Шкотска - Македонија 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се надевам на победа, но не сум баш оптимист во врска со овие два натпревари.
Ми мириса дека ќе ги изгубиме и двата. :wtf:
 
Се надевам на победа,но мислам дека со Шкотиве ќе завршиме нерешено :)
 
Верувам у победа,и на двете утакмици,мислам дека сме спремни да отидеме чекор,два понапред од она стандардно 4то место на кое бевме неколку квалификации наназад
Мило ми е што Седловски сепак ќе биде со репрезентацијата,бидејќи ни е потребен,истото важи и за Васоски кој повторно е назад :)

шкотска 1-2 МАКЕДОНИЈА
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Уффф, едно е за сигурно. Ќе биде неверојатно тешко да се победат и двете утакмици. Имаме шанси само со победа на едната и со голема среќа за нас, ама веќ ако одием на Светко да си го земеме најсигурниот начин. Се надевам дека за Шкотиве нема повторно да игра Фергусон, па со игра како со Шпанцте и со Исланѓаните во Скопје можеме да се надеваме на наша победа.
 
идеме не победа се разбира. Ама мене пак ме фака страв дека пак ке играме само едно добро полувреме другото катасртифа. Мора да се држат на исто ниво цеоло време ако сакаат да победат. Мораме да играме напагачки да постигнеме први гол и да не се повлекуваме одма туку да се браниме со напагање. Шкотите тогаш ке притиснат па ке има голема шанса да постигнеме и вотр гол и тогаш да си обезбедиме пласман. Ова е мое видување на утакмицата
 
Со Господ напред одиме на победа верувам дека имаме сили НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!:oeoeoe:
 
Не се во форма шкотите тоа мора да го искористиме а и да не подлегнеме на атмосверата на стадионот во Шкотска и да мислат само на 3 бода и 2 полувремиња.Да игра истиот состав против Шпанија шо играше во првиот дел со мали измени и никако измена на полувреме таму негде седумдеста минута.Напред наши
 
Одиме на победа на двата натпревари..само среќата да не послужи :salut:
 
Секогаш идеме на победа се надевам дека нема да не разочарат

МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО!!!
 
Пред едно две години кога беше ждрепката пишав дека едвај го чекам дуелот со Шкотска во Скопје и дека сигурно ќе победиме. Така и беше. Причината е едноставна: Шкотска е никаква репрезентација. Имаат еден познат играч во Дарен Флечер кој сам по себе не е никаква закана за никого, едноставно добро се вклопува во Манчестер и тоа е се. Играта на островјаните ни лежи во принцип и тоа го сватија и Англија, и Република Ирска и Шкотска.

Нас ни е проблем гостувањето и играта на победа. Ние знаеме да се вратиме непоразени од многу потешки гостувања, но кога треба да одиграме на победа ни се јавува голем проблем. Шкотите се во класичен нокдаун по мечот со Норвешка и мислам дека е „сега или никогаш“ ситуација, можеме да одиграме со нив и да ги победиме на нивни терен.

Натпреварот со Норвешка ќе биде нешто сосема поинаку... но да одиме чекор по чекор.

Шкотска мора да падне!
 
Ке биде добро „Рибарите“ да отидат на тренинг комплексот во Охрид и да им дадат подршка на нашите, секако со помош на останатите навивачки групи и слободни граѓани кој се во можност да присуствуваат таму.

Да знаат дека не се сами, и дека цела Македонија е со нив.

Можеби идеален момент е заминувањето на аеродромот. Пред да се качат на авион, да се испратат со песна...а потоа, да се надеваме, на дочек со песна.
 
Ако ги победеме шкотите, тие испаѓаат од игра, а најверојатно Норвешка ќе го победи Исланд. Со победа над Шкотска, ќе ни биде доста и нерешено кај Норвежаните за второ место но не знам како ќе бидат со бодови другите второпласирани.
Мислам дека можеме да се вратеме непоразени. Би било добро Исланд да сакаат да ги завршат квалификациите со стил и да ја поразат Норвешка во Рејкјавик, кога веќе можеа нас, оти не и нив? :)
 
ке биде јако со шкотска во глазгов се надевам на поволен резултат мозе да одлучи еден гол 90 посто тој што ке поведе ке победи се надеавм ние пандев мозе да даде гол само он ке биде најистурен и стојоков тука негде
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom