^ Гледај сега. Сам ништо не си забрануваш. Значи имаш една корисничка сметка за администратор и лозинакта ја знаеш само ти. Останатите кориснички сметки, меѓу кои и една за тебе се стандарден корисник. И чим треба да правиш нешто што бара администраторски права десен клик и Run As Admin. Дури ни тоа немора, UAC сам ќе си рипне кога му треба. Пишуваш лозинка и завршена работа. Така е во виста и 7ка и е многу попрактично од XP каде UAC не постоеше, немаше Run as Admin (односно има ама тоа е поинаку, полошо изведено. никој не го користеше).
Која е причината за некористење на администраторски корисник? Процес кој работи под администратор има право да запишува секаде, процес кој работи под стандарден корисник нема право. Ова веќе го кажав. Што ако малициозен процес се стартува под администраторка корисничка сметка?
Кај Виста и 7ка има додатно олеснување, ама постои поголем ризик. Таму и процесите стартуван под администраторки корисник се стартуваат без такви права освен ако не стегниш да се стартува како админ. Е тогаш UAC ќе рипни, ама овојпат не прашува за лозинка туку само имa Continue. Ризикот е тоа што можиш да не внимаваш и на штетен процес да стегниш веднаш Continue. Кога пишуваш лозинка барем имаш време да го прочиташ името на процесот.
Само немој сега да ми кажиш и дека UAC го исклучуваш.
Како и да е, според мене и други, користење на стандарна корисничка сметка за секојдневна употреба е најдобра заштита од штетни програми. После иди антивирусот. Што мислиш зошто се фалат линуксашите дека Линукс е најсигурен систем? Таму е најнормално ова. Значи стандарден корисник на Windows + антивирус кој целосно автоматски си брка работа (пример Нортон не те ни прашува дали да го чисти вирусот или не ако го фати) и повеќе ич да не береш гајле за штетни програми. Затоа имам речено јас Vista и 7ка се еднакво безбедни колку и Линукс кога станува збор за штетни програми.