Парите што ќе ги дадеш за хербалајф дај ми ги мене или оди да купиш зеленчук за истите пари.Барем некој од пазарџииве ќе биде посреќен што си земала една брокула или патлиџан.Плус сега е сезона на овошје користи го тоа имаш лубеница,диња,праски.Други храни што би ти препорачал е да земеш битолска урда од зелен пазар 120 ден кг многу слатка кога ќе ја комбинираш со овошје,потоа јајца,мешунки,компир варен и јатки.Но твој е изборот

,една девојка ме сопре за да ми презентира хербалајф и реков дека храната што ја јадеш не може да замени ниеден додаток во храната.Она ме праша дали имам бавча и реков нема врска тоа важно е дека се хранам здраво и знам повеќе од тебе за здрава храна од колку што ти продаваш хербалајф шејк кој е прескап за нашиве простори.Почнавме дебата и реков немам време за хербалајф ме чека другар и ме нервира што се толку религиозни кон шејкот што се запрашав дали го користат како лек за се.Подобар секс=хербалајф,ослабнав заради хербалајф,фатив девојка заради хербалајф,ги оставив цигарите заради хербалајф и сигурно си го закачиле дома постерот и секој ден пред да заспијат и кога ќе станат имаат молитва:Драг хербалајф дај те молам да излажам некој будала денеска за да си имам пари,бидејќи неможам да си најдам една нормална работа,па морам да лажам луѓе наоколу....