Google ќе претстави сопствен оперативен систем!

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој да ми објасни зошто не можам да се логирам на chromium OS?
Ми вика: Network not connected and offline login fail
 
ако треба ќе бидам единствен корисник на windows , ама од него НЕ СИ БЕГАМ !!! :salut:
 
ако треба ќе бидам единствен корисник на windows , ама од него НЕ СИ БЕГАМ !!! :salut:

Друже, ОС ов од Гугл нема да биде ни к од конкуренција на Windows. Не бери гајле.

---------------------------------------------------------

Ја незнам што е работава со Гугл во последно време. Ќе направи нешто и сите на колена паѓаат. А гугл всушност нема досега има само неколку подобри работи направено. Гугл пребарувачот, со кој се и прославија. Друга работа е Gmail. Гмаил е дури и споредна работа. И уште нешто.

Многу работи после ги купија. Google SketchUP не го направи „Чичко Гугл“ туку тие го купија готов и го ребрендираа. Ништо друго.

Youtube не го направија тие, исто го купија.

Слично и со Blogger.com.

И така сега си имаат широка платформа за реклама, за перење мозоци и слично. Гугл Хром пример. Оти толку брзо почнаа да го користат многу корисници. Оти видоа реклама на Youtube цело време кај што ги труја пробајте го Хром, а не оти е подобар од останатите. А пак сега зошто таква реклама? Епа оти преку Хром гугл си збира податоци секој корисник што и каде сурфа. Ете затоа. Хром се однесува како спајвер. А збира информации оти на некој начин полесно ќе земе пари.

И, Хром не е баш од Гугл. Зедоа готов open source веб енџин, WebKit, го нашминкаа тоа Хромот, му го додаоа „шпионот“ и го пуштија. И пуштија реклама. Без реклама Хром досега ќе беше ништо.

Дека не е се од гугл злато доволно е да се спомнат: социјалната мрежа на Гугл, која никој не ја користи, сите се на фејсбук, Гугл Талк - сервис за текстуален разговор, исто никој не го користи, сите се на MSN или останато. Па од Гугл и се осмелија да им конкурираат на Twitter со тоа Buzz. И пак никој не го користи. Гугл дури имаа и видео игра, Lively како конкуренција на Second Life. Пропадна играта.

Јас не предвидувам светла иднина на овај ОС. Ќе ми дадат еден пос*ан ОС со ист таков прелистувач во него и ништо друго и ќе очекуваат да им го користам и уште да ми ги соберат сите лични податоци. Е НЕ.

Како што реков, не паѓајте на колена на сѐ од Гугл. Тие се само една корпорација која како и на останатите главна цел им е да соберат што повеќе пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom