Тоа е и аргументот во постот. Одамна зборуваме со истите фонеми. Но, ние немаме знаци (букви) во македонската азбука за гласовите кои навистина често ги користиме (/ǝ/,/ŋ/, двете /л/, велешкиот препознатлив /уо/ дифтонг - како „во не одам“ /не уодам/ и сл.)
Од друга страна, воведен е (пред „колку што ни е стара официјалната азбука“) знак за „гласот“ /ј/ кој не е ништо друго, туку варијанта на вокалот /и/ кој постои само во почетна позиција на зборовите.
Хммм... е сега, српскиот јазик е скроз друг муабет - тоа е интонациски тип на јазик и е суштински поинаков од македонскиот во тоа - кај нив има јасно /ј/ - во сите позиции. Кај нас не. Затоа ние знаеме да го изговориме ако треба. Во говорот не го користиме. Послушај се во следниве пар дена и провери.
Уште нешто. Ј не е консонанта, а не е ни вокал - распрашај се. ...а после запрашај се што е тогаш.
Затоа, јас мислам дека знакот „ј“ е несреќно политички воведен заради поголема разлика со бугарскиот. Затоа е исфрлен и знакот за /ǝ/. Штета - најчест ни е.
Ние немаме ни 5 вокали. Оди во студентски и послушај внимателно едно 5-6 минути. Ќе чуеш барем 7-8 различно отворени (а конзистентни) варијанти на /а/, /е/, /и/, (битола vs. скопје vs. кочани, на пример). За ниту една од нив неможеш да се сложиш дека е буквата која ја читаш од хартија. Сите се подведуваат пред вештачки изговорените 5 чисти вокали кои најверојатно и не постојат во говорот. Можеби ќе ги чуеш чисти на телевизија, ако се од класата на првите 3 радио/ТВ спикери.
Тој јазик е вештачки и договорен (што е ок - еднаш мора да се направи тоа), пред толку време (5-60), но е оставен недотеран и недопишан од мрза и негрижа и недостаток на чувство за наследство.