Divider
Seraphim
Кузман Јосифовски-Питу
(1917-1944), еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОВ во Македонија (1941-1944). Член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев). По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднина на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал честопати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Живеел во Трнодол, а според официјалната верзија смртно е погоден кај фабриката "Алумина" од бугарски војник. Таму има поставена спомен-плоча.
Кузман Јосифовски – Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности. Денеска, како што откриваат историчарите[1], постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во кое тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ.
Во Скопје има уште една спомен-плоча на Кузман Јосифовски-Питу, во дворот на бугарската амбасада.
Кузман Јосифовски - Питу, патриот, човек, Македонец, херој пред своето време.