Германецот Јорго ќе го води дијалогот на ЕУ со Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Македонското инсистирање на чело на Мешовитиот комитет меѓу ЕУ и земјава да не застане Грк поради досегашното искуство со грчките скандали, Европскиот парламент делумно го задоволи: најсериозен кандидат е германскиот европратеник Јорго Цацимаркакис, кој всушност е Грк

jorgo[1].jpg



Грција најде начин да се инфилтрира во делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, и покрај настојувањето раководното место да не му припадне на Грк. Германски европратеник со грчко потекло најверојатно ќе застане на чело на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и Македонија. Најсериозен кандидат за функцијата е Јорго Цацимаркакис, европратеник од редовите на либералите од Германија, кој е Грк по потекло.

На македонското инсистирање на оваа функција да не се постави европратеник од Грција и грчкото лобирање за спротивното, Европскиот парламент понуди избалансирано решение - германски европратеник, кој сепак има грчки корени.

Нашата земја има лошо искуство со испадите на грчките европарламентарци во Мешовитиот парламентарен комитет кои досега неколкупати предизвикаа скандали. Така, пред четири години, тогашниот претседател на Мешовитиот комитет на Македонија и ЕУ, Јоргос Папастамкос, предизвика скандал со грубото инсистирање да не се користи уставното име на државава. Тој се обидел да го спречи нашиот амбасадор да го користи уставното име и повеќепати го прекинувал на груб и речиси безобразен начин, со повишување на тонот. Однесувањето на Папастамкос било опишано како недолично од повеќето европратеници кои реагирале со писма до претседателот на Европскиот парламент. Сличен инцидент направи и Јоргос Караџаферис, кој протестираше за употреба на нашето уставно име на состаноците на Комитетот. Лидерот на националистичката грчка партија ЛАОС, познат по своите тврдокорни ставови кон нашата земја, како потпретседател со Комитетот пред три години обвини дека Македонија „варварски постапува со Вранишковски, кој е фрлен во затвор, одземени му се мантијата и Библијата и забрането му е да комуницира“. Македонските членови на Комитетот реагираа дека изјавата на Караџаферис за „варварството што дивее во оваа земја“ се коси со европските вредности и не придонесува за развојот на добрососедските односи. Караџаферис уште порачуваше дека Македонија е една и се наоѓа во Северна Грција, дека не постои македонски јазик и дека „јазикот што некои националисти го нарекуваат македонски е единствено бугарски“.

По ваквите грчки испади, дел од европарламентарците побараа на раководното место на Комитетот да не се поставува Грк, за да не се блокира работата како резултат на грчката неконструктивност.

- Како резултат на провокациите што се случија во 2005 година, кога грчките европарламентарци ја узурпираа работата на Мешовитиот комитет, се одлучи на чело на Комитетот да се назначува европратеник од редовите на помалите партии, каде нема грчки пратеници - вели Александар Спасеновски, пратеник што е шеф на македонската делегација во Комитетот.

Од наши извори дознаваме дека македонската страна реагирала на кандидатурата на Цацимаркакис, но се смириле откако разбрале дека тој има разумни ставови.

Светскиот совет на грчката заедница неодамна го поздрави реизборот на Цацимаркакис како грчки иселеник, кој беше во битка за европските избори. Грчкиот весник „Катимерини“, во интервју со Чацимаракис објаснува дека иако по неговото презиме може да се вброи меѓу грчките европарламентарци, тој всушност е германски европратеник.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81994505&id=9&setIzdanie=21753
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Овие од Европскиот парламент ко за ИНАТ на македонското барање -да не биде грк, тие пак назначуваат грк- да им се сотре тоа семката гејска
 
Си тераат по старо, меѓутоа и ние не превземајќи ништо.
 
Мислам дека можеме да превземеме многу повеќе, не смее да се оди на “компромис’’ цело време. Нападот сепак е најдобра одбрана.

Најдоброто решение: ако лигавиов циган и малку направи некаков погрешен потег, да се ѕвони на сите ѕвона додека ЕУ не го тргне (под изговор ние веќе направивме компромис со тоа што прифативме Грк, и односот не функционира).

Онаку, ова се перверзии невидени. Се надевам ќе дочекам во животот да ја видам ЕУ распадната.

Туку што правиме до домашниот “брат Љубакис Цацимаракис’’ кој изгледа како да се глупира повеќе и од Бакојани? Имал став за името ама не го кажувал бидејќи штабот на ДПМНЕ и ги пишувал прашањата на Билјана Секуловска?!? Да не знае човек кој е поголема опасност за Македонија, Цацимаракис или Љубе?

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112163
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom