Во борба против комарците,бубашвабите и останатите штеточини

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Во летниот период комарците знаат да бидат вистински накази човек неможе да отвори прозор од нив, за бубашвабите да не правам муабет ги има на секој чекор преку целата година.
За комарциве купив раид апаратче со течност (знам дека и аутанот е ефективен) за бубашвабите имаше еден лек само ја заборавив рецептата понекад ги користам и оние коцкиците ама и они не се баш најефективни.
Прашањето е како се справувате со изродиве?
 
Па у соба ми свети една голема лампа, и сите инсекти доаѓаат на светло и маме си ебаваат се пржат таму. А бубашваби кога се доселив тука имаше ама прскаа цел влез и од тогаш нема :pusk:
 
За комарците друже ја прскам пипс е да ти речам ефективен е..А за бубашвабите ствано незнам што да ти препорачам..
 
За бубашвабите во тајван имаат пиштоли на дијаболи модифицирани пошо бубашвабите досгигаат големини на стаорец :).. такда набави си еден таков и прави дупки по паркет :)
 
па за комарци користам пипс и си немам мака
 
Сега нема бубашваби ама кога имаше ги таманев со боракс. Додуша аптекарката ме праша за што ми е-бледо.. :) пошто е јак отров. Е сега не се сеќавам од пред 7-8 години, мислам дека со варен компир ги мешав или така нешто, ама која количина :toe:...
Неколку топчиња ставив кај што сметав дека се гнездат, а околу наоколу собите испрскав Бубакил, наводно не е штетно за луѓе. Кога се прска се ствара многу тенок филм од средството, се засушува и делува доста долго време. Така се справив со бубашвабите. Е сега...знае некоја да дотрча од надвор ама ретко. 2-3 случаи од тогаш наваму.

За комарци на сите врати и прозори кои треба да се стално отворени (значи горе балконите, долу врата и прозор) имам ставено мрежа, а тоа ми е и денски заштита од муви.

За мравки, нео-питроид, доста ефикасно од аспект на дејство и внатре во мравјалникот (со движење мравката прилепува дел од прашокот и го носи во мравјалникот. Дел по дел ...Kill :) ).
Пентагон заштита :vozbud:
 
Никако само комарци сум имал до сеа и нишо ќе ме касне и го чешам до смрт и крај.:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Raid апаратче со "таблетки" .колку толку помага .. бетер се мувиве .. подосаден инсект здравје .. за нив тепалката .. некогаш прскам и со пипс .. генерално да се уништат инсектите .. али кога луфтирам .пак ке се протне нешто
 
па за комарци има рајд електоник за молци има рајд исто а имаше и за бубашваби едно од рајд хахах абе шо сум запнала рајт та рајд како да сум менаџер на рајд :pos2:
 
Комарци ме јадат али не ги бркам. Нема фајде од тоа. Бубашваби бркам со нож најчесто. Ранду прецизност...
 
anti mosquito програмче....сименете го и немајте гајле. Испробано е и делува. Луѓето не можат да го слушнат бидејќи работи на повисока фрекфенција, ама е УБИТАЧНО за комарците и другите разни створења.
 
После толку мавања со влечки по швабите се уморив и сфатив: If you can't beat them, join them.
Шала настрана, прскањето со пипс по подот не помогна нешо посебно, пошо пак си шетаат по шкафчињата. Чаре?
 
Комарец...моето омилено животно :vozbud: не користам јас никакви хемикалии,строго раце,нозе а може и весник ако ми се најде на пат,па така ги правам постери на ѕидот...е сега бубашвабата е едно од најиздржливите животињи,за среќа до 5 ти спрат ретко се качуваат а ако случајно дојдат тогаш употребувам појака папуча,патики или кондура...фрлање строго во шоља да не ми се качи пак :toe:
 
Еве до пред некое време имав проблеми со мравки и бубашваби по дома. :nerv:

Една стапица за мравки од Raid, налик на некоја просторија со полно отвори каде што влегуваат внатре и по излегувањето се полнат со отров доста помогна. После неколку саати од поставувањето покрај стапицата имаше масовно собиралиште на убиени мравки.

И за бубашвабите и за мравките нешто се прскаше, ама бубиве пак ми се појавуваат. :nerv:
Чаре некое?
 
За комарци лек - Raid [јас имам Raid таблетки,моите имаат Raid течност] ги користиме и двете,стварно помага.
За бубашвабите...хммм,не сме имале колку што се сеќавам некој проблем со овие,така да не ни знам што би било корисно за да се употреби против нив.
Инаку,знам дека кај баба ми еден период дома имаше ужасно многу мравки и знам дека купи од аптека едно како сапун беше и имаше на средина како отвор.Во отворот се ставаше нешто како храна,нешто што ќе ги привлече,влегуваат таму и умираат.Незнам точно како се викаше,ако некој го интересира нека праша,ќе пробам да дознаам.:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom