Windows Server 2008 (R2)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Оперативни систем за кои вреди да се потрошат неколку реченици.

Најновиот оперативен систем, серверски базиран, R2 излезе на 22 Јули 2009 и официјално ќе се најде на пазарот на 22 Октомври 2009 кога е најавено и излегувањето на Windows 7.
Windows Server 2008 R2 се базира на Windows NT 6.x сосема исто како Windows 7 и Vista.
Самиот оперативен систем е изграден на ист код како Windows Vista односно R2 сличен со Windows 7 и на тој начин има многу сличности во поглед на архитектурата и функционалноста, најмногу во делот на технички, безбедносни и административни делови, со тоа што има некои нови фунцкии како што се BitLocker многу подобрен серверски Windows Firewall како и подобрувања во фајл системите, меморијата и јадрото на кернелот.
Тој всушност е и првиот оперативен систем кој што се продава со новата команда линија PowerShell која што се базира на објектно ориентирано програмирање и верзија 2.0 на Microsoft .Net Framework.
Исто така возможно е овој оперативен систем да се користи како оперативен систем за нормална работа со тоа што со некои мали трикови може да стане Workstation.

Предности на R2, IIS 7.5, поддршка за 256 процесори, како и нови Active Directory опции.
Големи побарувања во однос на користењето на хардверски ресурси за разлика од Windows Vista и 7, пред се поради серверскиот интерфејс без преоптоварување со фунциите од овие оперативни системи.
Може да се забележат многу безбедносни промени и R2 е одличен серверски базиран оперативен систем којшто може да се користи и за домашна употреба.

Windows_Server_2008.png


Windows Server 2008

Windows_Server_2008_R2.jpg


Windows Server 2008 R2
-------
Кои се вашите коментари, забелешки и искуства со овие серверски оперативни системи?
 
Добар ОС. Имам малку искуство со Сервер 2003. Е постабилен од неговиот клиентски пандан, win xp.
Веројатно тоа вреди и за 2008 и 2008 Р2. А програмите работат со иста брзина како на клиентски, па затоа некои велат дека виндоус сервер е добар за работни станици.

Можат дури и игри да се играат со мали трикови (дел од direct x библиотеките фалат па треба да се ископираат од виста и сл.)

А за серверски работи, веб сервер, податочен, итн. е закон. Велат подобар од линукс сервер, (но и далеку поскап од линукс сервер).
 
Hyper-V е одличен, многу побрз од Virtual Server 2005.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom