Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18
Абе нешто се дешавало со фашистиве во Македонија може журка правеле

На почетокот на војната, односно од април 1941 г. до средината на 1943 г., во Вардарскиот дел на Македонија биле ангажирани Петтата бугарска армија во состав од две дивизии и бројна жандармериска сила, една италијанска дивизија, еден германски полк и бројни балистички, квислингшки и колаборационистички сили. Во Егејскиот дел на Македонија биле ангажирани еден бугарски корпус, една германска и една италијанска дивизија.
Во 1943 година во Вардарскиот дел на Македонија, Бугарија испратила уште 1 дивизија (17.) и 2 полка од 29. дивизија, 2 баталјона за обезбедување на железничко-патните правци и бројна жандармерија.
Вкупно, во Вардарскиот дел на Македонија, во 1944 г. имало околу четири бугарски дивизии.
По капитулацијата на Италија пристигнале две германски дивизии и се зголемиле балистичките сили на околу 15.000 луѓе.
Во Егејскиот дел на Македонија бугарската влада ангажирала четири дивизии, а Германците испратиле уште 2 дивизии.
Вкупно, на етничката територија на Македонија во втората половина на 1943 г. и во текот на 1944 г., биле ангажирани 8 бугарски, 4 германски и 1 балистичка дивизија и повеќе самостојни и специјални бугарски, германски, квислингшки и колаборационистички сили.
Уууууууууу:salut: Некоја јака журка имало.
 
.После 1944 и у нас и у вас сите станаха партизани и антифаисти.Тоа е истината.

Моето име, и моето образование се најмалку важни на темава.
Не, да те корегирам само вие станавте после 1944 година партизани и антифашисти, ние си бевме уште од самиот старт на WW2 антифашисти и партизани.

Патот за новоформираните одреди како и за обновување на сите оние кои постоеја во 1941 година не беше лесен.Бугарската фашистичка војска и полиција жестоко се судрија со борците од македонските партизански одреди при нивното формирање и дејствување во 1941 година.Со тоа, тие се уверија дека духот на развојот на оруженото востание кај најширокиот слој на македонскиот народ во Македонија, Скопје и Скопско е во подем и дека бргу се шири во сите средини.........Во согласност со таа директива, поедини одреди ги започнаа своите оружени акции против непријателите.Така на пример, одредите "Даме Груев" , "Питу Гули" и Прилепскиот партизански одред веќе имаа судири со бугарскиот фашистички окупатор а Скопскиот партизански одред води борби кај манастирот Матејче и манастирот Благовештение со непријателски единици, која се наоѓа на Скопска Црна Гора и соработува со окупаторот.Бугарскиот окупатор и неговите помагачи за да се заштитат себе си и својот фашистички режим како и да му олеснат на својот господар Хитлерова Германија.......Бугарскиот непријател зголемувајќи ги своите војничли и полициски ефективи во Македонија, од почетокот на септември 1942 година отпочна офанзива против партизанските единици на просторот од Вардар до Охрид и од Скопје до југословенско-грчката граница на југ.Во таа офанзива учествуваа две дивизии коњанички :nesvest: и други воени единици како дел од Петтата бугарска армија.......

Судири имало и против Италијанците, и со ова ја рушам тезата на Топорчо дека македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор се сведува само на убиството на бугарски офицер во полициската станица во Прилеп, сечењето на телефонските жици и.т.н.Му дадов повеќе локации, со година, местото каде се одвивале тие битки и.т.н.
Сега знам што ќе напишеш, дека коњаничкиве единици ни давале оружје - коњи! :)

Како и да е, еве ја добро познатата бугарска "антифашистичка и партизанска" војска..
736y.jpg


Ќе одиме слика по слика.....
И нека не се осудил некој да ги брише сликите, тоа се аргументи.
 
Така во летото 1943 година, кога по низа успешни акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, “Добри Даскаловви и “Сава Михајловвв”, со своите удари врз окупаторската полиција, војската и контрачетниците, партизаните ја придобија љубовта на својот народ, окупаторот, со три полка бугарска војска и јаки одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, командант на 56.п.полк, во времето од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива заради уништување на партизаните.
Бидејќи не успеа да ги разбие или уништи партизаните, се нафрла на мирното население. Ѕверствата што тогаш ги изврши бугарскиот окупатор во Тиквешијата се споредувани со оние што германската фашистичка војска ги вршела во окупираните територии. Во оваа окупаторска казнена експедиција се стрелани или на друг свиреп начин убиени околу 80 цивилни лица. Кулминација на овие погроми над цивилното население во овој крај е масовното стрелање во Ваташа. На 16 јуни 1943 година, на роденденот на бугарскиот престолонаследник, на најѕверски начин се убиени 12 младинци од Ваташа,меѓу кои деца и ученици од 14 до 16 години. По приведувањето, наводно заради сослушување,тие неколку часа се изложени на бескрупулозна тортура, а потоа над селото стрелани со митралез и потоа одново бодени со ножеви, на некои им се бодени очите, на други им е разбиена главата. Во исто време, во Кавадарци се стрелани 5 лица, меѓу кои две жени на 50 години - Рајна Соколова и Фруса Чедомирова. Во Неготино се стрелани 4 лица.
Во сите овие и други населени места се вршени блокади, заради полесно спроведување на планираниот терор. Многу бачила, плевни и колиби бугарската војска ги изгорела. Уривани се куќи на партизански домаќинства во селата Шивец, Ресава, Ваташа и др.,а имотот на партизаните и интернираните лица е пљачкосуван.
Низ полициски станици поминале повеќе од 100 луѓе, при што многу од нив ужасно се тепани. Меѓу нив се наоѓале машки и женски лица на возраст од 14 до 65 години. Интернирани се 35 лица од Кавадарци, Неготино и селата, на возраст од 15 до 65 години, родители на партизани, мирни селани и граѓани, илинденци и младинци.
Оваа безуспешан офанзива на окупаторот завршува и со 30 мртви и 50 ранети на негова страна. За овие ѕверства, терор и пљачкосувања во Тиквешијата, полковникот Апостолов бил одликуван со орден од царот. Меѓутоа, со овие злосторства бугарските фашисти ја навлекоа на себе омразата на населението на Тиквешијата. Забележано е дека на 40-дневниот помен на стреланите младинци во Ваташа учествувале над 2.000 луѓе.
Репресалии над цивилното население во Тиквешијата бугарскиот окупатор врши сў до крајот на окупацијата. Во наредната година тој презема уште две такви офанзиви, односно казнени експедиции во овој крај. Така, на 13 јуни 1944 година во селото Стрмашево се стрелани без причина една жена и тројца младинци - единствените живи луѓе што останале, а селото, со сета покуќнина, изгорено е до темел.
На истиот датум околискиот управител во Кавадарци издава наредба во рок од два дена да се преселат жителите од селото Ваташа во Кавадарци, од селата Стрмашево, Радња, Страгово, Бухула, Чемерско, Горна и Долна Бошава во Крњевска општина итн. Селаните се присилени набрзина да ги напуштат своите домови и имоти и принудно да престојуват во други места.
Окупаторот заведувал и преки воени судови за прогон на учесниците на движењето во Тиквешко. Драстичен пример за тоа е обвинителниот акт на Скопскиот прек воен суд против поголема група симпатизери на ослободителното движење од Кавадарци од 3 јули 1944 година. Овој обвинителен акт е поведен од заменик-јавниот обвинител при Скопскиот прек воен суд против група од 35 лица, меѓу кои многу жени и 4 малолетни девојки од 16 до 17 години.
(Авторот е професор по меѓународно право и судија на Уставниот суд на
Република Македонија во пензија)
policai20s20glavaru3.jpg
 
Владе точно па ти со средното образование не ми се прави на голем изтражувач.Сите научници станавте..

Уште едно насочување кон лично компромитирање на невкусен начин, не само што ќе те чини перманентен бан тебе лично, меѓутоа под казна ќе одат и останатите бугарски членови. Па ти процени дали ти се исплати.
Изнесувањето приватни информации за личности на овој форум е и правно казниво.


Доколку имаше некои аргументи, немаше да паѓаш толку ниско.
 
Споменици>>12 Ваташки младинци На 16 Јуни 1943 година во месноста „Чаирот,, бугарскиот фашистички окупатор го изврши едно од најголемите злосторства во текот на Втората светска војна во Македонија.
На тој ден беа стрелани дванаесет младинци од с. Ваташа на возраст од 15 до 27 години, а потоа нивните тела на најѕверски начин се масакрирани.
12_Vataski_mladinci_2.jpg


"СЕКАВАЊЕ ЗА ЕДНА МЛАДОСТ"

Овие зборови се напишани на споменикот во Спомен меморијалниот парк на стреланите ваташки младинци. Зборовите се неми сведоци на еден крвав злочин, извршени од страна на фашистичкиот окупатор, а инспириран од повампирените аспирации на бугарската влада за завладување со Македонија и претварање на нејзиното население во бугарско. Бугарскиот фашистички окупатор го спроведе ова ѕверско убиство брз ваташките младинци, бидејќи добро знаеја што преставува селото Ваташа и неговото население во текот на Народноослободителната војна.
12_Vataski_mladinci_5.jpg
По капитулацијата на предвоена Југославија, Македонија подпадна под бугарска власт. Уште во првите денови на окупацијата, во с. Ваташа се чуствува раздвиженост на Скоевската организација. Истата е формирана 1941 година, а во 1942 година во нејзиниот состав влегуваат и стреланите младинци. Активноста на Скоевската организација се состоеше во собирање на оружје, муниција, воен материјал и подготвување на младите за вооружено востание.
12_mladinci003.jpg
Во мај 1943 година е формиран партизанскиот одред „Добри Даскалов,,. Веднаш по формирањето на одредот, Ваташките младинци уште повеќе ја засилуваат својата активност.
Покрај разобличувањето на непријателот тие и материјално го помагаат одредот. Собираат парични средства, облека, храна, муниција, санитетски материјал и истите преку воспоставениот канал кон Моклишкиот манастир ги доставуваат на борците од одредот „Добри Даскалов,,. Крајно огорчени од се позасилениот развој на НОВ во Тиквешијата, окупаторот реши да превземе една офанзива за да го уништи одредот, а истовремено и да го заплаши месното население.

Ми заплакало селото, селото Ваташа.Тринајест роса младинци носат,Моклишко горе в'долови. Целото село станало, станало на нога.Дајте ги вамо нашите деца,Еј, вие клети крвници. Џелати клети не слуша, не слуша народот.Митралез оган фрлија поган,В'градите машки младински в'селото.По тија рамиш полиња родни,Ридишта голи теквешки. Тогај се народ подигна, подигна илјадно,И тргна смело да затре семе,Фашиско, клето, за навек.
 
Бугарската антифашистичка војска во акција која стана таква војска (заедно со македонската) во 1944 година:

744m.jpg


Владе ни една точна дата ни локациа не ми даде.Напротив пишеш за соработници на окупаторон кое иде да рече дека неколко славни партизани са нападнали некое македонско село или вмро чета.Сите настани са нејасни , обшти от рода на рекла казала. Горенаведениот полицаец е местен прилепчанин.

Ете, им даваш локации, им спомнуваш манастири, им спомнуваш региони, им спомнуваш години и пак се прават наудрени...

.Бугарската фашистичка војска и полиција жестоко се судрија со борците од македонските партизански одреди при нивното формирање и дејствување во 1941 година.Со тоа, тие се уверија дека духот на развојот на оруженото востание кај најширокиот слој на македонскиот народ во Македонија, Скопје и Скопско е во подем и дека бргу се шири во сите средини.........Во согласност со таа директива, поедини одреди ги започнаа своите оружени акции против непријателите.Така на пример, одредите "Даме Груев" , "Питу Гули" и Прилепскиот партизански одред веќе имаа судири со бугарскиот фашистички окупатор а Скопскиот партизански одред води борби кај манастирот Матејче и манастирот Благовештение со непријателски единици, која се наоѓа на Скопска Црна Гора и соработува со окупаторот.Бугарскиот окупатор и неговите помагачи за да се заштитат себе си и својот фашистички режим како и да му олеснат на својот господар Хитлерова Германија.......Бугарскиот непријател зголемувајќи ги своите војничли и полициски ефективи во Македонија, од почетокот на септември 1942 година отпочна офанзива против партизанските единиц
 
Кој ли ги истепа сите Македонски борци и Народни Херои во Втората Светска Војна? Изгледа се самоубивале од мака кога гледале колку ни е убаво со Бугарите. Значи, во Македонија немало партизани, немало борба за слобода. Имало само Бугарски ослободители :tapp:. Цело време кажувам дека од почеток сета дискусија е свртена кон бугарската кауза. Бугарите испаѓаат добри само ако го избламираат Тито.
Не го сакам Тито (прво тоа да си кажам). Напротив, дента (вечерта) кога умре од една трафика купував гума за џвакање и во дискусија со еден другар нешто се насмеав, без да приметам дека војници кои брзаа за во касарната ме слушнале. Благодарејќи на едниот од нив не јадев ќотек. Тој го свлечка другиот кој сакаше да ме тепа затоа што сум се смеел, а ваму Тито умрел. Па што ако умрел. Не ми беше татко, па да кубам коси по него...
Читајќи ги “братјава“, сепак мислам дека и покрај сите негативности, сепак Тито е подоброто нешто што не снајде. Во рамките на Југославија сепак го држеше Српскиот национализам на “кратко сиџимче“. И во неможност за остварување на идеата за самостојна Македонија (поради непостоење на геополитички предуслови и добра воља од големите сили) сепак тоа беше подобро од ништо...
А дека беше подобро се гледа кога ќе се споредат Македонците во Пиринска и Егејска Македонија со нас. Зошто и тие од 1990 наваму не направија Македонски држави (како Албанците Косово) и зошто останавме само со Вардарскиот дел? Ако бил Бугарскиот режим подобар од оној на Тито, зошто нема Македонска нација, Македонска Академија, Македонски образовни институции, весници и т.н. во Бугарија? Грција не ја ни споменувам, тие барем не се толку лицемери.
 
Одиме понатаму:
Во почетокот на февруари 1943 година беше разбиен Вториот скопски партизански одред.Дел од борците беа ликвидирани, дел се повлекоа во илегалност.Некои од нив ,пак, се најдоа во Шарпланинскиот партизански одред формиран во близината на селото Вратница - Тетовско.Една десетина од овој Одред во почетокот на септември 1943 година се префрлија на подрачјето на Скопска Црна Гора.....Покрај нив се планираше на ова подрачје да се префрлат и по една чета од Кумановскиот партизански одредм а сите заедно да ја организираат и развијат борбената активност на Скопска Црна Гора, Карадак и другите подрачја........благодарение на високата патриотска свест на ова население и нивната приврзаност кон целите и задачите на оружената борба на македонскиот народ и малцинствата , љубовта кон слобода и независност не само што успеаја да ги сочуваат борците додека се наоѓаа во нивната близина туку и достоинствено да ги издржат сите репресалии и физички тортури на бугарското непријателско безумие не дозволувајќи партизанските борци да паднат во непријателските раце.

И така, додека одиме понатаму со патешествието, уште слики од бугарската антифашистичка и окупаторска војска:

А на сликата инаку што ја покажав, не е само еден офицер, туку двајца, и тие не се наместени туку тие стрелале македонски патриоти во полициската станица во Прилеп.
Инаку, од Пловдив познавав по форумиве само еден човек кој како тебе исто така да се прави наудрен.......а од еден форум го банираа, гледам и на другиов му се ближи крајот.

Тоа ли е конкретно за тебе ?

Да те прашам тебе што подразбираш под ова.

Скопје и Скопско

Јас подразбирам, Скопје и цел скопски регион.Ајде ќе се вратиме во прво одделение и ќе го учиме Топорчо за значењето на зборовите.


.Која патетика.
.

?????

"судири со бугарскиот фашистички окупатор"

И кажи ми Топорчо, што ти говори оваа реченица на тебе???

Уште слики од мојата галерија на бугарските антифашистички ослободители:
821sl.jpg
 
Покрај интернацијата окупаторот вршел масовни иселувања на населението.
Започнале со иселувањето на Србите колонизирани 1918 година, а до декември 1941 година иселиле 26.451 Србин, со цел да се создаде чиста "бугарска етничка територија". Потоа ги иселувале семејствата на македонските комунисти и семејствата на оние регрути кои не се јавиле на повик да служат во бугарската окупаторска армија.
По различни основи бугарскиот окупатор само до март 1942 година од Македонија иселил 5.000 лица.
Покрај наведениве на народот особено тешко му паѓало преселувањето на цели села, од едно во друго.
Од имотот не можело да се носи ништо.
Такви преселувања најмногу имало во Кавадарската општина.
На тој начин без свои домови и огништа останале 34.000 луѓе.
Освен принудната работа, интернацијата и присилните иселувања, македонскиот народ особено тешко ги доживеал окупационите затвори и депортирањето во концентрационите логори.

Само низ скопскиот затвор "Идризово" во текот на окупацијата поминале 8.000 затвореници од кои 500 биле жени.
Поради својата непокорност македонското население било упатувано во разни фашистички концентрациони логори.
На почетокот во 1941 година ги упатувале во концентрациониот логор "Гонда вода" во Бугарија.
Таму биле депортирани околу 1.130 Македонци.
Во логорот "Св. Никола" ги депортирале жените.
Од 1.450 жени од Југославија, најголем број биле Македонки.
Целокупното безвластие и самоволие над македонскиот народ, согласно со фашистичката регулатива, го спроведувале и највисоките правни инстутиции, Касациониот суд во Софија и Воениот суд во Скопје.

Во Македонија бил формиран и Прек воен суд кој бил подвижен.
Воените судови во периодот од 1 јануари 1942 до 4 септември 1944 за различни престапи изрекле бројни пресуди:
Смртни 1590, извршени смртни пресуди 199, осудени на доживотен затвор 1.133, осудени на временски затвор 7.324.
Освен осудените, воените судови обвиниле 12.461 лице за кои се предвидувала смртна пресуда.

Според непотполните податоци на Македонската земска комисија за жртвите и страдалниците на воените злосторства на окупаторот, теророт и военото злосторство во Македонија ги имале следните последици:
убиени 5.476 души,
мачени и претепувани 8.280,
апсени и интернирани 50.414, [во таа бројка не се опфатени интернираните во месните рудници и претпријатија), вкупно 64.170 души.
Наведениве злосторства се направени врз цивилното население.

Во тие податоци не се внесени загинатите и ранетите борци над кои исто така се вршеле злосторства, па од тие причини податоците ги сметаме за непотполни.
Во извештајот на Државната комисија за утврдување на воените злосторства од страна на окупаторот и домашните издајници испратен до Владата на ФНРЈ во мај 1946 година само за бугарскиот окупатор се наведуваат 1.568 лица кои извршиле воени злосторства.
Од наведениве за 1.052 злосторници се истакнува дека се наоѓаат во Бугарија.
Од своја страна Македонската земска комисија доставила до Државната комисија на ФНРЈ одлуки за 635 домашни предавници, осудени како воени злосторници, а за кои, исто така, се претпоставува дека се во Бугарија.

Страдањата на Македонија под режимот на фашизмот, покрај наведениве жртви, го манифестираат плачкосувањата и економскиот пустош кој останал во земјата по ослободувањето.
Македонија во почетокот на 1941 година располагала со 87 разни рудници.
Од нив Германија извлекувала 155.000 тони годишно, а во исто време Бугарија во "старите" краеви произвела 53.000 тона што претставува приближно 1/3 од добиената руда од Македонија.
Според непотполно утврдените податоци, економските загуби на македонскиот народ за време на окупацијата изнесувале:

на бугарското окупационо подрачје:
а) во областа на националниот имот 235.385.649 долари,
во областа на националниот доход 231.300.547 долари.
Вкупно 466.686.196 долари по курс од 1945 година.


bg_akcionni_komiteti_deklar.jpg

Богданов и другите бугарски раководители од време на окупацијата на Македонија во 1941година, со апели и прогласи се надеваа дека ќе ја бугаризираат Македонија



Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чуствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци.

- Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата - поротник*)

- Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи.

- Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? (прашање на судијата - поротник *)

- Од нив се бараше да бидат задоени со идеата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија - авт.) по секоја цена, под Бугарија.

- Дали тие ја оправдаа довербата?*

- Да.

- Како?

- Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидација, егзекуција, палења итн.

- Кој всушност, го вршеше тоа - војската или полицијата?

- Заедно.

- Како се убивани Македонците?*

- Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар...“

(Од судењето на Асен Богданов, полициски начелник во Скопје, од книгата на Јован Павловски „Судењето како последен пораз“ Тетово 1977, стр. 75).

 
Борг Дроне, доволно е. Мислам дека ја сфаќаме поентата, а џабе дискусија со Топорлакис. Најмалце е дојден тој за тоа.

Нема што да му се објаснува повеќе. Постои воена статистика во АРМ а и на нивниот сајт, а постојат и Бугарски воени гробишта.

Темата е - ТИТО И МАКЕДОНИЈА.

За последен пат!
 
Споменици>>12 Ваташки младинци На 16 Јуни 1943 година во месноста „Чаирот,, бугарскиот фашистички окупатор го изврши едно од најголемите злосторства во текот на Втората светска војна во Македонија.
На тој ден беа стрелани дванаесет младинци од с. Ваташа на возраст од 15 до 27 години, а потоа нивните тела на најѕверски начин се масакрирани.
12_Vataski_mladinci_2.jpg


"СЕКАВАЊЕ ЗА ЕДНА МЛАДОСТ"

Овие зборови се напишани на споменикот во Спомен меморијалниот парк на стреланите ваташки младинци. Зборовите се неми сведоци на еден крвав злочин, извршени од страна на фашистичкиот окупатор, а инспириран од повампирените аспирации на бугарската влада за завладување со Македонија и претварање на нејзиното население во бугарско. Бугарскиот фашистички окупатор го спроведе ова ѕверско убиство брз ваташките младинци, бидејќи добро знаеја што преставува селото Ваташа и неговото население во текот на Народноослободителната војна.
12_Vataski_mladinci_5.jpg
По капитулацијата на предвоена Југославија, Македонија подпадна под бугарска власт. Уште во првите денови на окупацијата, во с. Ваташа се чуствува раздвиженост на Скоевската организација. Истата е формирана 1941 година, а во 1942 година во нејзиниот состав влегуваат и стреланите младинци. Активноста на Скоевската организација се состоеше во собирање на оружје, муниција, воен материјал и подготвување на младите за вооружено востание.
12_mladinci003.jpg
Во мај 1943 година е формиран партизанскиот одред „Добри Даскалов,,. Веднаш по формирањето на одредот, Ваташките младинци уште повеќе ја засилуваат својата активност.
Покрај разобличувањето на непријателот тие и материјално го помагаат одредот. Собираат парични средства, облека, храна, муниција, санитетски материјал и истите преку воспоставениот канал кон Моклишкиот манастир ги доставуваат на борците од одредот „Добри Даскалов,,. Крајно огорчени од се позасилениот развој на НОВ во Тиквешијата, окупаторот реши да превземе една офанзива за да го уништи одредот, а истовремено и да го заплаши месното население.

Ми заплакало селото, селото Ваташа.Тринајест роса младинци носат,Моклишко горе в'долови. Целото село станало, станало на нога.Дајте ги вамо нашите деца,Еј, вие клети крвници. Џелати клети не слуша, не слуша народот.Митралез оган фрлија поган,В'градите машки младински в'селото.По тија рамиш полиња родни,Ридишта голи теквешки. Тогај се народ подигна, подигна илјадно,И тргна смело да затре семе,Фашиско, клето, за навек.еве ти со име и презиме
 
http://www.sojuznaborcibitola.org.mk/1942.htm

Битола.
1 Мај 1942 година
Први заробени партизани


Раководството на партизанскиот одред „Пелистер“ задолжила свои три другари, Ѓорги Наумов, Никола Ѓоргиевски- Никлецо и Стеван Трајковски- Тефико, да готват јадење за Одредот. Ненадејно една бугарска единица ги опколила и бидејѓи биле изненадени, а и немале оружје нужно за спротиставување,ги заробиле. Тројцата партизани биле врзани и спроведени во участокот восело Дихово, каде продолжило тепањето, од што биле обезличени. Потем сето, „сослушувањата“ продолжиле во истражниот затвор во Битола. Ги „испитувале“ обично ноќе по 20 часот дури и по седум саати. Таквото измачување траело, со ред исклучоци, 70 дена. Потоа бил организиран процес кој траел од 15 до 23 јули истата година.
3 Мај 1942 година
Трагедијата во Ореовската корија


Дознавајќи за постоењето на партизански одред во близината на Битола, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале блокада на месноста каде се наоѓал одредот, т.е.во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани околу неколку илјади лица, војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 Мај веќе бил затворен. Уште во самото утро, Одредот ја прифатил нерамната борба. Во борбата, партизаните покажале беспримерна храброст и пружале голем отпор. Тогаш загинале Елпида Карманди -Бисера (ранета, после убиена), Јосифовска Мара-Ѓурга, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Хаџипоповски Димче, Михајловски Ордан-Оцка и Јордановска Јоска-Сандански.
Во знак на сеќавање на оваа нермна борба, народниот пеач испеал многу жална песна.
3 Мај 1942 година
Димитар Николовски-Таки Даскало


Димитар Николовски е првоборец-партизан од Битола чија смрт народот ја опеал во позната песна. Роден е во Битола 1921 година. Се школувал во родното место до IV клас гимназија, а потоа учел учителска школа во Скопје, Цетиње и Алексинац. За време окупацијата се вратил во Битола каде и матурирал. Неговото дружење со Стив Наумов, В. Нечевски, Д. Кепески, Елпида Караманди и други прогресивни младинци допринело нивните прогресивни идеи и Таки да ги прифати. Така Таки станува член на КПЈ. Илегалната партиска работа и членството во МК-Битола ја напуштил во април 1942 година, кога станува член на партизанскиот одред „Пелистер“. Таки бил не само член, но и политички комесар на Одредот.
На 3 мај 1942 година после откривањето на Одредот и настанатите борби со бугарската војска и полиција, Таки Даскало загинал херојски.
3 Мај 1942 година
Елпида Караманди


Елпида Караманди е народен херој на Југославија. Родена е во градот Лерин- Егејска Македонија на 2 Јануари 1920 година.Завршила гимназиско образование во Битола. Во прогресивните редови на тогашната гимназиска младина Елпида брзо се вклучила, а наскоро станала член на СКОЈ. Во периодот на окупацијата со успех работела меѓу женската младина.
Кога во 1942 година бил формиран одредот „Пелистер“ Елпида станала член на истиот со партизанско име „Бисера“. По откривањето на Одредот, Елпида дала достоен отпор. Меѓутоа, во борбата била ранета. Бугарската полиција ја фатила, а потоа и ја убиле.
Народот и посветил песна.
3 Мај 1942 година
Димче Хаџи Поповски


Димче Хаџи Поповски е роден 1922 година во село Буф-Егејска Македонија.По окупацијата бил регрутиран во бугарската армија, од каде дошол во отсуство во месец април 1942 година и не се вратил назад, туку се поврзал со Партијата и божем заминува на отслужување на воениот рок, на првата станица со уште двајца другари скокнуваат и се поврзуваат со Кочо Десано, за по еден ден да се префрлат во партизанскиот одред „Пелистер“. Познавајќи јавоентата обука, Димче ги обучувал своите другари со ракување со оружје. Во припремите да го прослават Први Мај партизаните биле изненадени од бугарскатаполиција. Во нерамната борба, водена кај Ореовската Корија, Димче борејќи се, храбро загинал оставајќи светол пример на борец за останатите поколенија.
6 Мај 1942 година
Убиството на Ќурчиев


За сите уапсени членови на КПЈ во Битола, сите службеници на полицијата биле опасни, затоа што нивниот однос бил повеќе садистички отколку службенички. Меѓутоа, меѓу нив особено бил неснослив бившиот член на БРП, а во Битола обласниот политички началник Ќурчиев. Во една ненадејна средба пред денешната зграда за дефектни деца, секретарот на МК на КПЈ-Стив Намов немајќи друг избор, наместо лична карта извадил револвер и на место го усмртил Ќурчиев. Иако Партијата не била за примена на индивидуален терор, сепак го оправдала Стив зошто за него тоа бил единствен излез од безизлезната ситуација.

7 Maj 1942 година
Потрага по Стив за Битола


Битола, во утрото на 7 Мај 1942 година, била блокирана и Битолчани не можеле да одат на работа. Сите градски улици биле запоседнати од бугарски војници, додека полицајците и агентите, распоредени во групи, оделе од куќа в куќа, да вршат претрес.Всушност, блокадата била организирана со цел фаќање на Стеван Наумов-Стив кој само пред неполн ден, т.е. вечерта на 6.V. 1942 година го ликвидирал обласниот полициски началник Ќурчиев. Полицијата сметала дека за тоа кусо време Стив не можел да го напушти градот и дека некаде е во Битола, кое нешто било и точно. Меѓутоа, градот не го предал народниот борец. Тој го скрил во своите пазуви и напразни биле претресите и малтретирањата што ги вршела полицијата.
Тоа била прва целосна блокада на Битола.
Лејјјј сојуз на борцте :vozbud: на битола има дневник за што правеле секој ден во само за во Битолско.
Абе овие колку што направиле за 3 години толку и комитите направеле во 1 век.
 
Промоторор Китановски, за книгата „Петте судбоносни години во Егејска Македонија„ изјави дека од денеска Македонската култура и лутература се збогатуваат со монографијата на покојниот др. Ристо Киријазовски.

-Книгата е магистрално дело кое се обидува да одговори на прашањата за масовното учество на Македонците од егејскиот дел на Македонија во граѓанската војна и односот на комунистичките партии на чело со источните земји, улогата на комунистичката партија на Грција за етничко чистење на Македонците и од друга страна односот на Комунистичката партија на Југославија на чело со Тито, рече Китановски.

Извор http://sitel.com.mk/?ItemID=FABE0B48BCFD4C4780B5E97478BA9028


Оваа книга , промовирана денес сигурно ќе понуди интересни податоци, за односот на тогашната Југославија кон Македонците од Егејскиот дел...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom