Неверојатни 750.000 евра за бензин за пратениците

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Vaka li se stedi!

Неверојатни 750.000 евра за бензин за пратениците



07.08.2009 18:25

Собранието под итно да ги намали парите кои на пратениците им ги исплаќа за бензин за нивните автомобили, а кои ги користат за службени потреби, ова го сугерира Државниот завод за ревизија.
Забележале дека само лани по овој основ парламентот потрошил неверојатни 750 илјади евра. Според пресметките на ревизорите, бруто износот кој еден пратеник го добива за бензин за својот автомобил, а кој го користел за службено цели на годишно ниво достигнува и до 17.800 евра.
Согласно законот за извршување на буџет на Р.М, надоместок за превоз до и од работното место се исплатува на вработените и избрани и именувани функционери чие место на живеење е оддалечено над 2,5 километри од работното место, но не повеќе од 900 денари месечно.
Парламентарците сега се на годишен одмор. Официјално за ревизорските пресметки немаат коментар. Од собранието тврдат дека законот не е прекршен.
Пратениците сега добиваат 30% од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар. Ревизорите препорачуваат собраниската комисијата за избор и именувања која ја носи одлуката за овој надомест да ја преиспита висината и да ја намали.
Инаку платата на пратениците е нешто над илјада евра - 63.255 денари. Дополнително се зголемува и од дневниците, поради честите патувања во странство. Висината на дневниците се движи од 50 до 116 евра. Зависно од тоа каде се патува.
Токму пратениците заедно со судиите и директорите на Јавните претпријатија се најбројни, што во антикорупциската комисија пријавуваат промена на имотната состојба. На подобро. Некои си купуваат станови, а некои автомобили.


http://www.time.mk/story_c966a6c51e_article_6b351bba5f.html
 
Уште да им купат Dodge Charger-и, барем да се потроши бензинот.
 
Koj zakon ne e prekrsen????
Kolku znam vo Makedonija ne postoi kategrija nadomest za koristenje na sopstveno vozilo vo bilo kakov iznos, a ne pak 30% od cena na gorivo....baska ..koe gorivo?????
Ili toa deka NE POSTOI NADOMEST...e samo za onie koi PRAVAT pari...ne vazi za FEUDALNITE GOSPODARI??? :)
 
За тие пари десет колпортери на весници работат 6 дена во неделата по 10 саати на температура од -20 до +40.
 
Море трошкови се не се заебанција ти од Гевгелија да се забериш...
А замисли типот или типката од Гевгелија, Струга или Берово да си има купено стан во Скопје, и тераат трошкови за пат. Така комшивката моја прави, око и немаме видено последниве два мандати си живее во Скопје :toe:.
 
Ајмоооооооооо телефонски сметки:



spacer.gif
spacer.gif
%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0%20%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0%282%29.jpg
Македонија - 07.08.2009
ЗА ВЕСЕЛОТО "АЛО-АЛО" НА ВЛАДАТА - 10 МИЛИОНИ ЕВРА !

Панта Џамбазоски

Поврзани во круг, со можност за нула денари разговор меѓу себе, но и со таква поволна можност кај еден од мобилните оператори, Владата потрошила шестотини милиони и петсотини триесет и една илјада денари за телефонски разговори, што е близи десет милиони евра. Овластениот ревизор забележува дека значаен дел од трошокот во минатата година е направен за платени сметки во мобилната телефонија, а остатокот е за фиксната, при што не е соопштен соодносот. Но, ревизорот констатира дека во одлуката на Владата не е прецизирано ограничување за користење на службените телефони за владините функционери и дека поради тоа, разни директори на органи на управата, нивни заменици и други службеници се поистоветиле со министрите и со голема комоција комуницирале преку телефон. Во извештајот на Државниот завод за ревизија се предупредува дека користењето на мобилните телефони без лимит може да предизвика зголемување на расходите во буџетот и притоа се прави споредба, помалку пари се потрошени, на пример за извршување на судски решенија врз основа на изгубени судски спорови, односно нешто повеќе од девет милиони евра. Простата математика вели дека секој граѓанин на двомилионска Македонија дал по пет евра од својот џеб за покривање на веселото ало-ало на Владата. Друга математика ќе рече дека со десет милиони евра може да се изградат петстотини социјални станови, или дека со тие пари би можеле годишно да се спасат сто детски животи колку вкупно би чинеле најскапите лекувања во странство на деца за кои преку медиумите се бараат донации од хуманите луѓе.

Ревизорот е загрижен и за односот на Владата кон Собранието, а во смисла на самостојно носење одлуки за право на трошење на други буџетски корисници. На овој начин Владата без одобрение на Собранието одобрила седумстотини деведесет и пет милиони осумстотини и шеесет илјади денари да се префрлат од едно министерство на друго, што според државниот ревизор е споритвно на законот за буџетите. Овој начин на работа на владата не обезбедува транспарентност во трошењето на буџетските средства. Исто така , ревизијата констатира дека од предвидените средства за капитални расходи во 2008 година во износ од над осум милијради денари во период од шест месеци отстапувања има кај 46 буџетски корисници, по што министерот за финансии извршил пренос на над една милијарда денари во разделот функции на државата. Токму заради ова државниот ревизор смета дека ниското учество на капиталните расходи во структурата на буџетот, забавената реализиација и несоодветното менаџирање на парите, како и неуспешпните тендерски процедури, го отежнуваат одржувањето на стабилен национален економски развој, што е основна цел при подготвување и извршувае на секој буџет.


ИЗВОР.
 
Oвие слушнале за ограничување???

Кога им е гага бензин и телефон и службено и приватно си го користат. Многу јасно.
Всушност ние им плаќаме. Ајде да ни ги зголемат давачките, нема смисла немаат пари :vozbud:
 
А зошто да не кога им се може, ние им го дадовме тоа право, кога дозволуваме секои избори да не лажат едните исти луѓе кој ни е крив. :)
Некои ќе трошат астрономски суми за глупости а некои ќе стискаат, и ќе имаат кучешки живот.
 
A уште едно 10.000 евра месечно за мастики? Не сакаме да им мириса здивот лошо, нели? !фејс
 
Во секој “резерват“ забрането е да се вознемируваат “заштитените животни“ како мечките на пример,особено во лето кога собираат храна за да го поминат зимскиот сон.:pos2:
 
А да отвориме ловна сезона на мечки?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom