Дали некогаш сте размислувале (зборувале во себе) на некој странски јазик?

  • Креатор на темата Креатор на темата Фил Ајви
  • Време на започнување Време на започнување
Се случува чат пат да размислувам на англиски или па да не ми текнува некој збор на македонски и да го кажам на англиски.Влијанието од телевизијата,факсот,интернетот си го прави своето.
Ама затоа тапа ми е спелингот:pipi:
 
Речиси стопроцентно размислувањата во мојата глава се водат на англиски јазик. :)
И секако, така и разговарам со луѓето кои знам дека можам да се разберам.. макар кажала нешто сленговски.
Некогаш ми доаѓа да вметнам нешто како Si, senor или Grazie :icon_lol:
 
Да.Некогаш размуслувам на англиски јазик и некако побрзо доаѓам до решенија,најчесто кога треба да пишувам некој состав или слично.:smir:
 
Да, многу често ми се дешава ова. Најчесто е на англиски, мада забегувам некогаш и накај шпански.
Ми кажуваа дека еднаш у сон на англиски сум зборувала :toe:
 
Дефинитивно најдобар начин да се научи и да се совлада еден јазик е да се размислуваш на тој јазик, само што за жал е невозможно. Да размислуваш е невозможно, а да си зборуваш во себе е можно (се трудам да го практикувам) меѓутоа и тоа не е лесно, а колку и да го имаш совладано еден јазик кога ќе ти дојде зборот до мозокот, потсвесно мора да го конвертираш зборот во мајчиниот јазик да добие мозокот сигнал кој е тој збор и потоа пак да се врати повратно информацијата, така да мора да го вклучиш и мајчиниот јазик. Тоа ти е исто како googlе translate, англискиот му е матичен и на пример ако сакаме од германски на македонски да преведеме некоја реченица прво ќе ја преведи на англиски па потоа на македонски.
 
Англиски често,едно оти работата ми е поврзана со тој јазик, и оти често разговарам на него . Ми се има десено да пцујам на англиски,и често да заменам македоснки збор со англиски
 
Да да ми се случува и тоа многу често, повеќе пати на Англиски и кога сакам да кажам нешто после тоа размислување во мене (нели на англиски) некои зборови ги кажувам на англиски затоа што на Македонски не ми текнуваат во тој момент :)
А честопати на Српски кога си пеам некоја песна во мене, после продолжувам да зборувам Српски и сите ме гледаат зачудено, (не дека зборам добро) но ми викат што ти текна сега па на Српски да причаш :kesa:
 
Размислувам под влијанија, сокчиња, стилизирано-македонско-турски филмови и сакала не сакала морам да мислам на англиски за се да ми делува прифатливо, не затоа што е толку страшно кул или затоа што дечките на тв тоа го прават, туку затоа што во англискиот ќе си најдам доволен фонд на зборови кои што ќе звучат помалку моронски од лоша синхронизација.
Инаку, онака генерално, англискиот е убав за да кажуваш мисли кои што на македонски звучат премногу сериозно и реално, но во секојдневна комуникација, преферирам да говорам на македонски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom