Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
И јас се сложувам со тебе 100 процентно! Само што ја имам уште едно мислење да го надополни тоа: дека сите Богови, Божици и митолошки суштества постојат. Но не самостојно, туку се креирани од нас и нашите мисли. Со векови од поклонувања и внимание сме им вдахнале живот. И ние сме креатори.
Во ред е тоа.Но едно нешто не ми е јасно,можеби ќе забегам оф топик.
Анимизмот е првиот систем на верување кај човекот.Човекот верувал во добри и лоши духови.Која е причината за појавата на политеизмот,а потоа и монотеизмот?Што е тоа што го натерало човекот да престане да верува во духови и да почне да верува во антропоморфни богови кои ги претставувал во човечки облик и со човечки особини.Почнал да креира митови за богови и божици кои летале на небески летала,комуницирале со луѓето очи во очи,дури и сексуално општеле со луѓето,раѓале полубогови....?Првиот ваков систем на верување е сумерската митологија која се смета за најстара и Сумер за најстара цивилизација.Што ги натерало нив да пишуваат приказни за некои богови кои се симнале од небото и го научиле човекот да ора,наводнува,одгледува животни итн итн...?Пред тоа немало вакво верување.За човекот секој човек,животно,дрво,тревка имало душа.Хммм...
 
Ancient Astronaut anyone? :smir: Инаку, луѓето уште веруваат во лоши и добри духови, им се поклонуваат на претците и оддаваат почит кон мртвите. Све е можно, можно е да се ванземаљци - а можно е да сме и ние од некоја иднина :toe: Можно е и да се од некој паралелен свет....а може и нешто четврто. Не сум зацементирала одлука, можностите се огромни
 
Јас сум Бог, у најмала рака син на Бог како Исус што е.
Секој е Бог.........холограмска парадигма.
Тоа е се што Е, инаку џабе е Се.

--- надополнето ---

Хахах и Бах е Бог а богами и Дионис
 
Значи и чумата, лепрата, сидата, ракот, големите сипаници, колерата....се за спасение на народот?

Имаш ти на компјутерот оперативен систем. Све е ок служи тера уживаш. Го напаѓа вирус, откажува некоја компонента, кој е крив ?
 
Veruvanjeto vo Bog nema vrska so postoenjeto na bog samo po sebe bidejki kolku veri tolku bogovi, a ako kazete ama eden e bog toa samo lugeto razlicno go pretstavuvaat znaci i ne postoi bog von nivnite veri, oni si go izmislile.
 
Имаш ти на компјутерот оперативен систем. Све е ок служи тера уживаш. Го напаѓа вирус, откажува некоја компонента, кој е крив ?
Тој што го создал вирусот! :toe:
 
Не верувам дека постои.Меѓутоа не постои причина да не ги следам моралните вредности кој што ги има во христијанството.Трите „главни“ религии денес (христијанството,исламот и јудаизмот) во суштина не учат на морал.Меѓутоа религиите го губат својот смисол на почетокот на средниот век.Веќе не служат за да учат на морал и да даваат морални вредности туку за контрола над обичниот народ од страна на богатите.Тие станале средство за перење на мозок,печалење пари и изговор за убиства,измачувања и војни.За среќа денес религиите (барем на западот) немаат големо влијание и луѓето ги користат само за учење на морал.Меѓутоа кај помладите генерации моралот исчезнува и уште на мала возраст се учат на лоши работи.
 
За среќа денес религиите (барем на западот) немаат големо влијание и луѓето ги користат само за учење на морал.Меѓутоа кај помладите генерации моралот исчезнува и уште на мала возраст се учат на лоши работи.
За жал, тоа се помалку е вистина. САД се под сериозна закана од организираната протестантска пропаганда. Повеќе од оловина од населението е убедено дека еволуцијата е превара и дека Земјата е не постара од 8000 години.
Go figure. 21 век. „Најнапредната“ земја во светот.

Види што се случува на блискиот исток или во субсахарна Африка... у ствари у цела Африка...
Језиво.
 
Да заборавив да ги спомнам сектите.Јас овде зборував за христијанството а не за протестантите.Протестаните се занимаваат со пропаганда бидејќи сакаат да печалат пари.А тоа е еден од начините за најбрзо печалење.И не е само САД земја каде што има луѓе кој веруваат еволуцијата е лага и дека сме настанале од Адам и Ева или слично.Секаде има такви,а верувањата им се во зависност од религијата.И во Македонија има луѓе кој не веруваат во еволуцијата.Според мене сето тоа е во ред се додека е лично убедување и не се обидуваш насила да го шириш твоето размислување,да побиваш очигледни факти и аргументи и да лажеш други луѓе.А за блискиот исток и Африка нема што да кажам.Заглавиле во среден век повеќето.
 
ај сега малце поконкретно Он тема ..
има тема за дебата .. оваа и не е баш за којзнае каква дебата ..
Постои Непостои .. што мислите и толку ...
 
ќе сакаш ли да објаснеш поубаво со сакаш да кажеш???????????:toe:

Може сака да каже дека верување во бог или богови не гарантира нивно постоење? :toe:

Да заборавив да ги спомнам сектите.Јас овде зборував за христијанството а не за протестантите.Протестаните се занимаваат со пропаганда бидејќи сакаат да печалат пари.А тоа е еден од начините за најбрзо печалење.И не е само САД земја каде што има луѓе кој веруваат еволуцијата е лага и дека сме настанале од Адам и Ева или слично.Секаде има такви,а верувањата им се во зависност од религијата.И во Македонија има луѓе кој не веруваат во еволуцијата.Според мене сето тоа е во ред се додека е лично убедување и не се обидуваш насила да го шириш твоето размислување,да побиваш очигледни факти и аргументи и да лажеш други луѓе.А за блискиот исток и Африка нема што да кажам.Заглавиле во среден век повеќето.

Е па тоа е проблемот во САД - покушаваат креационизам да го воведат во школите. Таму каде што не припаѓа, а тие се убедени дека децата треба да ја знаат и таа “научна“ вистина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom