Tonchie
BATTERY +
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2009
Организатори:
Фото сојуз на Македонија
Фото клуб ФОТОГРАФИКА – Скопје
Дом на АРМ – Скопје
П Р О П О З И Ц И И
ТЕМА: СЛОБОДНА
Право на учество на изложбата имаат сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори и професионални фотографи.
Секој автор може да конкурира со максимум 10 фотографии. Во рамките на изложбата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2009 ќе се одржи и младинска изложба. На младинската изложба право на учество имаат автори помлади од 21 годинa.
На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците според Правилникот за изложби на ФСМ: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса и звање во ФСМ, доколку го има авторот.
На фотографиите за младинската изложба треба да се назначи дека се за младинската изложба и треба да се напише годината на раѓање на авторот.
Ќе се примат црно-бели и колор фотографии во која било техника до формат 30х45 cm или изведени формати.
Фотографиите кои досега учествувале на претходните ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА нема да бидат прифатени за жирирање.
НАГРАДИ:
Трочлено жири ќе додели:
• Прва, втора и трета награда за колекција на фотографии
• Прва, втора и трета награда за поединечна фотографија
• Две дипломи за колекција на фотографии;
• Две дипломи за поединечна фотографија
КАЛЕНДАР:
Краен рок за прием: 01.10.2008
Жирирање: 10.10.2008
Отворање на изложбата: 20.10.2008
Враќање на фотографиите: 10.11.2008
Фотографиите да се испратат или достават на адреса:
Фото сојуз на Македонија
Градски ѕид Блок 5, П. Фах14
1000 Скопје
Организаторот го задржува правото на репродукција на примените фотографии за потребите на изложбата. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.