Милениумскиот крст на Водно - гордост и бедотија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.310
Поени од реакции
34.707
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Мислам дека овој подфорум е најсоодветен за да подискутираме за актуелната состојба на Милениумскиот крст на Водно. Станува збор за грациозна градба која има вистински потенцијал да стане една од главните атракции во Скопје, но е оставена да "гние" во беда поради негрижата и незаинтересираноста на „одговорните“ лица.

Патем, баш ме интересира кои се тие „одговорни лица“? Кој раководи со Крстот и просторот на кој е поставен? Кој е толку слеп да не ја согледа шансата за толку убава атракција и заработувачка? Ајде сега малку поопширно. Ова ќе му дојде како еден вид на патопис (или посоодветен збор би бил - гнасопис) за турата до Милениумскиот крст кој ја направивме пред неколку недели. Зошто гнасопис? Затоа што покрај убавина, видовме и многу гнасни работи кои мора да се споделат со вас.

Ако не сте физички подготвени, или инвалидизирани - заборавете за посета на Милениумскиот крст.
Жичара до крстот сеуште нема. Автомобилски пат исто така
(додуша има, ама не е пуштен), и тоа е до некаде во ред затоа што врвот на Водно важи за „еколошка зона“. Но, малкумина од посетителите (кои ги има во голем број и покрај бедната состојба на локалитетот) знаат дека на врвот на Водно се генерира најголемото зрачење во Скопје поради огромните линковски антени поставени на десетина метри од крстот. Така да, пред овој столб не ви препорачувам да стоите подолго од десетина секунди....

stolb.jpg

Но, тоа го тргаме на страна. Да се навратиме на „планинарскиот дом“ на Водно кој всушност е една недефинирана градба со масички во внатрешниот и надворешниот дел. Внатре може да купите кафе (Јакобс и турско, ама турското и не го прават баш секогаш затоа што е „комплицирано“), флаширана вода, сокче, чипс, чоколадо Горенка, конзерва со сардини (кој би јадел сардини?) и уште 2-3 ситници. Надвор, има маси и корпи за отпадоци (што е за пофалба) каде што може да одморат посетителите. Надвор изгледа весело, а внатре мрачно и заостанато во минатиот век.

Јавен тоалет во склоп на планинарскиот дом нема, па доколку го „стискате“ за време на патот подобро завршете работа во некоја грмушка отколку да чекате да стигнете до целта. Додуша, има едно „полско“ WC кое го загадува воздухот во радиус од 30 метри. Цело испосрано и пред распаѓање. Нормално, внатре нема ни тоалетна хартија. Гад ќе ви стане уште кога ќе се доближите на 5 метри, а камоли да влезете внатре, па затоа сметајте дека воопшто нема тоалет. Поради објективни причини, не објавувам фотографии од внатрешноста на тоалетот.

Триесетина метри погоре од планинарскиот дом се наоѓа Милениумскиот Крст, кој без сомнеж е една импресивна и грациозна градба на која треба сите да се гордееме.
krst.jpg


krstot.jpg

Но, иако изгледа светкаво и грациозно од скопските улици, кога ќе се качите горе ќе видите всушност за каква бедотија станува збор. Оваа бедна слика е директно предизвикана од човечка негрижа и незаинтересираност за зачувување на една од малкуте импресивни градби со кои може да се „пофали“ овој град.

Бомбастично најавуваните планови за градење на жичара која ќе им го доближи Милениумскиот крст на скопјани не се реализираа
, но затоа пак за некаква утеха добивме лифт во внатрешноста на крстот. Возењето на лифтот се наплаќа 100 денари и трае помалку од 4-5 минути (со стоењето на врвот).

Значи, колку да ви ја доловам ситуацијата: плаќате, идете до горе, таму стоите некоја минута и се спуштате долу. И сето тоа за неверојатни 100 денари.

Скали има, но се затворени и не смеат да се користат. Претпоставувам дека се затворени затоа што не се сигурни и со секој чекор до нив сте поблиску до костозглобното одделение. Додека бевме горе, имаше еден храбар човек кој се испентари по нив (и покрај тоа што беа затворени), но набрзо беше приземјен од полицијата.

Да напоменеме дека не се реализираа ни плановите за изградба на најавените 11 дуќани во кои требаше да се продаваат сувенири, свеќи, икони и други тракатанци. Незнам каде планирале да ги постават, но нас воопшто не би ни сметале. И иако за медиумите беше објавено дека „во задниот дел од комплексот се градат четири јавни тоалети“, ние не забележавме ниту еден - освен испоганетото „полско wc“ во близина на планинарскиот дом.

Понатаму, во медиумите се говореше и за „изградба на застаклен ресторан, конаци и други угостителско-туристички објекти, како и поставување канализациска и водоводна мрежа“. Хах! Виц на деценијата! :)

- Од сето ова, секако, остана само пуста желба.
Остана и неосигурената електрична инсталација во внатрешноста на крстот, која не сакам ни да знам дали е „жива“ или не, затоа што воопшто не е пријатна помислата на тоа што би можело да се случи доколку некое дете ги допре овие необезбедени жици. Зарем ова ви личи на атракција? Можеби, ако станува збор за домот на Никола Тесла, наместо за крст.
struja1.jpg


struja2.jpg


struja3.jpg




Заклучок:
Добро знаеме што треба да се направи. Но, зошто не го направиме тоа? Дали е проблемот во тоа што не знаеме како или во нешто друго? Дали повторно се покажуваме како мрзлива нација која не знае да ги искористи туристичките потенцијали, или едноставно полесно е да се преплави градот со „шмизли“ во форма на статуи отколку некој да се фати сериозно за работа? За жичара се збори веќе 4 години, но најверојатно ќе почекаме уште 40 додека се реализира. Дај поработете малку на поедноставните работи, кои навистина бодат очи.

vodno-gletka.jpg

Навистина ми е жал што ваквата прекрасна глетка мора да биде засенета од несериозноста на луѓето одговорни за овој простор. Дали сега е појасно зошто мрчиме? Затоа што „мрчењето“ е само една добронамерна критика и иницијална каписла за поубави работи. Затоа што ако не се „мрчи“ на грешките, лагите и нереализираните планови - никогаш нема да видиме ништо убаво.
 
Hm, ne sum bil, no od ova posetata na Krstot zvuci bas kako avtenticno biblisko iskustvo.
 
Hm, ne sum bil, no od ova posetata na Krstot zvuci bas kako avtenticno biblisko iskustvo.
Тоа и сакав да го напоменам. Станува збор за крст, кој не буди никакво духовно чувство и емоции. Ама ништо, буквално ништо што асоцира на некаков белег на Христијанството (цртежи? икони? конаци?) освен неговата форма (+). Тотално запуштено и во најмала рака непријатно искуство. Ова не верувам дека беше првобитната замисла за крстот на Водно, нели...
 
Ова не верувам дека беше првобитната замисла за крстот на Водно, нели...
Не беше,ама зошто да се гордееме со нешто убаво,кога пред многубројните странци кои се чести посетители на милениумскиот крст може да се срамиме :suicide:
 
Ma ne, sakav da kazam Isusovi maki kje prozivees dur da stignes...

BAM! Zemjotres dodeka go pisuvav ova!
 
Ова не верувам дека беше првобитната замисла за крстот на Водно, нели...

Освен ако не сакаат да ни скурчи незаинтересираноста на надлежните па самоиницијативно да се сплотиме и да му помогнеме на крстот па со тоа тие индиректно да направат добро дело во името на христијанството. Коа ке видам, одличен план. Можда затоа и цела Македонија така се остава да скапува...
 
Кога веќе толку труд вложија и го направија крстот треба уште малце да се запне и да се средат тие ситници што се оставено.Жалосно е покрај толкав труд на крај да се батали.
 
ЕЕЕ и повеќе од ветување беше ама што да се праи.Ова само во нашава држава го има.Се силат и ќе го направат тоа,ама на крај ќе го баталат.Незнам што им е поентата.
 
Кога се започнува нешто без финансиска конструкција од А до Ш се случуваат вакви работи. Кај нас многу работи се започнуваат, а после се употребува фразата „Ако е здравје, треба да биде...или ако даде Господ“ (само што во конкретниов случај требаше да му се даде на Господ едно внимание). Голем број на проекти никогаш и не се планирани до крај. Поголем дел од нив се заради ситни поени во одреден момент, а не долгорочна перспектива и ефектите од тие проекти. Ни недостасуваат секогаш крајните финеси и ситните детали кои на вакви грандиозни проекти ќе им ја дадат полната светлина. Во тој домен сме слаби, никако да го сватиме она на кое честопати се повикуваме „крајот го краси делото“. Знаеме само да се залетаме, но на половина пат да се предадеме и да се откажеме. Причината е во немањето на верба во самите нас и на тие околу нас за создавање на големи нешта. И во тој случај комплексот „че“, кој постојано си го носиме до нашето име повеќе не амнестира отколку што не нервира.
 
Вистина така скапува крстот ...треба да се среди малку .
и пат и околината да може да го посетуват и домашни истрански туристи..

знае ли некој дали има поголем крст од овој?
 
Греота е што не сакаат го досредат..на почетокот како го најавуваа,као најголема атракција,и не знам си шо,ама излезе обратното..дувло на наркозависници и такодаље!плус често не е осветлен,или па некад до пола така свети као греота некоја..не ми се свиѓа шо вака го оставија..:nenene:
 
Колку кратковидни луѓе има овде во нашава земја неверојатно е.Па ваков крст е ван оф а каинд во светот и место од него да се направи туристичка атракција го оставија да се распаѓа.
Али тоа е тоа,македонска работа,изгради го и после остави го,што ти е гајле.:tapp:
 
Па јас мислам дека жичарата ја прават 4 години...аман не треба тоа,нека ја направат црквичката долу и ресторанот,барем ќе има кој да се грижи за околу сето тоа :toe:
 
Колку само нечовечки од наша страна, успеавме осветено место да го претвориме во место идеално за снимање на филм, хорор филм. Македонски менталитет...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom