МНогу добар текст поврзан со оваа исите теми и пропаганди од сите страни.
Кој тоа се плаши од наука
Македонската историографија остана заглавена во прашливите канцеларии, без јасна стратегија и без одговор на соседните агресивни псевдоисториски пропаганди, во чија позадина се нивните големодржавни апетити. Таа и ден-денес не дава целосно објаснување за многу битните настани од средниот век, односно како словенските неписмени орди дошле до идеја себе си да се наречат Македонци, ама баш онака како и античкиот освојувач Александар? Зошто е глаголицата заменета со кирилица?
Токму во услови на демократија, и слобода на говорот (кои постојат барем декларативно),
историјата остана единственото упориште за отворање оган врз македонскиот идентитет, врз македонската нација, јазик,црква, култура и се' што не издвојува од другите народи. Па така, денес можеби го нема фашизмот кој на Бугарите им ја поклони Македонија, денес можеби Грците не смеат да вршат геноцид како во доцните 40-ти, но затоа и едните и другите мобилизираат цели чопори „историчари“, чија фактичка професија е исчезнувањето на македонскиот национален идентитет. Таквите професионални лажговци, спин-доктори, блогери и се' побезобразни политиканти, низ селективно презентирање на историските факти, па неретко и со лажење, веќе цели две децении газат и плукаат врз се' што е македонско, неретко претставувајќи го како свое.
Во Македонија се влезени планини од хартија, во вид на пропаганден материјал, со цел менување на свеста и сознанието кај обичниот човек, кој, рака на срце, доживеа големи егзистенцијални трауми во модерната македонска држава.
И одеднаш една група македонски историчари се дрзнува малку подлабоко да ја истражи македонската почва, и проблемот да стане уште поголем, добиваат и материјална поддршка од соодветните државни институции.
Па така, на виделина излегуваат артефакти кои покажуваат орнаментика стара илјадници години, иста или многу слична на нашите денешни народни обележја. Излегуваат артефакти кои покажуваат дека кирилицата не ја измислил Климент Охридски од памет, со цел едноставна супституција на глаголицата, туку дека таквото писмо постои илјадници години претходно, како и тоа дека истото може да се најде на безброј други археолошки наоѓалишта во Македонија и на ниедно друго место. И за цела беља, ваквите факти од ден на ден стануваат се' побројни и се' поубедливи. На тој начин, македонските негатори почнуваат да ја губат и историјата како последното упориште за атак врз нашиот идентитет.
За мене е особено интересна нервозата која настана кај југоносталгичните славофили,
но и кај се' поагресивните бугарофили. Како може Македонците да имаат свој историски континуитет, па и уште самите да го истражуваат..? Се' понервозно се прашуваат непријателите на македонскиот национален идентитет, но и овдешните слабоупатени Македонци, кои целиот свој живот живееле со мислата дека сме племиња дојдени од руските беспаќа. Притоа, најсилните „контрааргументи“, кои доаѓаат од другата страна се дека со ваквите историски истражувања Македонија се оддалечувала од евроатланските интеграции.
Јас сум силно убеден дека македонскиот историски континуитет ќе биде многу брзо прифатен, не само од релевантните научни установи во светски рамки (како што беше случајот со Кокино) туку и од сите добронамерни луѓе, без разлика дали доаѓаат од позиција или од опозиција. Едноставно, секоја наука е подложна на истражувања и на континуирано трагање по вистината. Па така, големите имиња во областа на физиката, математиката или медицината од средниот век, можеби со потсмев би ги примиле сознанијата за релативитетот, идеите за гравитација, акција и реакција, фактот дека вирусите се причинители за заразните заболувања итн. Ваквите сознанија денес станале општоприфатени факти благодарение на континуираните истражувања во сите научни сфери. Тогаш зошто историјата би била имуна на континуирано истражување и проверка на фактите? Мора да постои објективен одговор на ваквото прашање.Многу брзо ќе стане јасно дека противниците на македонскиот историски континуитет или се разочарани југоносталгични славофили, или амбициозни бугарофили, или едноставно се луѓе незаинтересирани за какви било историски факти.
Виктор Трифуновски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13853E279005CF43910BCB9223D095B0