Подолг, а неквалитетен или пократок, а квалитетен одмор?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Одите на одмор и нормално имате ограничени парични средства кои можете да ги потрошите.
Дали би избрале со тие пари да поминете 5 дена но да прошетате секаде, сите локалитети, да ги посетите сите журки и настани, да не мислите колку трошите за јадење, такси, бензин и слично, или да одите 10 дена но да се стегате, во смисла да не излегувате секој ден или да излегувате ама да имате осет во трошењето, да не ги посетите сите знаменитости на местото, но сепак имате одмор од 10 дена.

Со други зборови, дали кога ќе заминете на одмор бирате квалитет (пократок, но поквалитетен одмор) или квантитет (подолг одмор, но понеквалитетен во смислата што ја наведов горе)?
 
Не би идел 2-3 години нигде али после тоа ми отишол Шпанија негде натака па макар и на 3-4 дена важно има што да се види:back:
 
Прво, потрошените пари не се репер за квалитет на одморот.

Иначе практикувам “краток и квалитетен’’, аскетењето и шпарањето ми се за останатите двеста девесет и кусур дена дома : ).
Тие денови дур сум на одмор сакам да јадам да пијам ко ајван и да не кратам од ништо.
Кога ќе секнат фодновите рејсот и сиктер дома. Затоа и секогаш плаќам соба за пет дена плус ““ќе видиме’’ а поише од 10 не сум истерал од дете.
 
Прво, потрошените пари не се репер за квалитет на одморот.
Затоа напоменав погоре во која смисла се мисли квалитетен /неквалитетен одмор. Не во смисла убаво да си поминеш или не, туку во смисла да се стискаш за пари, да не одиш насекаде, да штедиш во јадење и слично, по цена да "истепаш" повеќе денови, инаку и со поскромен одмор можеш да си пoминеш убаво, не велам не:smir:
 
Нема абсолутна смисла да се прави компарација на квалитетот со кванитетот.
Јас би квалитет. 3 дена да е одморот, ама да знам оти ќе е квалитетно потрошен.
 
Не сум тип којшто ќе седи во соба ама ќе истера 15 дена одвај и на гевреци :toe: подобро е 5 дена да живеам 24 часа нон стоп се да видам и одлично да си поминам отколку ова другово...всушност јас кога ќе дојдам од одмор се одмарам во буквална смисла од набиениот ритам :vozbud:
 
Варијанта - пократок а поквалитетен одмор.
Пример, одиш на одмор Нови Сад. Поарно ке седам 4 дена и ке потрошам се на Егзит, одколку да седам 10 дена пример и да си поминам обично. :)
п.с. Инспириран сум од егзит. :pos:
 
Нормално дека пократок а поквалитетен,таа варијанта е секогаш подобра за мене.Лично секогаш гледам да отидам на некое место каде што би си поминал подобро и по аристократски,отколку да отидам на некое подобро место а штедам.Оваа година можев да отидам на многу подобри места,ама да си поминам просечно.Јас ќе одам на место каде што ќе правам што сакам:). Здрајве кога би има повеќе пари секако дека би тркнал до Ница:smir:
 
Зависи што сваќате како одмор... пример мене одмор не ми е да скитам до 5 наутро, нити пак да одам 10 дена редовно на журки.

Како и да е, квалитетот е битен, а не квантитетот. 1 ден да одморам, ама да одморам салам, а не 3 дена без раат.
 
Ма ја си идам квалитетно подготвена парите ги трошам на доподготовки и у меѓувреме наоѓам пак.. И секад топ испаѓа и седам ептен долго.
 
каков и да е само одмор нека е.....а или...шознам ај нека е краток ама неверојатен :)
 
Се разбира дека би избрала квалитетен одмор. Кој не би одбрал квалитетен одмор?:toe: Што ако седам 20 дена, а се молам да се вратам, затоа што не можам да уживам како што треба?
 
Краток ама квалитетен..
 
Sakam odlicno,kvalitetno pominati 10 dena:pipi:ne mi treba poveke
 
Што пократно и што поквалитетно така ќе биде изгледа летово- 7 дена во Анталија во Хотел со 5 ѕвезди и ќе бидам позадоволен од кога и да било.

Ветувам дека после одморот ќе имам сила и елан еден куууп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom