СКАНДАЛОЗНО - КОЈ ДРУГ АКО НЕ "МАКЕДОНСКИ СПОРТ" ВИ ЈА ОТКРИВА ВИСТИНАТА ЗА ХАЈКАТА НА НИОН ПРОТИВ КЛУБОВИТЕ И ФУДБАЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА
Сами се кодошат, сами се издаваат...
*Во УЕФА на 07.07.2009 е пристигнат факс од скопската фирма "ХИТ Интернационал" со "гнасна" содржина против Милано и ФФМ, дознавме дека Брацо ги "цинкарел" Рафет и Ѕинго на таен состанок во главен град на една централноевропска земја
По скандалите околу "местенките" и акцијата на УЕФА против фудбалската мафија следуваа еден куп невистини, нагаѓања и погрешни претпоставки. Сите се прашуваа како ги фаќаат само нашите иако на сите страни се местат фудбалските натпревари. Некои собра сила и ја осудија УЕФА која во целиот овој случај сак да си ги заштити своите натпреварувања и своите пари. Обвинителот Герхард Капл беше во посета на МВР го донесе досието и најави дека има истрага за уште неколку средби а вчера ние ве информиравме за сите натпревари кои се под лупата на УЕФА. За сите оние кои не знат би нагласиле само дека истрагат не значи дека натпреварот сигурно бил наместен. Затоа постои терминот истрага кој по одредено време се менува во обвинение (ако има докази) или застарено дело (ако за случајот не се најдат сведоци).
За да некои работи бидат појасни за читателите, за фудбалските работници па и другите медиуми следува оваа сторија во која "Македонски Спорт" ја објавува вистината околу досието "Македонија". Околу тоа кој кого мести!? Да се расчистат сметките и да се каже уште еднаш стоп на лагите на ФФМ и Харалмпие Хаџи Ристески кои лажно тврдеа дека "неговата" Победа заработи казна поради пријава и сведочења на новинари.
Вистината гласи дека нашите фудбалски работници кои се во клубовите, федерациите и во фудбалските структури си ги знат едно меѓу други сите гнасотии и бруки кои ги правеле во минатото. Сите местенки, сите црнини и сите малверзации по кои доаѓале до финансиски добивки со местењето на натпреварите. Поминува времето па така и луѓето од пријатели стануват непријатели но во нивниот мозок остануваат тајните кои сега добиваат нови димензии.
УЕФА на 07.07.2009 година почнува да биде "бомбардирана" од серија факсови со низа скандали и обвиненија за наместени натпревари. Истите се инсталирани од Македонија. Од наши блиски извори стигнавме до доказ. На тој 07.07.2009 доаѓа аларм во УЕФА дека Милано ќе го намести натпреварот со Славен Белупо. Некој ја информира УЕФА за случувањат со Бајруш Сејдиу и нагласува дека првиот човек на Милано ќе добие затворска казна од 15 до 20 години. Дека целиот тој случај е со знаење на фудбалското раководство на ФФМ кое дава лиценца на клубот за да истиот го намести натпреварот и заработи пари.
Кој го тоа направи!? Тие што го праќале факсот оставиле трага. Скопскат фирма "Хит Интернационал" од својот факс праќа писмо до УЕФА со "грозна" содржина. Писмото е адресирано до внатрешната контрола во УЕФА која преку свои канали воведува истрага и добива потврдна информација дека ФФМ не ги почитува правилат и му дава на клубот од Куманово лиценца за настап во Европскат лига. Тука лежи клучот за причините поради кои УЕФА ја дистанцира ФФМ и нејзиното раководство кои и пред тоа во случајот Победа на некопликупати ги прекршија правилата на игра. Затоа претставници на ФФМ не беа на приемот на обвинителот Капл во МВР. Затоа што има посебна истрага и против работењето на ФФМ!!!
Кои се "Хит Интернационал"!? Тие се луѓе блиски до Рафет Муминовиќ. Во истото писмо УЕФА добива нов документ за "местенката", Холандија - Македонија за фудбалери до 21 година во 2005 година. За тој меч сега УЕФА има најмногу материјали. Тој меч е во досието уште од одигрувањето и сеуште е приоритет на внатрешната контрола за негово расчистување. Тој натпревар требало да го загубиме со повеќе од 3 гола разлика а крајниот скор беше 4:0 за "лалињата".
Во тој допис не е споменат Слободан Брацо Вујчиќ!!! Спонзорот на пола прволигаши во Македонија живее во страв по казните кои беа изречени кон Победа Прилеп. Брацо влегува во мисија да ја спасува Победа но и тој но и ФФМ не можат ништо. Но Брацо влегува во соло игра. И тој почнува да "кодоши и цинкари" други негови поранешни блиски пријатели. Се обидува да спасува нешто. Дознавме дека тој имал таен состанок со внатрешната контрола на УЕФА во хотел до аеродром во главен град на една централноевропска престолнина. Барал тајност!!! Барал никој да не знае за неговат мисија и се нудел да најде докази за други дела. Неофицијално дознаваме дека тој пред УЕФА давал информации против Рафет Муминовиќ и против Љубисав Иванов - Ѕинго. Дознавме дека се понудил да најде факти за местење на натпреварите од евро-куповите кои ги играле Силекс и Слога Југомагнат. Што сакал со овој потег славниот Браца!?
Ова се факти и докази. Ова е вистината за вистинското лице на оние кои со години дрмаат во македонскиот фудбал. Постојат и многу други страшни работи и цифри кои се вратат околу македонските клубови во нечесните игри на евро-сцената. Сега треба јавноста да знае зошто УЕФА е толку бесна на нашиот фудбал. Затоа што нашите клубови кои играт на евро-сцената добиваат парични бонуси од УЕФА а клубовите со своите нечесни игри го рушат имиџот на интитуцијата од Нион. УЕФА не се бори против фудбалскат мафија во Македонија туку се бори да се заштити самата себеси. Во таквиот обид добива удар од одредени медиуми во земјава кои незнаеќи ја вистинат и истрагата осудуваат некој кој бара "фер-плеј". А сите во земјава кои сме во и околу фудбалот многу добро знаеме кој се работи или работеле во нашите клубови. Не е се така "бело" и ништо не е случајно. УЕФА и нејзините органи тоа многу добро го знаат а го знаат сега и во нашето МВР каде имаат документација на илјадници страници со факти и докази.
Ова е дел од вистината која треба да се знае и новат потврда дека некои од медиумите и новинарите не се кодошите. Времето ќе покаже дека некои медиуми можеби ќе го спаста фудбалот од ова и ќе потврдат дека ФФМ цело време лаже и дека јавноста цело време ја дезинформираше со приказни за мали деца.
И. Д. Ивановски
Дали УЕФА го "лови" Брацо!?
Во времето кога Слободан Брацо Вујчиќ е во Победа клубот од Прилеп е казнет за местење од УЕФА со забрана за настап на евро-сцената од 8 сезони. Пред неколку дена Герхард Капл обвинителот на УЕФА ги отвори картите и најави нови средби кои се под истрага на внатрешнат контрола.
Вардар - Анортозиз од пред 3 сезони кога Брацо Вујчиќ е спонзор на "црвено-црните" и сега Работнички - Одензе и замислете повторно Брацо. Дали УЕФА преку нашите клубови го "лови" претставникот на УФА Медија. Тој е единствената допирна точка со овие три случаи. Згора на тоа бил во тајна мисија и на преговори со УЕФА.
Македонија не е единствена
Кога станува збор за зборот истрага тоа само по себе кажува се. Кога има истрага не се обелоденуваат многу работи за да се стигне до посакуванат цел - до доказите.
За сите оние кои ја жалат Македонија како единствена земја која е на удар од УЕФА само уште една вест. Нашите клубови заедно со екипите од БиХ и Албанија се под посебна лупа на УЕФА.
Клубовите од трите земји како со нетрпение да ги чекат натпреварите од евро куповите. На нивните натпревари се вртат милионски суми. Затоа што само кога настапуват на евро сценат клубовите од овие земји ги има во понудат на обложувалниците. Другите можат да "местат" кога сакаат затоа што ги има постојано и кога играт во домашните шампионати. Затоа УЕФА сега има посебна контрола и врз шампионатите на земјите кои се под нивната капа.
страната во оригинал
http://www.sport.com.mk/WBStorage/Files/2008-03.pdf