Што ти прави маникирањето на работа:pos2:
Секретарка го изгоре „Пепси“ со 1,26 милијарди долари
Тужбата против компанијата таа ја тргнала настрана и ја заборавила
Вашингтон - Поради административна грешка, еден од најголемите светски производители на сокови „Пепси“ е казнет од суд во Висконсин со 1,26 милијарди долари. Пресудено е дека компанијата украла идеја за полнење и продажба на вода од двајца мажи од Висконсин. „Пепси“ сега се жали на пресудата, јавуваат американски медиуми. Казната е изречена на 30 септември, а од компанијата велат дека за судската тужба не знаеле до 6 октомври, бидејќи поради административна грешка документите се изгубиле во нивните канцеларии.
Судскиот процес почнал во април откако двајца мажи ја тужеле компанијата и две компании, кои работат како дистрибутери за продажба, поради случај од 1981 година. Тогаш тие имале разговори со дистрибутерите за продажба на вода за пиење. Дистрибутерите ги проследиле до „Пепси“ идеите што фирмата ги искористила за производство на водата „Алјуафина“.
„Пепси“ сега се жали дека судските документи од Висконсин им биле непрописно врачени во Северна Каролина. Тие го замолиле судот да им прости поради бирократски процес, кој довел до тоа за тужбата да не се дознае се' додека целиот процес не бил готов.
„Пепси“ тврди дека првите документи за случајот ги добиле на 15 септември, кога копија од документите била проследена до заменик-главниот адвокат во Северна Каролина, Том Тамонеј. Секретарката на Тамонеј, Кети Хенри, го оставила писмото настрана, а потоа никому не кажала за него, бидејќи била „многу зафатена поради состаноци на управата на компанијата“. Кога Хенри на 5 октомври добила копија од пресудата за отштета, го испратила до одделот кој се занимава со прашања за „Алјуафина“. Откако се сетила дека има сличен документ уште од 15 септември, го испратила и него. Во компанијата набрзо разбрале за што се работи и останале шокирани. Во „Пепси“ не успеале да објаснат како е можно преку своите бизнис-партнери да не дознале за тужбата.
Сега „Пепси“ тврди дека процесот воопшто и не требало да биде поведен, бидејќи тужителите поднеле тужба 30 години по наводните доверливи состаноци, по кои тврдат дека им е украдена идејата, па поради тоа случајот е застарен. Тие тврдат дека немале можност соодветно да се бранат на суд, и засега не се знае како ќе заврши целиот случај. Адвокатот на тужителите изјави дека судот би можел да почне процес за утврдување отштета, но е тешко дека ќе се поништи пресудата за „Пепси“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C31B478B7AB287498D4A8164D5C08855