СП атлетика - Берлин 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Браво за Болт.:vozbud::vozbud: Ќе го сруши рекордот уште некој пат со оглед дека има уште добри 5-6 години кариера во врвот. Само ова не е ништо подобро од трката во Пекинг. Според стручњаците на таа трка доколку не забавеше при убедливото водство во финишот, тогаш ќе истрчаше 9.55.
Според некои пресметки пак границата која може човекот да ја достигне е некаде околу 9.25 мислам беше(како ги прават пресметкиве кој знае). Болт е вистинскиот човек за тоа.:vozbud::vozbud:

Професорот од Универзитетот Стендфорд, Марк Дени, во неговото истражување дошол до заклучок дека границата на трчање на 100 метри на човекот е 9,48 секунди
Болт денес беше послаб за десет стотинки, но делуваше толку надмоќно што ништо не е чудно да ја побие оваа теза од научникот од Стендфорд. Стварно е ова неверојатно, 9.58, а има само 23 години... Респект, и искрено се надевам дека ќе биде првиот човек кој ќе истрча под 9.50 :pos:
 
Тој може да трча уште и сите останати, само не го прават тоа вака секоја година го рушат рекордот по малку и зимаат милиони. Зарем треба да се објаснува. Истото е и во скокови... Со Исинбаева, која по Олимписките игри во Цирих пак го сруши рекодрод за 1 см.
 
Се сложувам со тебе... така и делуваше, како да може да трча уште побрзо, па на Олимпијадата истрча 9.69, а последните 10 метри ги трчаше на некој начин свртен со грб :pos: Стварно е неверојатно, посебно споредено со Македонските атлетичари... тие уште не се ни на половина, а тој ја истрчал трката :pos:
А за Исинбаева, мислам дека има некоја надолна форма, плус беше и повредена, ама сепак ќе атакува на нов рекорд :raz: Ќе видиме утре, мислам дека после 18:30 се скоковите со стап за жени :)
 
Типов е побрз од мерачот на време :nesvest:
bolto.jpg
 
Инаку Тајсон Геј постави нов личен и америкнаски рекорд на трката со време од 9.71 шо е стварно многу добар резултат. Да имаш време 9.71 и да си втор.. не се гледа тоа секој ден.
 
Се сложувам со тебе... така и делуваше, како да може да трча уште побрзо, па на Олимпијадата истрча 9.69, а последните 10 метри ги трчаше на некој начин свртен со грб :pos: Стварно е неверојатно, посебно споредено со Македонските атлетичари... тие уште не се ни на половина, а тој ја истрчал трката :pos:
А за Исинбаева, мислам дека има некоја надолна форма, плус беше и повредена, ама сепак ќе атакува на нов рекорд :raz: Ќе видиме утре, мислам дека после 18:30 се скоковите со стап за жени :)


Да да на крајот малку застана ..Стварно незнам зошто..Дефинитивно може да трча и побрзо..
 
Има ли некој податок колку изнесува нашиот рекорд на 100 метри... Најдов некои податоци дека нашиот рекорд датира од 1968 и изнесува 10.6, истиот е изедначен и во 1994, додека во 2000 еден наш атлетичар има постигнато време од 10.79... Доста брзо, но споредбено со светскиот рекорд, смешно :jaj:
 
Баби по автобус трчаат побрзо отколку нашиве атлетичари :)
 
Секоја чест за Болт... браво мајсторе:nesum::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom