Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
А името на агенцијата нигде...
Кога германскиот сон ќе се претвори во кошмар – 35 македонски студенти депортирани од Диселдорф

Им ветиле работа во Германија, а стигнале само до граница. 35 студенти од Македонија не успеаја да си го остварат сонот да работат во Германија. Наместо тоа, минале вистински патешествие, и третман небаре се криминалци.
Тргнале на студентска размена, Германците ги депортирале назад. 35 студенти и студентки од Македонија вчера преживуваа драма во обид да стигнат до Германија каде мислеле дека ги чека сигурна работа која им ја ветила агенција за студентска размена.
Тргнале утрово од аеродромот во Приштина, но кога слетале во Диселдорф ги чекало непријатно изненадување. Германски полицајци слушнале дека тие дошле да работат и им побарале работни визи. Бидејќи немале ниту визи, ниту пак од агенцијата им дале договори за вработување - германските гранични служби веднаш ги изолирале во посебна просторија за да им подготват налози за депортирање. За случајот била известена и македонската амбасада, но не можеле да ги убедат германските власти да ги пуштат студентите.
Студентите морале да потпишат документи дека влегле поради работа, а германските полицајци им удриле печат во пасошот дека се депортирани. Потоа студентите со полициска придружба биле качени во авион за Приштина. Кога стигнале во Косово прво чекале да излезат сите патници, па потоа косовската полиција ги презела и ги сместила во една просторија на аеродромот. Кога биле средени сите формалности, депортираните студенти се качиле во автобус и тргнале за Македонија. Во Скопје стигнале околу 3 часот наутро по речиси цел ден изгубен во патешествие кое било лошо организирано од агенцијата за студентска размена. За ангажманот на агенцијата и уплатиле по 100 евра, но сопственичката денеска им ги вратила парите.
Миомир Серафиновиќ

31.05.2012, 14:53