Шкотска - Македонија 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Уште две недели до моментот на вистината за Македонската репрезентација, поточно за целиот Македонски фудбал воопшто.

Соништата за пласман на едно големо фудбалско натпреварување можат да станат реалност за само три дена, од 5-ти до 9-ти септември. Секако дека мотивот кај репрезентативците нема да недостасува, имаме добри резултати со новиот селектор, подобра игра, повеке шанси...а сега сето тоа треба да се криниса со две (не)реални победи на гостувањата кај Шкотска и Норвешка.


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз денеска го објави списокот на играчи за претстојните квалифициски дуели со Шкотска и Норвешка што ќе се одиграат на 5-ти и 9-ти Септември во Глазгов(16ч) и Осло(19ч).
DSC08610.png

Повикавме 23 играчи меѓу кои три голмани, затоа што во нашиот тим има пет играчи со по еден жолт картон, Пандев, Наумовски , Деспотовски,Шумоликоски и Влатко Грозданоски и во случај на несакани повреди бидејќи играме двомеч да бидеме подготвени за навремена реакција.

Сметаме дека четири дена подготовки ќе бидат доволни да воиграме уште некои варијанти и да отстрани слабости кои ни се случија со Шпанија.

Првиот предизвик Шкотска е најзначен за нас и тука ќе се решава битката за втората позиција во групата. Направивме анализа на играта на противникот и точно ги знаеме нивните добри и слаби страни. Од она што во изминатите десет дена го дознавме во разговори со репрезентативците , сите со нетрпение го очекуваат овој натпревар и со голем оптимизам што ни дава надеж дека со солидна тактичка и психолошка подготовка можеме да го изненадиме домаќинот. Шкотска е извонредно физички подготвена екипа која многу трча, но со скромна рационалност. Во секој случај натпревар кој е предизвик и за фудбалерите и за целокупната македонска јавност.“

На списокот има и неколку нови фудбалери, Ибраими и Нурединовски кои ќе ја дополнат конкуренцијата и ќе ја подобрат уште повеќе атмосферата во националникот тим.

За натпреварот со Норвешка ќе размислуваме по натпреварот со Шкотска и се разбира нивното гостување на Исланд. Реално и ние и Шкотска и Норвешка имаме шанси за втората позиција во групата“- изјави селекторот Јонуз по соопштувањето на списокот.
DSC08631.png


Голмани

1. Николоски Јане - АЕП Пафос Кипар
2. Пачовски Томе - Жерминал Бершот Белгија
3. Нурединоски Един - Етникос Ахнас Кипар

Одбрана

4. Седлоски Гоце - Матерсбург Австрија
5. Митрески Игор - Енерџи Котбус Германија
6. Лазаревски Владе - Полонија Варшава Полска
7. Попов Горан - Херенвен Холандија
8. Новески Николче - Мајнц 05 Германија
9. Мојсов Даниел - Македонија ЃП
10. Васоски Александар - Ајнтрахт Франкфурт Германија
11. Грнчаров Бобан - АПОЕЛ Кипар

Среден ред

12. Петров Роберт - Славија Бугарија
13. Алими Арменд - Милано
14. Шумуликоски Величе - Престон Англија
15. Грозданоски Влатко - Војводина Србија
16. Тасевски Дарко - Левски Бугарија
17. Деспотовски Филип - Ворскла Украина
18. Георгиевски Славчо - Улсан Хјундаи Кореја

Напад

19. Пандев Горан - Лацио Италија
20. Наумоски Илчо - Матерсбург Австрија
21. Стојков Ацо - Арау Швајцарија
22. Ивановски Филип - Полонија Варшава Полска
23. Ибраими Бесарт - Ренова


Собирот е на 30. Август во Охрид во х. Инекс Горица каде ќе се тренира до поаѓањето на 3. Септември
 
Победа на Макеонија....очекувам победа на Мак.... од 1 до 2-0:vozbud:
 
Се знае, идеме на победа. Само нека се пазат на првиов меч овие со жолти картони, доста важни играчи се и кој и да добие жут од нив ќе биде голем хендикеп против Норвешка. Но прво да се мисли на Шкотска па после Норвешка. Се освен загуба ќе биде топ за нас.
 

Голмани

1. Николоски Јане - АЕП Пафос Кипар
2. Пачовски Томе - Жерминал Бершот Белгија
3. Нурединоски Един - Етникос Ахнас Кипар

Одбрана

4. Седлоски Гоце - Матерсбург Австрија
5. Митрески Игор - Енерџи Котбус Германија
6. Лазаревски Владе - Полонија Варшава Полска
7. Попов Горан - Херенвен Холандија
8. Новески Николче - Мајнц 05 Германија
9. Мојсов Даниел - Македонија ЃП
10. Васоски Александар - Ајнтрахт Франкфурт Германија
11. Грнчаров Бобан - АПОЕЛ Кипар

Среден ред

12. Петров Роберт - Славија Бугарија
13. Алими Арменд - Милано
14. Шумуликоски Величе - Престон Англија
15. Грозданоски Влатко - Војводина Србија
16. Тасевски Дарко - Левски Бугарија
17. Деспотовски Филип - Ворскла Украина
18. Георгиевски Славчо - Улсан Хјундаи Кореја

Напад

19. Пандев Горан - Лацио Италија
20. Наумоски Илчо - Матерсбург Австрија
21. Стојков Ацо - Арау Швајцарија
22. Ивановски Филип - Полонија Варшава Полска
23. Ибраими Бесарт - Ренова

Мило ми е што е повикан Седлоскии, и што Васоски конечно се враќа во репрезентацијата :vozbud:
 
очекувам победа на македонија ова е најдобриот македонски состав:oeoeoe::olee:
 
Добра најава Диме очекувам победа во овој дуел секако само храбро и да не се предаваме резултатот ќе дојде.Да имаме реализација на акциите секогаш правиме многу шанси но нема реализација се надевам тренерот ќе почне да ги тренира малце и на тој поглед.Гледам го земале Васовски добар дефанзивец може да притреба а повторно гледам дека го нема Мазнов исто така може да се оцени добро.
 
Најнормалн одиме на победа...
 
Одиме на победа. Ми се допаѓа листата на играчи. Ако изиграме ко што изигравме со Шпанија ќе биде добро и стварно треба да пазиме Пандев и компанија (тие што имаат жолти картони) да не изнудат уште еден жолт.
 
Браво за Васоски кој повторно е стандарден во Ајнтрахт и конечно се враќа во репрезентацијата! Само машки да изиграат и со една победа и малку сплет на околности можеме до бараж да стигнеме! а таму само господ знае
 
Оптимист сум,се надевам на победа и конечно пласирање во баражот.
btw-мило ми е за Васовски:)
 
Од Шкотите имаме само убави спомени, како од натпреварот, така и од навивачите :)
Ова е сега да се биде или не, мора да се оди на победа.Само храбро нека играат нашите, без страв од противникот и да ги искористат сите слабости на домаќините.Се надевам на победа и бараж за СП.
 
да се разбериме. Шкотска дојде овде без шаманот Бери Фергусон, играше во 15 часот, на 45 степени температура. Услови до тогаш невидени за Шкотите. Во Шкотска 365 дена во годината е облачно или врне. Овде кога дојдоа пеколот ги осакати. Никој не можеше да мрдне. Голманов ко да се имаше напиено отпојќе лозова, Флечер играше како да му кажале дека баба му умрела дур купувала лешници..останатите беа подвижни како инкасатори за струја.
А сега

Идеме нагости кај Шкотска на Хемпден парк. Шкотска таму губи еднаш на 500 години. Играме на нивните услови, на услови каде што се навикнати. Кога победа им е неопходна. Кога мора да се победи, а кога си „татко на фудбалот“. Кога фудбалскиот менталитет е неопишлива работа. Шкотска!?!?!
Единствено нешто што е исто е неиграњето на капетанот Бери Фергусон. Без него Шкотска не е иста. Но, овца стадо не прави, па ако сака и волк нека е овцата. Може Шкотска да игра и без капетанот.
Сакам да кажам дека шансите на Македонија, за жал, се минимални. Нерешен резултат би бил неверојатно остварување. Иако британскиот фудбал „ни лежи“, сепак, околностите се поинакви сега.
 
Одличен вовед..
Како и да е ќе биде тешко.Но,ако евентуално победиме и земеме три бода,тогаш во Норвешка сигурен сум дека ќе изгинеме на терен да извадиме позитивен резултат и да влеземе на Светско.
Како и да е надежта последна умира,а јас колку толку верувам дека можеме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom