Да почнемо од шампионот. Го загуби Ибра што го загуби, но за нас другиве тоа не е утеха, Интер е посилен од а лани заврши со +10, значи тешко многу тешко и годинава некој да го симне Интер од тронот. Но у секоја идила има по некое но......
Милито според мене ке биде најдоброто засилување на Интер, пошто е више докажан у сериа А, но незнаемо дали Ето ке успее да се прилагоди, ако успее тоа тоа е печат на титулата, ако не успее минимална шанса за конкурентите. Плус Лусио и Мота се исто добри засилувања пред се паметни, и останува до крајот на трансфер прозорецот да си земат една 10-ка и да си го ладат, ако немаат проблеми со повреди ке се прошетаат до титулата.
Јуве- Јуве го направи најдобриот пазар сезонава, со Диего и Мело, за Кана ако го планираат за клупа тоа е добар потег, но ако го планираат за прв тим, скептичен сум по тоа прашање. Сите играчи остаа (освен Недвед), плус Џовинко е една година позрел и поискусен Јуве има тим за шампионска титула дефинитивно. Но.....
Мело е докажан играч у Сериа А, но Диего не е, играч кој несомнено поседува голем фудбалски талент, но сите знаеме каков талент поседува Кварезма, па како беше лани, ако не успее Диего да се приспособи на италијанската игра Јуве тешко дека ке биде конкурен. Како и кај Милан. најголем недостаток на хартија гледано ке биде неискусниот тренер но тоа е школа на Липи па може да биде сосема спротивно од очекувањата, и Ферара да биде Пеп на новата сезона ( да го заборавиме тимот што го имаше Пеп

).
Милан. Сито го отпишувате Милан уште од сега, а незнам зошто, изгледа сите заборавиле дека во Милан играат имиња како Роналдињо, Пирло, Пато, Гатузо, Неста. Можеби се вон форма, и немаа брилијантна сезона, но ваквите играчи можат да блеснат во секој момент, и да победат секого, јас не се оптоварувам многу со овие пријателски и тие не треба и немора да значат ништо. Тренерот е нов исто како и кај Јуве, млад неискусен но добрите познавачи на Калчото знаат дека Берлу донесе еднаш одамна млад неискусен тренер кој се викаше Фабио Капело кого никој не го знаеше и не му веруваше освен раководството на Милан а кој направи генерација на неподлив Милан кој с епромовираше у еден од најдобрите тренери во светот. Плус трансфер периодот не е завршен и има уште време да се засили, со еден шпиц и лев бек милан е веднаш конкурентен, и ако ги одминат повредите ( кои прошлата сезона го убија Милан), тимот може да биде сериозен кандидат за титулата.
И според мене кругот тука се завршува останува борбата за четвртото место каде подеднакво конкурираат Рома, Наполи и Виола. Мој фаворит е Фиорентина