Да CAbeltel ги има правата за HBO но нема да биде достапна во првиот туку во 4тиот пакет кој изнесува 450 денари. Не знам за Макс тв но на тлекабел основниот пакет за дигитална телевизија е бесплатен, а во него веќе има пакет за возрасни.
Стојан Ѓорговски, од „Кејблтел“, бугарската фирма што неодамна купи 13 кабелски оператори, вели дека тие ќе пренесуваат само телевизии за кои имаат добиено дозвола за реемитување во Македонија. Тој тврди дека се обезбедени авторските права за ТВ Нова преку ЗАМП и здружението на кабелски оператори.
- Сите наши кабелски оператори имаат добиено потврда дека им се регистрирани програмските пакети од Советот за радиодифузија. Од почетокот на јуни ќе се здружат нашите скопски оператори Зора, Максат, Кабелсат, Кадис, Кабелфокс и Галакси. Тие ќе се поврзат со оптички кабел и ќе се емитува една програма од заедничката централа на „Кејблтел“. Во следните месеци вакво поврзување ќе направиме и со градовите Штип, Велес, Куманово и Тетово, каде што имаме оператори - вели Ѓорговски.
Кабелските оператори, исто така, треба да обезбедат превод на македонски јазик за каналите што се реемитуваат со титл на странски јазици. Под удар на оваа законска одредба ќе се најдат каналите Холмарк, ТВ 1000, Дискавери, Нешнел џеографик, Супер мувис, кои сега се емитуваат со титл на српски, хрватски, бугарски и на арапски јазик.
ХБО и порно со доплата welcome to the digital porn century...
Кејблтел на гледачите, покрај основниот пакет со 60 програми, од следниот месец ќе им понуди и два дополнителни пакета со доплата од околу 300 денари. Еден пакет ќе биде со дигитална телевизија, а вториот ќе биде со атрактивниот канал ХБО, кој емитува нови филмови и серии, и со порно канали. Во Кејблтел велат дека преводот на програмата ХБО ќе биде на македонски јазик за што еднократно платиле 80 илјади евра. Овој канал засега ќе може да се гледа само преку нивните оператори зашто тие ги имаат ексклузивните права за Македонија.