karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Мислам дека обнова на Отоманската империја го изјавиле во контекст дека со подела на интересни сфери Турција како голема држава ке има предност во пласирање на своите производи и нивните компании ке бидат местени да се угнездат во бившите провинции.
Е сега дали тие провинции, од кои 3 се членки на ЕУ ке го прифатат тоа......нешто не ми се верува.
Инаку во време на Отоманската империја имало некои позитивни работи од кои јас лично мислам дека двете најдобри се:
1. Секој е сопственик на својата земја, додека во феудална Европа или не дај Боже феудална Русија селанецот се продава со земјата (која е сопственост на феудалецот) во Отоманската империја секој си има тапија и тоа си е негово. Може да се продаде, поклони,замени и слично.
2. Слобода на движење на стоки и луѓе. Да кажеме селанецот од првата точка ја продал земјата и отишол во Солун и се зафатил со трговија, па ако му фаќа црпката може да стане чорбаџија или да изгуби се, али пак тоа си е негова среќа и способност.
Е сега во последните 200 години империјата слабее и корупцијата си го прави своето па се евентуално иде у п.м. Големците си зимаат се повеке и повеке за право, ја отуѓуваат немуслиманската раја која дига бунтови кои ја слабеат империјата, евентуално и не-Турските муслимани се бунат...........
Али за обновување на класична империја - немет шанси.
Заради причините погоре и пропадна Империjата.
Инаку нормално е Турциjа како наследник на Византиjа и идна наjголема членка на Европската Униjа од ова ќоше на Европа да има и наjголемо влиjание на Балканот. Тоа си е природен тек на нештата и колку и да се спротивставуваат Софиjа и Атина не можат да го изменат краjниот резултат ( би можела Русиjа, но во моментов сеуште и требаат повеке приjатели отколку противници). За Македониjа ке биде добро само да си обезбеди рамноправна позициjа во соjузништвото со Турциjа и се ке се средe само од себе.