M
marsovka
Гостин
Иста цена за помала грамажа
За исти пари граѓаните купуваат 50 грама помалку макарони, 100 милилитри помалку вода, пет милиграми помалку кафе и полесна векна пакувана во истата амбалажа
Макарони од 450 грама со цена за половина килограм, чоколади од 80 грама со цени за 100 грама, леб што се продава по векна која секој ден е се' полесна. Ова е новиот тренд на македонските трговци и најновата слика на рафтовите во маркетите. Граѓаните затечени од ваквата ситуација уверени се дека се' уште купуваат по старите цени.
- Сосема случајно барајќи го датумот на производство во очи ми падна дека во иста амбалажа наместо 500 грама има макарони од 450 грама - вели една скопјанка која ја сретнавме во еден од маркетите. Продавачите велат дека тие не се виновни за новата грамажа, но не демантираат дека за тоа не се известени потрошувачите кои на ваков начин се држат во заблуда.
- Освен тестенините што дојдоа во пакување од 450 грама, добивме вода која наместо половина килограм беше спакувана во шише од 330 грама, а цената беше како претходната. Исто така, инстант-кафето дојде со помала грамажа за 10 отсто - велат во еден од маркетите. Во Здружените за трговија при Стопанската комора на Македонија велат дека тие немале вакви сознанија.
- Ако има вакви појави, тогаш тоа е страшно. Ние како здружение ќе се бориме против ваквите измами на граѓаните од страна на производителите и на трговците, бидејќи потрошувачите не смеат да бидат оштетени - вели Соња Тасевска, претседател на Здружението за трговија. Таа вели дека потрошувачите во никој случај не смее да се држат во заблуда, особено не во вакви кризи кога трговијата живее од нив.
- Најитно ќе биде свикана средба на која ќе ги повикаме сите инволвирани и отворено ќе зборуваме на оваа тема. Решение на проблемот мора да се најде, а граѓаните мора да знаат што купуваат и по која цена - додава Тасевска. Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека до пред извесно време имало многу поплаки на оваа тема, но поради летните одмори сега јавувањата биле поретки.
- Најмногу поплаки имаше за чоколадите кога одеднаш за цена од 100 грама потрошувачите купуваа чоколади од 75 грама. Потоа многу се реагираше за т.н. специјални видови леб кои се продаваа по цени за 450 грама, а лебот едвај тежи 200 грама - вели Маријана Лончар, од ОПМ. Оттаму велат дека најнова реакција имале од граѓани за инстант-кафето, кое претходно беше пакувано во амбалажа од 18 грама, а сега во истата амбалажа има 5 грама помалку.
Експертите велат дека ова е класична измама на граѓаните која се повторува обично во услови на криза, кога за да не се зголемат цените поради опаднатата куповна моќ на народот се намалува количината на производот кој се купува.
Во ОПМ велат дека граѓаните мора да се заштитени и дека сите што не работат според законот ќе мора да бидат казнети.
- Организацијата на потрошувачите на Македонија почна со реализирање на проектот: „Следење на цените на основните прехранбени производи“ финансиран од Холандска фондација. Целта на проектот е да се поттикнат потрошувачите да купуваат што поефикасно, имајќи увид врз цените на основните прехранбени производи. Предвидено е проектот да трае до април 2010 година - велат во ОПМ.
Со реализацијата на овој проект тие очекуваат да добијат долгорочно позитивни резултати, односно да се изработи студија за постојната правна регулатива и проблемите во нејзината имплементација. Глобалната замисла на овој проект води кон создавање услови за заштита на граѓаните во улога на приматели на услуги од јавен интерес.
Валентина Ангеловска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C31BC6FB1D944D418D2EB4644E2C53E7
Кој ќе се осмели да ги казни поголемите производители за ова?