Јазикот на светлината

  • Креатор на темата Креатор на темата makedon^
  • Време на започнување Време на започнување
M

makedon^

Гостин
За да ја отворам оваа тема се инспирирав од случајната анализа која ја направив на неколку збора. Чиниш објаснувањата идеа сами во главава, но не треба да се чудам имајќи на ум дека нашиов јазик е корен на индоевропските јазици, па така многу е полесно да се анализираат потеклата на зборовите. Дојдов до заклучок дека нашите предци го создавале јазикот на толку чудесен начин, на толку поетски начин за да звучи преубаво. За некој да создаде такви нешта треба да биде просветлен. Еве некоја анализа на основни зборови:

Свемир (не се користи во мак. ама е ‘словенски‘)

Све + мир = свемир (космосот се поистоветува со сеопшт мир)
-одовде произлегува светлина
Свет + лина = светлина (светлоста се поистоветува со светот или се и лина одн. линеење што значи зрачење)
-одовде доаѓа свет (светот е светлината, светот е се)

На чешки космос или свемир се вика весмир
Вес + мир (вес, вис, в‘с значи висина, мир си е мир)
одовде се доаѓа до заклучот дека од зборот вес/все се добиваат две други значења (се - свет) и (вис, висина и најверојатно вест)

толкувањето е доста загадочно гледајќи какви зборови се добиваат, висина, светлина, свет, се, мир, вест (навидум толку различни) но се типични зборови кои се користат во сите религии, за да се опише оној свет и таа виша сила наречена Бог а поистоветена со светлината - светот - висината (оттука хинду Богот Вишну - Свевишниот) - вестите и пораките до нас кои таа виша сила ги испраќа...

Все + лена = вселена (все, се и лена, лени, линеење (зрачење на светлината) Вселената се поистоветува со СЕопфатната Божја светлост која што зрачи насекаде

Селена, грчки назив?? Па не баш
Многу очигледно од каде доаѓа овој збор

Се + лена = селена (се, все или (се? како глагол?) + лени, се линее (овој израз претежно се користи да се опишат месечевите зраци, барем до денешно време има останато такво значење)
- Повторно мистерија, да се дешифрира како Се лени или како Се(все, сеопфатно) линеење? Најверојатно и двете варијанти се исправи бидејќи од еден збор се создадени и останатите па можат да се поврзат многу лесно и едноставно.

Значи од све/все добивме дури и помошен глагол се (се мие, се трие), збор со значење се/все (сеопфатно) , светлина, свет, свет (како светец), вест, висина...

Вис + сина = висина (вис, висина и сино) Небото отсекогаш се поистоветувало со височина и високо и нормално небото е сино обично преку ден но преку нок има синкаста нијанса посебно кога Светлината се линее од Селената која е во Вселената во Свемирот каде што владее апсолутен мир и тишина)

Сонце - во стариот јазик сл‘нце/с‘лнце
кованица од 2 збора с + лн (лин?) и најверојатно с е кратка форма од светлина, свет (од кој понатаму се добива зборот висина, сонцето нели е во висините...) и тоа лн или лин иде од линеење (зрачење) на светлината. Значи СОНЦЕ значи зрачење на светлина од висините!

Бонус: Зборуваме за вселена, светлина, мир...
Космос? да не е грчки? не ми се верува...

Кос + мос(т) = космос (млечниот пат кога се гледа т.е космосот наликува на мост кој што е искривен и неправилен)

Понатаму се плашам да продолжам да објаснувам и пронаоѓам нови зборови. Па цел јазик ќе се дешифрира :vozbud::vozbud::vozbud: Навистина нашиов јазик е јазикот на светлината!

За разлика од светлината чие потекло на зборот го пронајдовме името на Врховниот Бог Ѕе е поврзано со друг вид на светлина која не доаѓа од вселената/сонцето туку од Земјата (молњите). За разлика од сончевата светлина која е хармонична и постепено се појачува и намалува како што изгрева и заоѓа сонцето, Ѕевсовата светлина Ѕвецка, произведува страшен за многумина Ѕверски звук и може да ви даде само едно Ѕе на моменти, може да ве уЅвери и исплаши. Иако Ѕвездите се во космосот нивната светлина повеќе наликува на Ѕвецкање бидејќи со самото треперење и боја повеќе наликуваат на молњите кои само на моменти се гледаат (и Ѕвецкаат) и ѕвездите можеме да ги видиме само ноќе, додека Селената ни ја пружа Сончевата светлина и во ноќта, таа Светлост од Висините на Сонцето е секогаш со нас!

Ѕе (Ѕевс) --- Ѕвезда --- Ѕвер (Ѕвер е секое суштество кое што е ненадејно како Ѕвецкањето на Ѕевс и неговите Ѕверски очи ѕвецкаат како Ѕвездите, во нашата култура обично т.н ѕверење/сјаење/светење на очите се поистоветува со бес и лутина) --- Ѕвери --- Ѕвецка (триење, стругање што предизвикува непријатен и ненадеен звук како на молњата) --- Ѕе! (скоро секој од нас кога бил мал си играл криејќи се. Кога ќе те пронајдат, ќе ти речат: Ѕе, те видов?

Ѕе, Богот на молњите и ѕвецкањето од кого не можеш да се скриеш, Бог гледа се, Ѕе!
 
Ова шо си го напишал до некаде е така и има логика , и изгледа прилично си се консултирал со книгите на Ташко Белчев...малку оф топик...факт е дека цела таканаречена старогрчка митологија и личностите во неа всушност не се старогрчки туку старите Грци ја превзеле цела митологија од луѓето кои живееле на овие простори многу пред нив ( дали тоа биле античките Македонци или некои други не е ни важно )
 
Брат не сум се консултирал од никаде, од мене истражував, т.е сами ми идеа идеите (Ак не прочита во воведот шо напишав), само она со Космос го иам негде сретнато, другово за светлината и вселената од мене е се, и порано иам пишано за тоа во кратки црти на други теми

Ај види и кажи дали сум се консултирал со Белчев

ВЕ МОЛАМ темава да биде префрлена на форумот историја, бидејќи само таму може да ја коментираат како што треба :smir:
 
Се ти е убаво и точно. Само мала исправка, нашиот јазик не е корен на индоевропскиот туку обратно порано кога се разделиле индоевропејците се добиле голем број на јазици вклучувајќи го и нашиот.
Имиња со многу убава етимологија Брани+мир=Бранимир, Владее+мир=Владимир итн. многу има.
Иначе ако земете да го споредувате македонскиот со санскрит ќе се изначудите колку се слични. Оригиналното име на санскрит е самшкртам (санскрит е воведено од западњациве) и значи сам пишувам односно сам+шкртам, понатаму името на богот Буда значи разбуден (во смисла дека само бог никогаш не спие), кај нас имаме буди, разБУДен. Името на светите книги во хиндуизмот Веди доаѓа од глаголот -види односно дека секој треба да ги види, да ги прочита. Има уште безброј примери побарајте на интернет ќе видите.
За грцине да не правиме муабет, македонче од 5 години можи да му го дешифрира пола јазик
 
Ќе ве замолам сите заинтересирани Македонци да направите анализа на што повеќе зборови и да постирате на форум. Јас ќе се обидам со уште и ќе постирам. Сакам популацијата да увиде дека не сме од вчера какви што сакат да не направат, туку дека нашиот јазик е основен или да речам еден од основните, како што рече Beowulf, можеби навистина е и најстар индоевропски, па да видиме...
 
Се ти е убаво и точно. Само мала исправка, нашиот јазик не е корен на индоевропскиот туку обратно порано кога се разделиле индоевропејците се добиле голем број на јазици вклучувајќи го и нашиот.
Имиња со многу убава етимологија Брани+мир=Бранимир, Владее+мир=Владимир итн. многу има.
Иначе ако земете да го споредувате македонскиот со санскрит ќе се изначудите колку се слични. Оригиналното име на санскрит е самшкртам (санскрит е воведено од западњациве) и значи сам пишувам односно сам+шкртам, понатаму името на богот Буда значи разбуден (во смисла дека само бог никогаш не спие), кај нас имаме буди, разБУДен. Името на светите книги во хиндуизмот Веди доаѓа од глаголот -види односно дека секој треба да ги види, да ги прочита. Има уште безброј примери побарајте на интернет ќе видите.
За грцине да не правиме муабет, македонче од 5 години можи да му го дешифрира пола јазик

Во право за сличностите во многу зборови во санскритот ( иначе оригинално е с’нс’крт , колку шо знам нема самогласки во тој назив ) , со денешниов македонски јазик...веројатно тоа е така поради тоа шо сме индоевропски народ ( ариевци )
 
Во право за сличностите во многу зборови во санскритот ( иначе оригинално е с’нс’крт , колку шо знам нема самогласки во тој назив ) , со денешниов македонски јазик...веројатно тоа е така поради тоа шо сме индоевропски народ ( ариевци )
Не с’нс’крт туку буквално самшкртам

Sanskrit
संस्कृतम् saṃskṛtam
Pronunciation:[sə̃skɹ̩t̪əm] од википедија
 
Не с’нс’крт туку буквално самшкртам

Sanskrit
संस्कृतम् saṃskṛtam
Pronunciation:[sə̃skɹ̩t̪əm] од википедија

Ок , можи да е така називот ,ама пак ќе речам дека колку шо знам нема самогласки во тој назив ( значи според ова шо го велиш називот ќе биди с’мскрт’м ) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom