- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Бугарска завојувачка доктрина
Стефан Влахов Мицов
Први април во бугарија официјално е Ден на хуморот и на лагата. Но, годинава ова „празнување“ почна порано. На 31 март, во суперлуксузниот софиски хотел „Шератон“ беше претставена книгата „Бугарската политика кон Република Македонија“. Авторите и организатори на промоцијата го демонстрираа бајгањовското чувство за хумор со тврдењето дека книгата е издадена на англиски, бугарски и на „македонската книжевна норма на бугарскиот јазик“ (место македонски јазик) . Притоа, во заднината на објавениот поднаслов „Препораки за развојот на добрососедските односи по приемот на Бугарија во ЕУ и во контекстот на проширувањето на ЕУ и на НАТО во Западен Балкан“, во краткиот текст се истураат изрази како „современи евростандарди за добрососедски односи“, „нормална политика на добрососедство“, „коректна и здрава добрососедска основа“, „ интерес не само на граѓаните на Бугарија, но во помал степен и на граѓаните на Република Македонија“, небаре од торбата на штедриот Дедо Коледе пред Нова година. Но, нивната вистинска вредност е како во басната за волкот и за јагнето. И како што забележале уште на времето итри туѓинци, откако бугарскиот политички хумор влегува во брак со лагата се престорува во умор т. е. замирисува на крв. Кога станува збор за политичката доктрина, основните прашања се поврзани со мотивите на создавањето и со целите и средствата за нејзино постигнување и, природно - со нејзините автори. Според авторите, тие ја понудиле „на вниманието на компетентните бугарски институции“ на 24 јануари 2008 година. Од корицата произлегува дека текстот е печатен цела година: „јануари 2007 - јануари 2008“. Списокот на учесниците ги увеличува прашањата и предизвикува сериозни заклучоци. Првичниот поглед не открива нешто особено. Подредени се 25 имиња, приближно хаотично, не по азбучен ред, а пред повеќето од имињата се наведени научни степени и звања. Наредената група интелектуалци се нафатила да ја пропагира санстефанската доктрина, достојно на екипата на чело со професорот по медицина Григор Велев од пред повеќе години. Во случајов, нештата се од корен поинакви бидејќи шестмина од учесниците се активни или доскорашни бугарски пратеници, што ќе рече кадри на Министерството за внатрешни работи. Понатаму, во списокот фигурираат имињата на високи експерти од Народното собрание и од Министерството за образование и наука, личности со меѓународни контакти, советникот на претседателот Прванов - Божидар Димитров, заменик-претседателот на Бугарската академија на науките - Константин Косев, итн. Со два збора - актуелни кадри на „компетентните бугарски институции“ кон кои е упатена доктрината. И, поточно, кадри од вториот ешалон на институциите. Се покажува дека споменатите личности се решиле во печатена форма да им се обратат на институциите во кои работат и чијашто поетика спроведуваат. Нема што - голема шега! Вториот ешалон на државата испраќа препораки кон првиот во врска со државната политика. Впечатокот се заокружува целосно ако ги погледнеме спонзорите на изданието, меѓу кои фигурира трговецот со оружје Петар Манџуков, сопственик на весникот „Дума“, орган на владејачката БСП и пријател на претседателот Прванов, кој пред неколку години му го врачи највисокиот бугарски орден „Стара планина“. И така, повнимателниот поглед кон авторите на доктрината ја открива врската меѓу самите институции - претседателство, Министерство за надворешни работи, Парламент, политички партии, како ВМРО на Каракачанов, БАН. Но, тоа не е се. Топлата врска меѓу споменатите и бугарската националистичка доктрина од времето на Тодор Живков се осуштествува со некогашниот член на ЦК на БКП и сегашен заменик-претседател на БАН - К. Косев. Има и уште една линија на блискост со посредство на Државната безбедност, преку припаѓањето на ред учесници во неа. Очигледно е дека таа мала дружина се пројавува под амблемот на Атлантскиот клуб во Бугарија и е љубезно организирана од неговиот претседател Љубомир Иванов, кој притоа е и претседател на фондација што го носи името на долгогодишниот шеф на НАТО Манфред Вернер. Од ова што е кажано произлегуваат неколку основни прашања: 1) Според кој начин составот на авторите на доктрината, меѓу кои има долгогодишни номенклатури на тоталитарниот комунистички режим, приврзаници на воинствениот национализам, функционери и агенти на бугарската Државна безбедност, се запишани во општоевропски вредности на хуманост и на толеранција пропагирани од Атлантскиот клуб во Бугарија?
2) Каков придонес би можеле да дадат таквите луѓе за „нормална политика на добрососедство“ со Република Македонија и со другите балкански држави?
3) Резултат на што е создавањето на политичката група за која станува збор?
Одговорите на првите две прашања ќе дојдат во процесот на анализа на самата доктрина. Што се однесува до одговорот на третото прашање, авторите се цинично откриени. Според нив, досегашната политика на Бугарија кон Република Македонија „на никаков начин не ја одразува најновата реалност по први јануари 2007 година, кога освен што Бугарија е член на НАТО е членка и на Европската унија, додека Република Македонија не е“. Поинаку кажано, содржината на добрососедските односи новите доктринари ја мерат со припадноста кон една или друга организација. Меѓу државите-членки на НАТО, како Грција и Бугарија, на пример, добрососедските односи треба да бидат од различен вид во споредба со тие на нечленката Македонија. Поточно, вредноста на државата се определува не според нејзиниот потенцијал, туку од нејзиното членство, дури и да е најпрезрена таму, како што е Бугарија во ЕУ. А, добрососедските односи не се плод на заемно уважување и на заемна помош. Место тоа, комплексираната бугарска психологија смета на итрина и на измама,
СТЕФАН ВЛАХОВ - МИЦОВ ОТКРИВА НОВ ФАЛСИФИКАТ НА БУГАРСКИ ИСТОРИЧАРИ
Јаворов ревидиран, Делчев побугарчен!
Во бугарските медиуми деновиве „грмна“ веста дека тамошни современи историчари, кои ги „уточниле“ стенограмите на Пејо Јаворов, најголемиот биограф на Гоце Делчев, го откриле „бугарскиот карактер“ на идеологот на македонската револуционерна борба. Професорот д-р Стефан Влахов - Мицов за „Време“ го анализираше „откритието“ на неговите бугарски колеги и еве до какви сознанија дојде. Со навидум ситни преправки, една клучна реченица на Гоце Делчев доби сосема поинаква смисла. Преправката е навистина „малка“. Од технички аспект, само зборот „секое“ станал „бугарско“. Најновиот историски фалсификат е направен во наводното „фототипско“ издание на личните дневници на поетот, подготвено по повод 130-годишнината од неговото раѓање. Со оглед на тоа дека постојат и претходни изданија на дневниците, лесно се докажуваат најновите наивни фалсифукувања на историјата во Бугарија. Најновата ѓурултија ја крена новото фототипно издание „Личните дневници на П. К. Јаворов“ по повод 130-годишнината од раѓањето на бугарскиот поет Пејо Јаворов. Во издание се сместени и куп измислени наслови, како што се „Откриени ајдучките архиви на Јаворов“, во рубриката „Сензационално“ на весникот „Стандард“ од 11 јануари 2008 година и „Непознати стихови и записи на Јаворов“ во весникот „Дневен труд“, од 13 јануари годинава, а пред тоа беа објавени и уште покатегорични написи, како оној: „Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин“. Зошто велам невистинити или неточни наслови? Бидејќи местото каде што е пронајден деветтиот бележник на поетот, не само што отсекогаш било познато, туку и дел од содржината е публикуван уште во времето на триесеттите и четириесеттите години на 20 век. Другиот дел што го засега македонскиот период на Јаворов, е познат од двете изданија на книгата „П. К. Јаворов - летопис за животот и делото“ од Ганка Најденова-Стојанова, роднина на поетот. Првото е печатено во 1959 година, а преработено и дополнето во 1966 година. Од 1995 година споменатите бележници се чуваат во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија, па од споредбата се гледа дека тука нема ништо неизвесно и сензационално. Всушност, сензацијата почна пред неколку денови, со помпезната промоција во Народната библиотека на луксузно опремениот том „Личните белешки на П. К. Јаворов“, Софија 2008, во издание на „Захариј Стојанов“. И уште попрецизно, од една фраза на Гоце Делчев прочитана на нов начин, што Јаворов ја запишал во бележникот. Да појасниме: од деветте бележници на поетот два се пишувани со стенографско писмо. Јаворов изучувал стенографија во Пловдивската гимназија само една година. За толкав период може да се усвојат само основните принципи без да се постигне којзнае каква брзина при пишувањето. Поинаку речено, нема посебна разлика дали ќе ги запишувате зборовите стенографски или со обично писмо. Затоа и Јаворов не се обидувал да стенографира разговори за што е потребна брзина и техника, а запишувал одделни фрази, датуми и имиња. Следува логично прашање: Зошто поетот го користи стенографското запишување што не го владеел добро? Одговорот е во содржината на двата бележника. Означениот како Бележник број 4 е воден во периодот од шести јануари до 25 април и од 19 до 25 мај 1903 година, кога Јаворов бил во четите на Гоце Делчев, и потоа на Јане Сандански. Бележникот број 5, пак, го утврдува патувањето на Јаворов до Женева и Париз во 1904 година. Очебијно, Јаворов не сакал белешките да им бидат достапни на оние што во тоа време го одбегнувале, ниту пак на подоцнежните љубопитни погледи. Да не заборавиме дека во тоа време малкумина имале познавања од стенографијата. Многу подоцна, кога потписникот на овие редови активно се занимаваше со стенографија, интересирањата за стенографијата беа особено големи. Но, да се вратам на прочуената фраза на Делчев, запишана од Јаворов на 12 јануари 1903 година. Во досегашната редакција на Ганка Најденова - Стојанова „Летопис. . . . “, 1986 г. стр. 181 таа звучи вака: / Јас: Црното забулено. Дел/ ч/ев ќе го искинам тоа забулено. Ќе огрее сонцето на слободата, не на секое сонце. Јас. . . / Бидејќи Јаворов на повеќе места со стенографски запис ги запишува целите зборови, нивното прочитување не е воопшто тешко. Во контекст на дневната врева што ја покрена бугарската пропаганда изгледа дека проблемот е само во прочитувањето на зборот „секое“, кој според новата редакција е определен како „бугарско“. Практично, бомбата на дневните пропагатори отпорано ја фрли Најденова-Стоилова, а денес тие се држат за фитиљот. Утре: Големи фалсификати со една цртичка