Увоз на автомобили?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiko
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој колку отприлика оди царина за Опел Астра Г, 1999-2000 година?
 
Па дали сам бил (на пр.во Германија),како(каде) наоѓа возило,какви се заебанциите со документите за пренос,со какви таблици ја возиш до тука,колку време одзема додека ја регистрираш на свое име,колку дополнително чини и како ти ја ценат колата преку тој документот(на пример ако внесеш обичен 1.9 ТДИ мотор со 110 коња колку би било).
Ги подпреместив мислењата...

Инаку, се е релативно. Германија како држава има куп градови од каде што можи да се купи возило. И немора да е од таму, можиш од Холандија, Белгија, Австрија...

Барањето е или чачкаш на нет, или одиш директно и бараш возило. Ова второто е тешко изводливо, пошто треба барем 4-5 пати да имаш одено за да можиш да го примениш. А тоа првото е лесно, наоѓаш возило (да речиме во Виена), си земаш адреса од продавачот (најчесто гледаат тоа да биде плац, не физичко лице бидејќи можна е измама), од аеродром со такси одиш до плацот и тоа е тоа.

Ако одиш на опцијата возење, треба да ја возиш на ЦРВЕНИ цол табли кои важат 1 месец и се 200 евра. АМА за да ти издадат црвени возилото мора да е регистрирано, што најчесто не е случај кај колите на плац. Затоа ги носат на ЖОЛТИ табли кои важат 7 дена и се 90-140 евра и за кои низ Унгарија и Србија прават проблеми.

Процедурата за увоз е одприлика 1 месец.

Колку ќе те чини зависи од многу фактори: основен е какво возило си зел, од каде си го зел (ако купиш од Холандија, имаш 4000 км до Македонија, од австрија имаш 1800 км, така да не е исто), каков режим на возење имаш (ако стегаш на гаста, можи дупло да ти потроши), како ќе те казнат во Србија/Унгарија... за тука е башка муабет, се зависи од нивото на опременост на возилото и неговата продажна цена на времето (одредена по Швахе лист). Груба проценка можиш да имаш, ама точно само откако ќе дојди. Пример за Аудито а4 шо го донесе братми, првично за увоз рекоа дека ќе биди околу 700 евра, па кога го донесе (опрема бизнис лајн: махагон, клима, бандажи + quattro) излезе дека треба да платам 1600 евра.
 
Грешиш многу. На тој сајт најверојатно е прикажана вредноста на ново возило, инаку со оглед на староста и амортизацијата, тука таа кола би била проценета на околу 6000 евра.

Како бе брат за нови коли, кога убаво си пишува од која до која година. Инаку кај процени баш 6.000 евра?
Ако веќе погодуваш, те молам погоди ми за Q7 (Audi) 2008-ма. Таму цените се некаде околу 20 до 25 иљади.
Колку ќе ми го проценат овде бидејки и повеќе од сигурно е дека нема да ми ја признаат фактурата?
 
Пријателе каде се тоа тоалку пари Q7? Еве идам у недела најверојатно по една 4.2 у Словенија - 41.800ЕУ. За царината ќе ти кажам кога ќе се вратам затоа што се зависи како ќе ја гледаат овде, во смисла опрема и све тоа. Исто така ако немаш ЕУР1 документ рачунај у старт повеќе плаќаш.
 
Еве го бе брат. Инаку брат ми беше пред недела дена во Германија и потврди дека може да се најде и за поевтини пари кога си таму. На модиле.де има и под 20 иљадарки ама и мене нешто не ми се верува во тие цени (инаку не, сите филтри се исфрлени - удирана, за увоз итн.).

И со здравје да си ја возиш ако си ја купуваш за себе. И дај те молам пиши како одел увозот и колку ќе те одрапат. Фала однапред
 
Чекај бе пријателе ова е бензинец!!!! Наздравје трошење. ;)
Инаку не не е за мене Q7цата, ух да беше .... брм брм .... не се враќав дома месец минимум.
 
Како бе брат за нови коли, кога убаво си пишува од која до која година. Инаку кај процени баш 6.000 евра?
Ако веќе погодуваш, те молам погоди ми за Q7 (Audi) 2008-ма. Таму цените се некаде околу 20 до 25 иљади.
Колку ќе ми го проценат овде бидејки и повеќе од сигурно е дека нема да ми ја признаат фактурата?
Другар, тоа од која до која година се однесува на периодот кога тоа возило е произведувано, а ја покажува вредноста кога колата била нова. Тие 6000 евра ги најдов на линкот што ти го дадов http://www.dat.de/fzgwerte/ само пронајди го моделот на кола што те интересира, внеси годиште на производство, изминати километри, и ти дава вредност на возилото. Сигурно не е баш истата цена што тука ќе ти ја проценат, ама отприлика е таа, или барем е многу поблиску од она што ти го даде како вредност, 28000 евра. Инаку еве за пример, јас лани увезов Пежо 306 хди 2.0 99г., на линкот кој ти го посочуваш вредноста на мојата кола е 16 илјади и кусур евра. Епа другар колата тука беше проценета на вредност околу илјада евра, и јас платив вкупно царински давачки околу 400 евра. Ја приметуваш разликата нели.
 
Инаку еве за пример, јас лани увезов Пежо 306 хди 2.0 99г., на линкот кој ти го посочуваш вредноста на мојата кола е 16 илјади и кусур евра. Епа другар колата тука беше проценета на вредност околу илјада евра, и јас платив вкупно царински давачки околу 400 евра. Ја приметуваш разликата нели.

Кузнај шо имаш праено, 16.000 не вредела ко била нова... мене ми дава 700 евра (со 250.000 км). Провери дали точно си внесил се.
 
Кузнај шо имаш праено, 16.000 не вредела ко била нова... мене ми дава 700 евра (со 250.000 км). Провери дали точно си внесил се.
Прочитај шо имам пишано уште еднаш, истово ти што го викаш. Колата ми ја проценија околу илјада евра, лани, и имаше 200000 пројдено, значи скоро исто како на www.dat.de/fzgwerte/.

Типот погоре го посочи сајтов, за да покаже дека за пежо 406 ќе се плати царина на вредност од 28000 евра. Епа на истиот тој сајт мојата кола е со вредност од 16000 евра, па не ми ја вреднуваа толку, нормално. Тоа беше муабетот.
 
A kakva ekaznata ako te fatat deka vozis kola so stranska registracija bez drzavjanstvo ili licna karta?
 
Дали може да се одјават таблици на автомовил од Шведска во Шведска амбасада во Скопје?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom