- Член од
- 21 декември 2008
- Мислења
- 550
- Поени од реакции
- 22
- Возраст
- 29
Зошто диносаурсот ја премина улицата? Или пак: што е постаро - кокошката или јајцето од диносаурус? Вакви „новокомпонирани“ дилеми може да се јават ако во својата намера успее Ханс Ларсон, палеонтолог од Канада, кој верува дека може од ембрион на кокошка да створи диносаурус.
Па така Ханс тврди дека преку комбинирање на неколку генетски елементи во времето на развој на ембрионот од кокошка може да се репродуцира анатомија на диносаурус.
Пред да помислите дека ви кажуваме виц, еве неколку информации плус за Ханс Ларсон: ова истражување го финансираат Natural Sciences and Engineering Research Council of Canada, Canada Research Chairs programme и National Geographic.
Иако е сеуште во пелени, неговото истражување евентуално би можело да до „испилување“ на вистински предисториски животни. Ларсон тврди дека моментално нема намера да создаде диносауруси од етички и практични причини (шуќур...) бидејќи создавањето на диносаурус од јајце би бил „преголем залак“.
„Ова е демонстрација на текот на еволуцијата“, изјави Ларсон кој со еволуцијата на птиците се бави последните 10 години. „Ако докажам дека постои потенцијал за развој на анатомијата на диносаурусите во птиците, тогаш докажувам дека птиците се директни потомци на диносаурусите“, изјави Ларсон.
Идејата за ова истражување му дошла после една расправа со Џек Хорнер, американски палеонтолог кој работеше како советник на филмовите од серијалот „Jurassic Park“.
Екипата на Ларсон претходно работеше на откривање остатоци од предисториски животни, вклучувајќи осум непознати видови на диносауруси, како и пет непознати видови на крокодили во Нигер. Неодамна тој и неговиот тим открија остатоци од нов вид на месојаден диносаурус во Аргентина.
Мене ова ми изгледа неверојатно:nesvest: Што мислите вие?