Се’уште чекаат на наша помош! Да им помогнеме!!

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Веб-сајт
www.angelfire.com
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ДР­ЖА­ВА­ТА И ЛЕ­КА­РИ­ТЕ КРЕ­НАА РА­ЦЕ ОД ДЕ­ВЕТ­ГО­ДИШ­НО ДЕ­ТЕ ВО КО­МА - ни рекоа пуштете го да умре[/FONT]
Да му помогнеме на Јован Коловски
ЖИРО-СМЕТКИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА МАЛИОТ ЈОВАН КОЛОВСКИ - Димитрија Коловски, улица Едвард Кардељ број 485 Струга, Стопанска банка - Денарска сметка-200001366009767 и Девизна сметка-200001877047186. ТЕЛЕФОНИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА: Само од Космофон: 075-143-401; Само од ВИП: 077-143-402; Т-мобајл: 070-143-102

Ни­кој не знае од што точ­но бо­ле­ду­ва де­вет­го­диш­ни­от Јо­ван Ко­лов­ски од Стру­га, кој ве­ќе ед­на го­ди­на е во ко­ма, а по­ло­ви­на го­ди­на не­го­ви­те ро­ди­те­ли го чу­ва­ат и со­се­ма са­ми без ни­ка­ков ле­кар­ски над­зор, го не­гу­ва­ат во нив­ни­от дом во на­сел­ба­та Мис­ле­ше­во
Иа­ко се­мејс­тво­то Ко­лов­ски е здравс­тве­но оси­гу­ра­но, не са­мо што са­ми ги ку­пу­ва­ат ле­ко­ви­те и си­те дру­ги по­ма­га­ла за не­га на па­ци­ент во ко­ма, ту­ку го пла­ќа­ат и фи­зи­о­те­ра­пев­тот кој ре­дов­но до­а­ѓа за да го одр­жу­ва то­ну­сот на мус­ку­ла­ту­ра­та на це­ло­то те­ло на ма­ли­от Јо­ван

10F4151CFE8DB946881C829F5B8B0A91.jpg
БРОЕВИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ЗА МАЛИОТ ЈОВАН КОЛОВСКИ - Само од Космофон: 075-143-401; Само од ВИП: 077-143-402

(ТЕКСТОТ Е ОБЈАВЕН НА 20 ОКТОМВРИ 2009 ГОДИНА)
До­мот на се­мејс­тво­то Ко­лов­ски во Стру­га е прет­во­рен во бол­ни­ца. Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја Ко­лов­ски са­ми се гри­жат за нив­ни­от де­вет­го­ди­шен син Јо­ван кој пред ед­на го­ди­на пад­нал во ко­ма. Ле­ка­ри­те не зна­ат од што точ­но бо­ле­ду­ва де­те­то и што ја пре­ди­зи­ка­ло ко­ма­тоз­на­та сос­тој­ба.. Ка­ко без­на­де­жен слу­чај, от­ка­ко си­те ме­дицн­ски ин­сти­ту­ции диг­на­ле ра­ка од не­го и ни­кој не са­кал да го при­ми би­деј­ќи твр­де­ле де­ка му не­ма спас,,де­те­то е пуш­те­но до­ма без ни­как­ва ле­кар­ска гри­жа. Ле­кар до­а­ѓа са­мо на по­вик. Се­га за ма­ли­от Јо­ван са­ми­те во нив­ни­от дом во струш­ка­та на­сел­ба Мис­ле­ше­во се гри­жат не­го­ви­те ро­ди­те­ли иа­ко не­ма­ат ни­как­ва вр­ска со ме­ди­ци­на­та....

...."Не зна­е­ме ве­ќе што да пра­ви­ме. Фи­нан­си­ски не сме моќ­ни да го од­не­се­ме на­ши­от син са­ми во стран­ство. Ни ос­та­ну­ва са­мо јав­но да упа­ти­ме апел до си­те над­леж­ни ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­ва да се за­ин­те­ре­си­ра­ат за овој слу­чај, да по­мог­нат на­ши­от Јов­че да до­бие со­од­ветн ле­кар­ски трет­ман и да му да­дат шан­са за жи­вот", ве­лат очај­ни­те ро­ди­те­ли.
П.А.Ла­за­ро­ва

Ма­ли­от Јо­ван ре­а­ги­ра на драз­би

Ро­ди­те­ли­те твр­дат де­ка сос­тој­ба­та на Јов­че се по­доб­ру­ва. Ус­пе­а­ле не­го­ва­та те­лес­на те­жи­на да ја по­ка­чат од 17 ки­лог­ра­ми ко­га имал ко­га го отуш­ти­ле од бол­ни­ца на 25. Тој ре­а­ги­ра на од­ре­де­ни драз­би, ду­ри и ко­га ро­ди­те­ли­те му рас­ка­жу­ва­ат случ­ки што за­ед­но ги до­жи­ве­а­ле ко­га бил зда­ра­во де­те, од­вре­ме на вре­ме се нас­мев­ну­ва на ше­ги­те што му ги ка­жу­ва не­го­ва­та мај­ка., ра­ни­те по те­ло­то му за­рас­ну­ва­ат, а ре­а­ги­ра и на раз­ни зву­ци.


Го ле­чеа со ле­ко­ви што ве­ќе не се про­из­ве­ду­ва­ат


Мир­ја­на и Ди­мит­ри­ја ве­лат де­ка ма­ли­от Јо­ван го ле­че­ле со се и сеш­то оти ле­ка­ри­те мно­гу чес­то му ја ме­ну­ва­ле и ди­јаг­но­за­та и ле­ко­ви­те.
"Ле­ка­ри­те одеа од крај­ност во крај­ност. Не те­раа са­ми да ба­ра­ме и ку­пу­ва­ме ле­ко­ви. Не­кои од нив ве­ќе и не се про­из­ве­ду­ваа, па во очај ги ба­рав­ме на­се­ка­де. Се слу­чи ед­наш да нај­дам лек во ед­на пи­ља­ра. Го ку­пил не­кој чо­век чие де­те би­ло бол­но, а по­тоа се ут­вр­ди­ло де­ка не му е пот­ре­бен та­ков лек. Ко­га им го ка­жав ова на док­то­ри­те во Сло­ве­ни­ја тие се фа­ти­ја за гла­ва".
"Си­те док­то­ри кои го прег­ле­даа Јов­че да­ва­ат раз­лич­ни ди­јаг­но­зи, а сос­тој­ба­та ја ко­мен­ти­ра­ат ка­ко си­ту­а­ци­ја ме­ѓу ко­ма и сон" ве­ли Ди­мит­ри­ја.
БРОЕВИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ЗА МАЛИОТ ЈОВАН КОЛОВСКИ - Само од Космофон: 075-143-401; Само од ВИП: 077-143-402


Текстот е прочитан 23821 пати.
#







------------------------------------------------------
(превземено од веб сајтот на Вест. Линк: http://www.vest.com.mk/?ItemID=193FFBA3B156C849A952654B47E075F3)

*************************************************



[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]„И животот би го дал за да го спасам моето бебе“


ezerdzan.jpg
Итно му е потребна операција во Бугарија

4-Месечниот Езерџан е роден со срцева маана. Итно му е потребна операција во Бугарија. Но неговите родители се сиромашни и немаат можност да соберат дел од парите.
Четири илјади евра се потребни за нивното дете да се спаси. Во семејството работи само таткото. Досега потрошиле многу за прегледите во Бугарија. Веќе немаат средства. Со солзи на очите тој моли за помош.
„Јас сум во таква ситуација што и по десет денари кога би ми давале јас би бил среќен, само да ги соберам средствата. На моето бебе ако треба и животот би му го дал само да го спасам“, вели таткото на Езерџан.
Езерџан не може да чека. Болеста напредува, а неговото срце е се послабо. Мора веднаш да биде оперирано. Веќе неколку пати досега имало кризи кои можеле да завршат фатално.
„На устата и на челото е помодрен. Кога ќе почне да плаче неможе да земе воздух“, вели таткото.
Животот на ова бебе е во рацете на хуманите луѓе. Неговите родители се надеваат дека некој ќе им помогне за да може четиримесечниот езерџан да продолжи да се смее во животот.
Телефони за донација:
-070 143 402
-075 143 402
-Жиро сметка 300001000020178 - Комерцијална банка
------------------------------------- превземено од веб страницата на А1. Линк: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114805

***********************************************


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Дејан Анѓелески[/FONT]
Bolen.Dejan.jpg

Почитувани,
Ви благодариме што одвоивте време да го прочитате нашето барање.



Ние сме родители на 7 и пол годишно дете, Дејан Анделески, кое боледува од ретка генетска болест Hereditary Angioedema (HAE) или недостиг на C1 inhibitor кој е особено важен за контрола на имунитетниот систем на организмот. Се работи за болест која предизвикува животозагрозувачки напади при што е потребна итна медицинска интервенција. До сега детето, попради недостаток на лекови во Македонија, е третирано со свежосмрзната плазма, меѓутоа во последните напади изреагира со влошување на состојбата и после апликацијата на плазма, поради што мораше да прими Ц1 Инхибитор – лек кој според важечките препораки на медицината базирани на докази му е потребен за лекувањое.


Овој лек е набавен од наша страна приватно во неколку наврати, но со оглед на честите напади што ги добива нашиот син (во последните два месеци имаше вкупно 10 напади и ни беа потребни 10 инекции),


Ви се обраќаме за помош за обезбедување на средства за набавка на лекарствата. Ампулите со Ц1 инхибитор концентрат му помагаат да се смират нападите што ги добива, а во Македонија не се достапни. Ние досега успевавме да ги набавиме од Германија и Унгарија и истите се со цена од 700 дп 900 ЕУР. Вкупните трошоци за годишното лекување на Дејан како и набавката на лекарствата се движат околу 80.000 ЕУР.


Вашата помош за набавка на лекарствата ќе му помогне на Дејан да има колку што е можно поквалитетен живот исполнет со игра и дружење со неговите врсници и редовно следење на наставата во училиште како ученик во второ одделение, кои досега поради честиот престој во болница и интензитетот на болеста се сведени на минимум.


Ве молиме во согласност со Вашите мопжнопсти да ни излезете во пресрет на нашето барање. Финансиските средства за купување на лекарствата мопже да се уплатат на допнатопрската сметка за Дејан Анделески в Алфа банка воп Скппје соп бр.280124100136128.


Со почит,
Влатко и Наташа Анѓелески
Тел: 3070318
070 248 225
070 328 849
075 846 071

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ за ДОНАЦИЈА:
ВИП 077 143413
Т-МОБИЛЕ 070 143414
КОСМПФОН ТЕЛЕКОМ СЛОПВЕНИЈА 075 143 424
СО СЕКОЕ ЈАВУВАЊЕ ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ НА СМЕТКАТА НА ДЕЈАН
За донација надвор од Македонија:
Bolen.Dejan1.jpg




За донација од Македонија
Bolen.Dejan2.jpg


----------------------------------------------------------

Превземено од Премин Портал (Линк: http://preminportal.com.mk/content/view/5133/1/)


Погледнете го и писмото (линкот го превземав од следниот линк: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=45070)



*********************************************



Господ нека се смилува на сите нив и на сите луѓе во светов, кои страдаат и имаат потреба од помош и поддршка, и нека се смилува и на нас! Амин!!!

Да им помогнеме лично, да ги замолиме другите да им помогнат, да разгласиме по весници, медиуми, низ интернет, до сите луѓе чии е-меил адреси знаеме, до сите нам познати, на сите веб сајтови, СЕКАДЕ. Некој ќе види / чуе / прочита и ќе помогне! Дај Боже!!!



[/FONT]

Дали некој има контакт информации за Јован Коловски и за Езерџан?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom