Стилски фигури

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mistaken
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Дали ќе може некој кој е по упатен на оваа тема да одвои малку време да ми објасни неколку стилски фигури или пак ќе ми каже каде можам да најдам информации на таа тема.
-Алитерација
-Трилогија
-Еуфемизам
-Метонимија
-Полисендентон
-Литота

однапред благодарам.:pipi:
 
АЛИТЕРАЦИЈА е повторување на исти согласки или гласовни групи за постигнување на звучен ефект.

ЕУФЕМИЗАМ
е означување на злото со поблаги зборови. на пр: умре - си отиде, проститутка - лесна жена.

МЕТОНИМИЈА е употреба на зборот во преносно значење. на пр: храбар и јак човек се нарекува сила

ПОЛИСЕНДЕТОН е спротивен на асиндетонот, односно кога нижеме сврзувачки зборови без граматичка употреба.

ЛИТОТА е спротивно на хипербола. ( бај д веј хипербола е преувеличување на нештата ) Кај литотата вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен. на пр: Нема да ти биде лошо таму ( Таму ќе ти биде добро )

п.с за ТРИЛОГИЈА не знам :toe:
 
Трилогија, освен ако не е нешто за кое не сум запознаен покрај значењето на три дела поврзани едно со друго во низа и иста тематика, не би рекол дека спаѓа во стилска фигура.
Ама добро. :)
 
Метонимијата е дури идиотски блиска со метафората, особено внимание да обрнеш на овие две. Често се мешаат, и јас се`уште се натегам со професорка за пример за кој тврдам дека е метафора, а таа обратното. :icon_lol: Нејсе... И двете спаѓаат во стилски фигури на значењето, служат за пренос на значењето од еден поим на друг, врз основа на тоа што двата се слични или сродни во стварноста. Се јавува само како именка, или во форма на именка + придавка. Пример кога ќе речеш државата, не се мисли на земјата, него на граѓаните на таа држава. Или училницата, не училницата како објект, туку децата што се внатре во кабинетот.

Литота е спротивно од хипербола, служи за истакнување на еден поим преку намалување на значењето од истиот збор, најчесто со негирање. Неубав, недобар, невистина итн. И не е антонимија (тоа би било спротивно исто, од типот лош - добар), ова е литота. :)

Полисиндетон... Не знам точно, ама мислам дека е употреба на многу сврзници. А асиндетон ќе да е обратно.

Еуфемизам такоџе ми е лабаво. :icon_lol: Мислам дека е исто замена... Бар по етимолошка дефиниција, на говор се однесува, тоа сигурно. Еден збор со друг се менува, ама со цел ублажување на тежината, во смисла да не повреди ничија пр. сексуална или верска ориентација, така нешто. Националност исто може. Ваљда, не сум сигурна...

И алитерација е повторување на глас/буква. Поезија најчесто, во истиот стих од шес збора, четири или пет на истата буква да почнуваат. Или да завршуваат или воопшто да ја содржат буквата.

Тоа од мене, ама за еуфемизам и полисиндетон провери си. :smir:
 
Полисиндетонот е постапка на разглобување на исказот со употреба и повторување на еден ист сврзник, при што се успорува текот на исказот и се продолжува неговото траење. Но целото ова забавување на исказот е привидна зошто од друга страна полисиндетонот внесува друга динамичност, ја истакнува ритмичноста, емотивноста и сугестивноста на кажаното.


Еуфимизам е еден вид на метонимија и со него се означува ублажување на премногу острите искази, поими, делови во реченицита. Односно се прави замена со некој поблаг, попријатен и поприфатлив израз, поим.

(Умира- Го напушта овој свет)
 
Метонимијата е дури идиотски блиска со метафората, особено внимание да обрнеш на овие две. Често се мешаат, и јас се`уште се натегам со професорка за пример за кој тврдам дека е метафора, а таа обратното. :icon_lol: Нејсе... И двете спаѓаат во стилски фигури на значењето, служат за пренос на значењето од еден поим на друг, врз основа на тоа што двата се слични или сродни во стварноста. Се јавува само како именка, или во форма на именка + придавка. Пример кога ќе речеш државата, не се мисли на земјата, него на граѓаните на таа држава. Или училницата, не училницата како објект, туку децата што се внатре во кабинетот.


Метонимијата е врз основа на блискост, а метафората е врз основа на сличност.

Од метонимија се изведува и синегдоха. А синегдохата пак е дел од целината, пример мислиме на човек а кажуваме само рака, чекори, очи и сл.

На пример: Раката што ја ниша лулката е негувател на иднината на човештвото.

Пример за метафора да речеме „Свеќата солзи“ (по принцип на сличност, како што паѓа восокот од свеќата, така асоцира на солзење од око)
Метонимијата има друг аспект, на блискост (кога на пример во поезија во повеќе стихови редиме нешта што се блиски, редиме да речеме, ранец, креда, табла, училиште итн. едноставно нешта што се блиски меѓу себе и асоцираат на една област).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom