- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ШПИОНИРАЛЕ ЗА БУГАРИЈА
Велизар Енчев, дописник на „Отечествен фронт“ од Белград, повеќе од шест години создавал шпионска мрежа во Македонија
Пишува: Виктор Цветаноски
Бугарски шпион повеќе од шест години, од 1987 до 1993, ја крстарел Македонија и ги информирал тајните служби на Софија за се' што се случувало во годините пред и по распадот на Југославија. Со акредититиви на постојан дописник од Белград на весникот „Отечествен фронт“ и на Бугарската национална телевизија влегувал во кабинетите на највисоките македонски раководители и разговарал со нив. Истовремено, тој создавал мрежа на агенти од пробугарски ориентирани македонски граѓани во повеќе градови и села. Неколкумина од тие агенти станале видни македонски политичари. Тој ја организирал и првата официјална посета на Љупчо Георгиевски и Доста Димовска на Софија. Овие и многу други детали од својата разузнавачка дејност во бивша Југославија, пред се' во Македонија, ги открива Велизар Енчев во штотуку објавената книга „Јас бев во разузнувањето“.
„Кон крајот на 1991 година му предложив на раководството на Националната разузнавачка служба на Бугарија да ги покани на официјална посета водачите на демократската македонска опозиција. Новосоздадената опозиција беше олицетворувана од ВМРО-ДПМНЕ и на чело на движењето беа авторитетните личности Љупчо Георгиевски и Доста Димовска. Од своја страна прифатив ангажман да спроведам сондажни разговори со водачите на партијата, кои уште не ги познавав. Некои министри во владата на Никола Кљусев имаа пријателски однос кон Софија, додека претседателот Киро Глигоров беше на другата страна. Оценив дека една официјална посета на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Софија, која ќе биде примена од претседателот и од лидерите на парламентарните партии, би имала позитивен политички ефект во двете држави. Така на македонистите во Скопје ќе им одржиме лекција за балканска дипломатија, зашто не тие, туку опозицијата прави чекор за зближување со Бугарија.“, пишува во штотуку обајвената книга Велизар Енчев за своите шпионски години во Македонија.
ПОЧЕСТИ Откако Софија дала согласност за посетата на Георгиевски и Димовска, побарал средба со првиот лидер на ВМРО кој веднаш ја прифатил идејата за посета на Бугарија. По една седмица ги уточниле деталите и во почетокот на февруари 1992 година тргнале за Софија. Тие со нивниот, а тој со сопствениот автомобил. Како што пишува бугарскиот шпион, за време на патувањето автомобилот на Георгиевски и Димовска на двапати бил сопиран од македонската полиција за проверка за на крајот да биде пуштен да го продолжи патот кон граничниот премин Деве Баир, каде од другата страна на границата ги чекала колона мерцедеси на протоколот на бугарскиот претседател. На Георгиевски и на Димовска им биле приредени сите почести на официјална делегација и нив ги примиле највисоките бугарски раководители. Одржале средба и со Красимир Каракачанов за која не сакале да пишуваат бугарските медиуми за да не дознае македонската јавност.
Енчев, кој за својата шпионска работа по враќањето во Софија бил награден со амбасадорско место во Хрватска од тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов, вели дека неговото ангажирање за шпион на бугарските тајни служби не одело така лесно и дека во почетокот одбивал да се занимава со тоа. Меѓутоа, предизвикан од идејата да работи во Македонија и во Србија и, како што вели, да ја продолжи каузата на поколенијата кои се бореле за бугарската идеја во Вардарска Македонија и во западните покрани, како што во Бугарија се нарекува источниот дел на Србија, прифатил да стане шпион, нешто што денес во Бугарија било анатемисано.
„Откако владата на Станишев ги отвори архивите на надворешното разузнавање и стави знак на еднаквост меѓу политичката полиција и разузнавањето, осознав дека молчењето не е злато. Тоа е предавство кон луѓето, кои дадоа се'е од себе за да им служат на бугарските национални интереси во Србија и во Македонија. Во западните покраини (Србија) живеат 30.000 Бугари, а славјанското население во Република Македонија е 90 проценти бугарско. Независно од политичкиот систем во Бугарија во 20 и 21 век, во тие окупирани бугарски земји нашето разузнавање имаше само една цел – да го зачува бугарскиот етнос од асимилација, да ги гарантира неговите човечки права, да и помога на нашата дипломатија во интернационализирање на бугарското прашање во Југославија. Затоа решив: Луѓето нека дознаат што правел еден офицер од Националната разунавачка служба во Скопје, Белград, Приштина, во Сараево“, ги образлага причините Енчев зошто се решил да прозборе за работи кои најчесто остануваат државна тајна.
АГЕНТУРА Бугарскиот дописник на „Отечествен фронт“ во Белград првата година главно се занимавал со собирање и анализирање на информации и проценка на состојбите, а потоа решил да поработи и на терен. Во втората година направил измени во разузнавачката дејност и им дал предност на прогнозите и на создавање бугарска агентура во Македонија и Србија. „Често патував во Македонија на неколку дена – посетував цркви, манастири, културно-историски споменици во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, десетици села и паланки, создавајќи им работа на македонските служби за следење. Едно време тие престанаа да ме следат, веројатно процениле дека тоа е чист труризам. И тогаш дојде времето за вистинска работа.
Со согласност на Центарот си поставив неколку цели – не само да собирам информации за политичките, етничките и верските процеси во Вардарска Македонија, но и да привлекувам луѓе за бугарската кауза кои го зачувале бугарското самосознание на нивните татковци. Започнав да создавам мрежа од луѓе верни на Бугарија кои ни даваа информации и ги спроведуваа нашите интереси во соодветниот сектор. Подоцна од тој пријателски круг излегоа неколкумина видни политичари на Република Македонија, чии што имиња не можам да ги спомнам од разбирливи причини. Без помошта на сите тие луѓе беше невозможна да се наложуваат бугарските интереси во Вардаска Македонија“, објаснува Енчев како ја создавал својата мрежа на шпиони.
Тој не ги споменува имињата на видните македонски политичари кои влегле во највисоката власт, но затоа ги пишува иницијалите на еден негов соработник кој веќе не бил меѓу живите. „Станува збор за А.Л. Една седмица по нашата последна средба тој беше најден обесен во гардеробата на својот стан. За неговите блиски и пријатели немаше никакво сомнение – А.Л. беше убиен од македонските служби за безбедност, каква што беше судбината и на други бугарски патриоти во Македонија„, пишува Енчев, подвлекувај ќи дека А.Л. бил убиен откако му се јавил по телефон за време на една посета во Белград.
ПРЕДЛОГ НА СРБИТЕ Користејќи ги акредитивите на бугарски дописник од Белград, тој разговарал и со Лазар Колишевски. „Побарав средба со Колишевски не само поради новинарско љубопитство. Однапред знаев дека тој нема да ми даде интервју. Сакав да ја почувствувам природата на највидниот македонист во Скопје, да ги допрам неговите човечки сетила за да можам подобро да ја разберам генезата на македонската идеја“, пишува Енчев, кој со Колишевски се сретнал во македонското собрание и со него разговарал еден час. Не добил никаква разузнавачка информација, но затоа пак на македонското контраразузнавање му дал до знаење дека како вистински дописник може да се сретне и со највисоките македонски раководители.
Летото 1988 година направил интервју со Глигорие Гоговски, тогашниот претседател на Извршниот совет. Меѓутоа уредникот на неговиот весник „Отечествен фронт„ ги исфрлил сите искажувања на македонскиот премиер за македонското малцинство во Бугарија и за македонската нација. Но затоа, пак, „Нова Македонија“ интервјуто го објавила целосно.
Енчев раскажува дека на неколку дена пред 10 ноември 1989 година во Софија пристигнал познат српски писател од тесното опкружување на Слободан Милошевиќ во специјална мисија. Неговата посета ја органзирал лично тој и, според него, човекот на Милошевиќ на бугарските раководители со кои се сретнал им го предложил следново:„ Бугарија има проблем со турското малцинство, Србија – со Албанците. Нека ги обединиме нашите усилби и да ги решаваме заеднички тие проблеми. Освен тоа Србија нема да претендира повеќе кон Вардарска Македонија, која што може да помине под бугарско влијание...“.
Бугарскиот шпион во својата книга нагласаува дека деновите пред прогласувањето на независноста на Македонија неговите претпоставени биле на штрек. Дел од раководството на Националната разузнавачка служба било прекомандовано во еден мал град на границата со Македонија каде го чекало неговиот извештај со проценка дали Србија ќе изврши агресија на Македонија, како што тоа се случило со Хрватска и со Босна.
Енчев во својата книга се фали дека тој спречил Михаил Горбачов да ја посети Македонија за време на неговиот престој во Југославија, сметајќи дека македонската страна тоа ќе го искористи за „антибугарска“ кампања. Како што пишува, тој им сугерирал на некои своите пријатели во југословенските весници да напишат коментари дека од дипломатска гледна точка посетата на Горбачов на Скопје била неумесна зашто тоа ќе ги затегнело односите меѓу Белград и Атина. И така, Горбачов, наместо Македонија ја посетил Словенија.
Велизар Енчев му ги предава акредитивите на Фрањо Туѓман по неговото назначување за амбасадор во Хрватска
АМБАСАДОР Бугарскиот новинар и шпион својата кариера ќе ја заврши како дипломат. Во почетокот на 1997 година ќе биде повикан од Стојан Сталев, министер за надворешни работи на техничката влада на Стефан Софијански. Тогаш тој ќе му предложи да биде амбасадор во Загреб бидејќи ја познавал состојбата во регионот и имал контакти со водечките политичари на бившите републики на Југославија. Пресреќен што не го заборавиле, Енчев отворено ќе ги каже своите амбции да биде амбасадор во Македонија. „Бев поласкан од поканата, но и многу изненаден. Меѓутоа, веднаш запрашав: ’А нема ли да се занимавам со Македонија, која што ја познавам најдобро и каде се очекува доаѓање на власт на опозицијата која е блиска до Бугарија’. Стојан Сталев беше отворен: ’Навистина најдобра позиција за вас е Скопје, но таму имаме амбасадор кој добро работи. Освен тоа премногу си јавна личност за држава како Македонија. Во Белград сте вршеле исклучително полезна работа за Бугарија, но сте ги засегнале интересите на раководителите во Скопје и тоа ќе ве ограничи како дипломат’“, ја пренесува Енчев средбата со тогашниот прв дипломат на Бугарија.
И така бугарскиот шпион во Македонија бил именуван за амбасадор во Загреб. Пред да замине во Хрватска на средбата со тогашниот претседател Петар Стојанов прашал дали може како дипломат да се занимава со македонското прашање. Добил согласност и уште во првите денови по пристигнувањето во Загреб ќе почне да ги убедува Хрватите дека Македонците се Бугари. Македонското прашање било покренато и за време на предавањето на акредитивите на Франо Туѓман, кој за време на средбата го запрашал дали е родум од Македонија, зашто слушал дека повеќето бугарски политичари и дипломати имале македонски корен. Енчев му одговорил дека тој нема македонски корен, но дека дедото на неговата сопруга бил со Ванчо Михајлов. Истовремено му објаснил дека историјата на Македонија била неразделен дел од бугарската и дека етнички, јазично и духовно, поголемиот дел од населението во Вардарска Македонија и денес било бугарско. Енчев во својата книга тврди дека Фрањо Туѓман по разговрот со него го сменил мислењето за македонското минато кое било блиско до бугарското мислење.
По средбата со Туѓман, користејќи ги амбасадорските позиции, бугарскиот шпион ќе прави се на Хрватите да им докажува дека Македонците се Бугари, дека Браќата Миладиновци, во зборникот објавен во Ѓаково со помош на Штросмајер отпечатиле бугарски, а не македонски песни.