Македонците со свеки, Бугарите печалат политички поени на загинатите мизерија, навистина жално, за држвата и народот им
Жителите на Елешец кои учествуваа во спасувањето на преживеаните од хаваријата на бродот „Илинден“, денеска напладне на плажата положија цвеќе и запалија свеќи за покој на душите на удавените бугарски туристи.
Кај присутните сè уште е присутна вознемиреноста од она што го преживеале при спасувањето на настраданите.
Бродот „Илинден“ потона во саботата во близина на кампот „Елешец“, при што се удавија 15 бугарски туристи.
Борисов: Целото безобразие е на Македонците
Коментари (30)
07.09.2009 12:32
Бојко Борисов
Ние ќе ја испитаме одговорноста на бугарските фирми, но во случајов целото безобразие е на Македонците, изјави Борисов кој утрово се вклучил во емисијата „Ова утро“ на бугарската телевизија БТВ.
„На денот на национална жалост секој од нас треба да се смири и да го остави ова на совест на тие кои го створија проблемот. Одговорноста за катастрофата треба да ја сносат Премиерот и министерствата за внатрешни и надворешни работи, како и министерството за здравство.
Какви неправилности и да има во туристичките агенции, во мизеријата во која сакаат да прават бизнис, вината е целосно кај Македонците. Ќе се испита и вината на бугарските компании, но категоричен сум дека целото безобразие е кај Македонците, изјави Борисов за БТВ.
Ако не доцнеше авионот од Охрид кон Бугарија, тој можеше да си дојде и еден час порано, па во тој случај македонските власти не би биле виновни.