Задушницата преживеала кај нас од железно доба до денес

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Истражувањата на железнодопската некропола кај селото Бучинци, Скопско, покажува дека делењето храна било составен дел на погребните ритуали уште пред 2.700 години. Можно ли е таа практика, во основа, паганска, да преживеала до денешни денови, наспроти христијанството, се прашуваат истражувачите

bones.jpg
transparent.gif
Екипа на Музејот на Македонија, под раководство на Страхил Темов, виш кустос за железното време, веќе десетина дена работи на систематско истражување на железнодопска некропола на локалитетот Градиште кај селото Бучинци, Скопско.

Овој локалитет, како што раскажува Темов, има интересна историја.

- Пред дваесетина години, Градиште кај Бучинци е евидентиран како доцноантички локалитет и внесен е на археолошката карта на Македонија.

Подоцна, се откриени наоди од железното време, што потврди дека таму, покрај антиката, постои и друг културен слој, раскажува Темов.

Во 2000 година, екипа на Музејот на Македонија интервентно излегува на терен, бидејќи при ископувања за потребите на нова каптажа, неопходна за водоснабдувањето на селото, се откриени остатоци од артефакти што барале стручна процена.

- Констатиравме ваква ситуација - јама со коски и бронзени наоди од железното време. Коските беа испратени на испитување, кое покажа дека се од животинско потекло. Но интересно беше што меѓу коските немаше ниту едно парче од нивните черепи. Добро, коските од телата се тука, но каде се главите? Тоа сознание ни даде мотив да бараме поддршка за систематско истражување на локалитетот - ја раскажува Темов историјата на локалитетот.

Првите систематски истражувања на Градиште кај Бучинци се извршени во 2005 година.

- Во првата кампања откривме 12 погребувања од железното време. Начинот на извршеното погребување што го констатиравме е редок. Покојниците се положуваат во јама, се редат погребните дарови и врз нив се ставаат речни камења, создавајќи могилка или хумка. Врз могилката се поставуваат амбалажни садови со храна и покрај нив, главата од животното - раскажува Темов.

Бидејќи локалитетот се наоѓа на северните граници на пајонските заедници, овие сознанија се исклучително значајни за Темов.

- Пајонците се нашите автохтони предци. Поради тоа, иако е ова моја научна шпекулација, може ли да се изведе заклучок дека земањето храна на гробовите на мртвите како паганска практика преживеало 2.700 години, од железнодопското време до денешни денови, наспроти христијанството - се прашува Темов.

Овие сознанија од Бучинци им помогнале на истражувачите да го дефинираат железнодопскиот погребен ритуал, кој покажал дека до секоја могилка има место каде што се жртвувани и печени животните пред нивните коски да бидат фрлени во јамата.

- Можеби ќе може да се извлече паралела до денешно време. Знаете, секое погребување кај нас и денеска вклучува храна. Тоа е пагански обичај. Можно ли е паганштината да била толку силна и да опстојала од 7 век пред наша ера до денешни денови, -ја поставува Темов тезата, за која очекува потврда од ова истражување.

Следните две недели, екипата на Музејот на Македонија ќе работи систематски истражувања, од кои се очекува потврда на овие тези.

- Сега работиме на подобро документирање на овие претходни сознанија. Го документираме железнодопскиот погребен ритуал и очекуваме дека со ова истражување ќе го постигнеме тоа - вели Темов.

Археолошкото ископување на локалитетот Градиште е еден од повеќето годинашни проекти на Музејот на Македонија. Автор: Ј.Ф.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom