датумот, во хороскопски знак е лав. Како машки фризер работи 10 години, значи вкупно 20 години работен век. Поради својот темперамент не знаејќи што да прави во слободно време, наоѓа микрофон кој во наследство му го остава неговиот дедо кој веројатно имал исти желби и предиспозиции како него, и почнува да пее волонтерски на одредени прослави коишто се организирале од негови блиски, бидејќи човек недокажан не ни може да пее на други, освен на своите блиски.
Кога сето тоа може да има поинаков размер дечкото се свестува, почнува соработка со музички образовани ликови кои што знаат да му се придружат, и тргнува во поход по освојување на скопските кафани и ноќни клубови. Почетокот е многу успешен но не многу рентабилен, што не се покажа и во иднина. Склопот на темпераментот и неговиот хороскопски знак не го оставија рамнодушен да и во таа работа биде најдобар. Наравоучение: затоа деца добро водете рачун кога вашите родители ќе ве ствараат - да биде тоа зима, за да се родите на лето по можност во август, во првите десет дена. Во својата бербеско-фризерска кариера има постигнато резултати кои за некого не значат ништо а него му се многу драги и многу важни во животот:
1. Квалификации за државно првенство во машки фризери организирано во Скопје 1986 год. - Освоено ПРВО место.
2. Државно првенство на Југославија, Црна Гора (Титоград) – ТРЕТО место.
3. "Сусрет фризера и креатора Југослевије" 1989 год. – освоено ПРВО место
Бидејќи креативноста и немирниот дух секогаш се присутни во неговиот живот, и апетитите да биде секогаш добар во тоа што го работи, го мотивираа да направи песна и видео запис кои ќе останат во неговата животна архива:
1. "Колку кошта" – песна на Александар Митевски
2. Видео спот во режија на Чедо Поповски
3. "Понекад" – песна отпеана на српски јазик (текст:Елвир Мекиќ, музика Јован Јованов, аранжман и продукција Тоше Поп Симонов). За песната нема видео запис, што не значи дека нема да има.
4. "Те сакав јас" (текст, музика, аранжман: Тоше Поп Симонов.) Промоцијата ќе биде во јануари 2010.
п.с. Немаме информација дали песните и текстовите се нечии плагијати!
Во 6-годишната кариера берберот ни помалку ни повеќе пеел во скоро сите ноќни клубови во државава, во кои според преголемата посетеност може да се регистрира дека се работи за ЧОВЕК - БЕРБЕРОТ, кој и во оваа работа ги покажа своите квалитети.
п.с. До својата 40-та година не бил подложен на никакви пороци (алкохол, дрога, геј паради, кладилници, играње на шах и табла во Жена парк), што не значи дека во иднина нема да прифати некој од нив.:pos2::pos2::pos2::baeh::helou::wink::tv:
ај дајте целосно клипче со тепачов каде што го "напаѓаат"